Не знам дали прашањето ми е во соодветна тема, ама не знам каде да го поставам, па ќе си прашам тука Кажете ми каде во Скопје, освен во мали ѕвездички потстрижуваат мали дечиња? На два пати одиме таму, првиот пат и така и така, ама вториот пат воопшто не бевме задоволни и сакаме да го носиме на друго место.
Од нетешки само овие ги знам, https://www.sport-m.com.mk/ProductC...=05&Grupa=01&PodGrupa=599&MarketingStatus=005
Od george gumirani naracav....ne gi soblaka, a vnatre so krznence se. A timberland imaat rozevi preubavi se i tie i gi zemav ne se teski super si tera so niv
Син ми неколку вечери по ред се буди и вришти, ни треба време да го смириме и да презаспие. И сака само до нас да спие, дури не стега за да се осигура дека сме тука, и отвара очи да не проверува. Прво мислев дека поткашлуваше ама сега не кашла и пак е исто. Инаку му искачаат горни 3ки па не знам дали има некаква поврзаност тоа? 15 м има
https://instagram.com/georgekids.mk2?igshid=YmMyMTA2M2Y= Samo prati da ne ti gi snema od feeds. Jas naracav u meguvreme im go bloknale profilot pa dur se svestiv da gi najdam pak....ok si bese narackata samo sto jas podocna ja dobiv. Valjda sea naucile u tefterce da si gi pisat
@Tea SK Не мора да ги листаш постовите кај нив или да гледаш во story. Можеш да разгледаш на официјалните страници на George и Next и само да им кажеш што сакаш да ти порачаат.
Мајки кога се разболувате вие како ги заштитувате децата? Јас бев настината, и сега моето фати од мене Се доиме сеуште, немав опција како да се тргнам од него..
Можно е од тројките,и моиве вриштеа кога сред ноќ кога вадеа тројки и четворки,иста ситуација само со нас во кревет се смируваа.
Мајки, си имам мака со моено па да ве консултирам. Од прв ден кога го донесовме дома, плаче на пресоблекување. Имаше еден период кога престана. Сега веќе е 17 месеци и последниве 2-3 мислам дека се полошо станува. Почнува хистерично да плаче уште пред да го ставам во пресоблекувална, а кога ќе го легнам почнува и да се треска. Исто вакво однесување има и кога треба да му дадам витамини и сирупи, а тоа е секој ден. Кога ќе ги види, почнува да плаче, а кога ќе се доближам до него почнува хистерично да плаче и да се треска. Не знам дали е нормално ова, до која граница е нормално и што да направам за да се сменат реакцииве.
Ништо.. сите плачат на соблекување кај мене повеќе седи на подлогата него на кревет,тоа шо можам да облечам легнат ако не седнат, му давам играчиња и така е помирен и се соблекуваме набрзина вез многу маткање.
Исто бевме, за утеха сега на 21месец сама легнува да и сменам пелена, период е мајка сите сме поминале низ тоа, тешко е но мора се да издржиме.
Здраво, Денес е 7ми ден од МРП вакцина и вчера приметив мал осип под левата и десната града. Матичната ми рече да очекувам на 7ми или 8ми ден реакција која може да е осип или темп. И сега од градинка ми се јавија дека се чешал...вчера не се чешаше ниту сабајле. Матичната ми е попладне, па ако знаете како и дали се третира тоа? Јас вчера со судокрем го намачкав. Година и 2 месеца е скоро бебе.
Колку што знам, не чеша осипот што се јавува како реакција од вакцина. И син ми имаше осип по торзото една недела после мрп, траеше неколку часа, се изгуби само од себе. Ништо не мачкав.