Што е најпаметно да земам за зимава дебела јакна или скафандер без стапала? Сега е 13 ипол месеци малата.
Скафандер без стапала. По страниве имаш и онакви комплети како за скијање, јакна и панталони со прерамки.
Има јакничка дебела од лани, уште ја собира, зашто нели не сме по дебелеењето . Ме убедивте скафандер ќе земам. Инаку за топлинки пишував пред некое време, не знам дали беше во оваа тема. Си купивме од Сити Мол, од штандот на Ипанема, преубави модели има, многу избор, со рамна влошка и се виткаат. Најмало бројче им е 19ка ама зависи од моделчето, треба да се проба.
@Tea SK ako ne ti e problem da spodelish kolku im se dvizi cenata na detskite toplinki na Ipanema? @brm_brm davaj idea od kade da se snabdime so jaknichka,skafander
Топлинкиве всушност не се на Ипанема, на Де Фонсека се ама се продаваат на штандот на Ипанема. Немало толку мали бројчиња Ипанема ми рекоа. Овие ние што ги земавме се 1200 ама мислам најскапи беа. Од 800 мислам почнуваа цените. На тема скафандер, видов во Тила имаат убави. Некој да сподели дали се добри дебели ако има од кај нив скафандерче.
Јакничката и на нас ни е точна од лани 74ка . Ептен надежно сум ја земала лани. Хахахаха. А скафандер и јас ги гледав во тила. Ќе тркнам деновиве па ќе кажам. Не ми се зема на невидено он лајн. Искрено лани дека не мрдаше цело време во количка и ептен си го изнаносе едно танко скафандерче од ваикики рунтаво како мече, плус вреќата. А дебелото дали 2 пати го облековме. И тоа е 74ка лани пливаше. Гарант и сега ќе и е точно ама нема смисла дека со стапалца е доле . Зимава незнам како ќе биде. Не сака количка а и со одењето уште сме како гумен бомбона. А за на нозете зимава, што? @lia22 се спремате за во градинка?
74ка и нашата е . Јас за на нозе не планирам да земам нешто дур не прооди. Нека тера со патиките, па после ќе му ја мидлам за чизмички.
Има ли посебна тема за анимирање на деца од 12 до 24 месеци, или дискутирате во оваа ? Со што си играат вашите деца најмногу? Што најмногу им го привлекува и задржува вниманието ?
Периодов најмногу се занимава со возење колички по цел стан и "готвење" со играчките што и се вилушка лажица тањири и чашки. 13 ипол месеци е. Од нестандардна анимација, вадење алишта од фиоки и враќање назад.
Ne ke si se chuvame doma nie ovaa zima Ako ne si se snabdila so jaknichka,skafander seushte bev demes vo Tilla mu kupiv na sin mi jaknichka mi rekoa ima 10% popust na novata kolekcija.
Ааа супер со здравје да си ја носи. Јакничката ланска ќе си ја износиме и сега. Сега и е баш таман. А скафандерите убави се?
Fala Da ubavi im se skafanderite,jas se mislam dali i toa da mu zemam,no ke pochekam mozebi okolu nova god.ke ima togash popusti pogolemi.
И моето е 13 мес. Си игра ѕе, коцките јас ги редам тој ги растура, со лажичка буричка во чинивче/тенџерче, бебето го стиска да вика Мама и го шета насекаде, го соблака, ги бара обувките и ми вика "буи", па после ги соблекува, колата туркало ја бутка или се качува на неа да ја "вози", реди и преместува кутивчиња, и најинтересното секако, чисти со џогерот и со метлата.
Се бркаме, тој бега друг го брка. Криенка, тој се крие јас божем го барам. Се качува на спална, скока по кревет. Шутира топка, вози колички, листа сликовници, се игра со рандом предмет кој го тркала и брка по цел стан. Во движење да е битно. 14 м.
И јас сакав да побарам дали има ваква тема. Ќерка ми има 1 година и 7 месеци, сакам да и' воведам некоја нова игра. Најмногу сака да си игра со топчиња, да си подаваме, да ги шутира, фрла. Коцките исто така ги сака, да реди, прередува, ги става една врз друга. Тие две работи никако да и' здосадат. Сега ново и' се оние виљушки, лажички, тенџерчиња. Па нон-стоп не' рани, прави ручек, пиеме чај. Има едно бебе, па го шета во количка, го заспива, го гушка, бацува, му пее нани, нани. Приметувам дека сега почна повеќе да се фокусира кога и' читам. Повеќе се интересира и сака да слуша, бара уште да сум и' читала. Па и таа ако најде било какво ливче со било што напишано, одма по нејзино нешто, демек чита. Сега и' е најново дека ја откри кантата за ѓубре. Па само нешто собира и фрла, па чека браво да и' кажеме. Среќа до сега не фрлила нешто што не треба. Редовно ѕиркам, проверувам. Исто така ја учам навечер играчките пред спиење да ги собереме на едно место. Јас почнувам, ме гледа мене па и она ми се придружува, гледам да и' е како игра. Поголемиот дел од времето е тоа. Само да се што подалеку од телефони.
Оваа за активности 12-18 месеци, ама може да се направи нова за поголеми дечиња. Сега ќе прикачам некоја слика со што си играме деновиве.
Ние имаме сега друг проблем, почна ништо да не слуша и да прави се обратно од тоа што и' кажуваме. Јас сум поголемиот дел од денот со неа, воопшто не и' попуштам, ја учам на здрави навики и се трудам да има ред во текот на денот. Ако кажам за нешто 'не' се држам до тоа, не сум воопшто попустлива. Додека со татко и' е целосна спротивност. Претпоставувате што се прават, да не објаснувам. Можеби и зашто помалку ја гледа во текот на денот, не знам, ма да мм и по природа си е таков, помек, добар, пожалостлив. Како и да е, малово ми ги тестира границите последниве две недели. На моменти не знам веќе како да постапувам. Се инати, не смееш 'не' да и' кажеш. Ако не е по нејзино тоа е хорор филм, вришти, се треска од земја, не можеш да ја смириш, не смееш ни да ја пипнеш. На моменти ми се плаче дури, ставрно ме доведува до лудило, а не сакам да и' викам, сакам со убаво да се разбереме. Утешете ме дека е период кој сите деца на таа возраст го имаат. Ќерка ми е година и 7 месеци.