Да чепчиња за деца. Ама малку ти е доцна. Обично ги земаат за секој случај кога се мали бебињата. Кога не знаеш како ке реагира и како ке качува температура. Некоу качуваат 40 за еден час. Додека се освестиш тоа гори. Кај големи не е толку страшно. Твоето е големо и можеш да забележиш кога качува и кога ке се размрсулави.
Ги нема ни во Србија. И не се земаат по потреба. Строго под надзор на лекар и со негово одобрение. Ако се случи фибрилна конфулзија, се врти детето на страна, да не голтне јазик и се чека да мине. После на лекар.
Фала мама. Некако налетав на ова членки шо пишале и искрено ме фати паника. Секако нели е во консултација со педијатар, ама од кде да знаеме кога би се јавиле, има нешто индикации, ризични групи?
Нема. Нагло качување или симнување темп може да ги предизвика. Ако еднаш на детето му се случи, после може педијтар да предложи да се даваат со секој темп.
Ги има во Србија. Од таму ги зедов за син ми. Ако дојде до таква ситуација чепче диазепам нема да наштети. Напротив, ке спречи поголема беља. За совет со лекар се согласувам. Апсолутно за се во врска со дете се прашува.
Луѓе јас пред малку за малку умрев. Значи сим ми 13м, падна онака малку, на коленца, дома, се сопна и падна. Почна да плаче ама онака без глас. Мм го зема во раце и 2 пати му се онесвести. Го освестивме, си поплака и дега е расположен. Сега е добар. Што е ова?
Ако е премногу висока и ако се качи многу брзо. Се дава за да не се јават. Кога ке се јават оставаат во болница да следат состојба. Ама сето ова се прави во совет со лекар.
Му има паднато притисокот и доволно кислород не пошло до мозокот. Или пак можи од замор. Можи и од анемија ова да настани. Да не е многу жешко во собата. Извади го малце на воздух. Па и два пати со ред се случило појдете на доктор. Крвна слика напрајте. Се надевам се ќе биди добро.
Вакво нешто мене до сега не ми се случило со децава. Најдобро разговарај со доктор кажи ја ситуацијата и нека те упатат што треба да се провери во вакви случаеви
Можи да е од замор ова се случува кај деца, дај му млекце нешто да јади ако не е јаден, прошетај го малце надвор и нека спие да се одмори да му се врати енергијата. И секако на лекар кажи му шо се случи.
Се уплашил, од преголем страв и паника се случува да се онесвестат. Истото и кај возрасни се случува, многупати на стол ми се онесвестиле од страв. Не е ништо, ама веројатно помирна ќе си ако го однесеш на лекар.
Не сум проверила тироидна ама на мисла ми е да направам проверка, каде има на приватно знаеш ? или пиши ми лп да не пишувам тука
Да, така испадна. Се штрецнал кога паднал, немал изгледа доволно воздух кога почнал да плаче и де онесвестил. Не било нисто страшно ама изгледаше страшно. Од памет ме извади
Мајки да ве прашам дали им давате на децата уште д3 капки? Моето е точно 2 год и не му давам од можеби мај месец.. и дали е потребно да се даваат некој плус витамини за оваа возраст? И има 2 недели како го одбив од доење и не сака воопшто никакво млеко да пие, инаку и кога доеше то беше само чисто доење без друго млеко, зошто не сакаше, мислев дека после ќе почне ама нема шанси а ниту сака млечни производи и со храната не е нешто подобро па ве молам за совет?
До годината давав редовно д3 сега му давам кога е настинато само плус вит ц. Дефандил му давам овај период оти фати вирус со темп па после коксаки за да се зајача малце. Планирам сега да земам б комплекс сируп оти слобо ми јади.
D3 се дава постојано, само дозата зависи од возраста и од периодот во годината. Дозата ја одредува ортопед. За млеко, не мора млеко да пие, ама пробај јогурт, меко сирење, изварка (урда), лека полека да ги пројаде. Ама генерално и да не ги јаде, не е страшно, и без тоа ќе си порасне.