Ние сме две години и два месеци, на секој ден е полош и полош.На година и пол барем моето не беше не, сега ако не биди како шо сака има плачки насекое, 6,7 пати во ден ќе се расплачи за се и сешто, кога му се спие а не сака си плачи, ако нема цртани си плачи, кога треба да јади а не јади плачки, ако не го оставаш да прави шо ќе му текни плачи, станува од спиење со плачење, по утрото денот се познава и така постојано, нема крај плачко ќе си биди и тоа е, такво е детето. Си се тешам мало е не разбира ќе видиме како ќе биди за некоја година.
Исецкај го на ситно и остави и го на хранилка сама да го јаде. Или ќофтиња направи, меки се за јадење.
Ушињата ги дупнавме пред 2 месеци. Пред една недела едното се зацрвени и имаше како гнојче. Ја извадив обетката ја дезинфицирав исто и увцето и пак ја вратив. Сега за една недела повторно се вцрвени. Тоа не ме загрижува толку. Туку на другото увце од позади и се направи како топка т.е. како внатрешен оток ( мислиш тврдо топче има внатре, задебелена кожа) Ја извадивме и таа. Сега како модро сиво и е топчето, бааги големко е. А не ја боли кога ќе ја допрам.. Имате искуство?
Od koga gi nosite decava po igroteki? Ne na rodenden nego onaka da se poigraat? Do sea si vikav mala e ama pa i ne e tolku 1.5god e. I preporaka za igroteki? Ide zima mora negde da se istrca detevo koa ke e dozd nadvor ko denes na primer
Уште од година дена лазеше по игротеката, играше во делот што е за 1-4 години, имаше доста интересни работи за мали деца Со топките, големи меки коцки, скали за искачување и слично.
На вториот спрат што е убавата игротека е за деца поголеми од 3 години, не сме биле таму. На првиот спрат делот кај што има песок е океј и нема многу гужва. Е сега нема многу играчки, кофички лопатки, грибла, камиони, багери, отворена куќарка, мини лизгалка и мини клацкалки. Баш за мали деца е. За поголеми деца мене многу ми е убава Мојот свет во аеродром. Таму има многу реквизити за игри со улоги, голема лизгалка, дел со песок, девојчиња што ги цртаат дечињата. https://m.facebook.com/mojotsvetigroteka Ама син ми па овде од сѐ можно, само во делот со песок игра, лизгалката и по некоја топка.
Тоа мало е неразбира и такво е детето исфрли од глава. Се разбираат и знаат и тестираат до кај ти е границата. За сите такви тантруми сум ја оставала да се исплаче и на игноре. Ќе и речам кога ќе завршиш со плачење кажи. Ќе плаче ќе види нема ефект и ќе престане. На таа возраст знаеше да легне на патос и да лупа со нозете и да вришти. Сме ја прескочувале и комлетно на игноре. Да видиш како по 5 мин менуваат тактика. Немој да мислиш дека ќе порасне и поарно ќе биде ако не научи дека со урлање ништо нема да постигне. Што поголеми тоа полошо ќе биде. Додека е вака учи го дека нема фајде од вриштење.
На втор спрат, кај шо има фитнес центар има игротека за поголеми. А кафетерија со заграден дел со песок за мали деца има точно пред пренатал и крш.
Син ми има 15м. Имаше некоја вироза пред едно 2 недели, ама не прекинува да кашла. Педијатарот ми вика ок е, само инхалации. Не му помина, го однесов пак, ми вика пак ништо не е. Ми вика навикни се, градинката си го прави своето. Не му тече носе, само кашла. Мислам ок, знам јас во градинка се болни ама како кашлањево ништо не е? Се нервирам кога го слушам.
Здраво мајки не сум одамна активна на форумов. Ама сега веќе ќе скренам па сакам совет. Ќерка ми има 16 месеци и одеднаш неќе да и давам да јади. Значи буквално и да го сака јадењето ако и давам јас се нервира неќе ни од рака ни од лајца. Сака се сама . Дури сама и да земе. Вака неможе да се најади доволно, јаде како врапче. Дали е ова фаза некоја или така ќе си тера ? Со син ми немав ваков проблем