Кисело млеко измешано со палента или гриз? За пелената, ни се случува и нас ако е полна во тек на вечер и кога ќе се сврти на страна сабајле при презаспивање, нема каде да оди и утоп се прави.
Пак јас со истово прашање од пред 2 месеци. Вчера ми се врати од градинка со сокче тетрапак и Барни тортица, некое детенце имало роденден. Има 15 месеци, никогаш нема пробано благо и сок, освен јас палачинки што и правам ама без ништо ги јаде. Давате на таа возраст купечки благи работи? Јас некако си мислам дур не разбира да бара, да не и нудам...
Моето правило е следно: До годинка беше забрането благо и грицки без исклучоци. До кај година ипол дозволував само ако е некој роденден, прослава, значи ептен ретко. Сега на полни 20 месеци, не забранувам ништо, ако сме некаде и нели види и посака, слободно и' давам ако побара да проба или да јаде колку сака. Но, дома се што е од благо, смоки, чипсови, и било каква нездрава храна, на ќерка ми не и' нудиме никогаш и тоа така мислам засекогаш ќе остане. Жалосно е дома наместо овошје да и' понудам благо. Сега за сега не бара таков вид храна, нит па нешто се тепа за смоки или благо кога ќе види. Така што, според мене не е страшно на 15 месеци што му дале во градинка се додека дома јаде и му нудите тоа што треба. А и дали воопшто ќе го изеде тоа зашто претпоставувам тоа им е ужинката после спиење.
Jas i davam ako vidi i pobara. Pred nekoj den bevme na rodenden mi se pocidea deka i dadov od slatkata masa da si zeme nesto. Rodenden detski bese i torts jadese. Doma sekako ne se na vidno pole cokoladi gricki i slicno poso se saka da.proba. cips mi ima pobarano pa sum i dala nekoe trkalce ama doma go jadam koa spie. Letoto dosta pazevme so sladoledot a te vidi ke se potepa da i dades. Mislam deka se sto e umereno i povremeno ne e strasno. Mene mi e pa cudno na deca na 2 god ne im davaat da.probaat torta i toa na svoj ridenden ni da.lizne
Тоа да забрануваш на 2 год торта, да плаче дете, ми е претеризам. Секако нема да бранам кога ќе почне да разбира ама па вака да и нудам не ми иде.
Јас не и давам благо такви работи. Пошто секако и солено не јаде како шо треба. Во количка имам смоки на лино без сол и бисквити. За кога шетаме бар 5 минути да седи во количка. Инаку еднаш јадев ресана и се испотепа дете се тегне да земе. И дадов гриЗ и толку беше. Плачеше 10минути. Исто стоби флипс едни пријатели и дадоа уше на годинка. И толку беше. Многу ми се заразни мене а не па на бебе/дете. Сокови не сака. А мед сака се тепа така да и за чоколадото ќе е исто. Ама не давам. Ќе и дадам 2 урми и исто и е. П.с. детево да ми јаде се и да има килажа би и дала повремено чоколатце.
Мајки моето е 15 месеци, кога е сам со моите, тета,тетин,братучедка итн мн е мирен , си јаде и си игра најнормално а јас кога се појавам се лигави ептен, плаче,се нервира и се почесто кај мене сака да седи.. Има ли некоја вакво искуство, до детето ли е?
Поголемиот дел деца се вакви. Нормално е, дури и позитивно имаше нешто зашто е тоа така. Ако најдам ќе ставам линк.
Мислам дека сите деца се такви. И моето исто, додека не сме присутни со татко и' е мирна, штом се појавиме е друго дете. Истото го имам забележано и со други деца. Не знам зошто е така. Изгледа се осеќаат заштитено или привлекуваат внимание. Баш ме интересира @TeddyGrey
Мама абе си и дала лепче да проба? Мојава не е репер ама вака што зборам со пријатели на сите децава збеснати им се по леб. Ние знаеш се лапаме ама за лепче, рипа од радост по дневна.
Ќе си го негирам претходниов пост за недавање нездрава храна ама седевме со другарка пица јадевме, се џапаше по пицава, импресии, во несвест паѓање мојава. Па муабетот ми е, ако не сте пробале, напрај некоја бебе пица поздрава, твое тесто, домашен кечап, печурки, босилок, ваљда пица ќе сака, нема некој што нејќе пица
Сок не му давам. Му имаат нудено кога не сум била присутна, одбивал. Фала богу. Благо исто така не му давам, освен чоколадните витамини, оние во форма на мече. Ама затоа вчера додека чистев си нашол чинивче чоколадни бонбони на маса, си отворил две и си ги лапнал. Обично не ми стои благо по дома, и јас избегнувам да го јадам, ама беше пренесено од претходниот ден за пред гости. А гледам дека си бара во последно време (во продавница обавезно се влече по рафтовите за благо) и се трудам место благо да му нудам повеќе овошје (урми, суво грозје, банана, друго почна да одбива). Се надевам дека е некој период.
Ќе ја ставиш цевката во чашката и ќе ја затвориш од едната страна со прст. Исто како на сликата за да остане течност во цевката. Ќе и ја доближиш до уста да и истече течноста за да укапира дека внатре има течност. Ќе повториш неколку пати и ќе и дадеш да проба да пие со неа. Овој метод веднаш даде резултат кај моите. Друг начин е со некоја мека чашка/шише што можеш да ја/го стиснеш така што со притисок на чашката/шишето ќе се искачи течност низ цевката и ќе сфати дека има течност и ќе повлече. Не сум добра во објаснување, се надевам ме разбра.
Zemi i pij i ti zvucno...ja taka ja nauciv i pokazav skonta. Isto i za supa bese lom se praese dur ne i pokazsv zvucno da srka od lazicata sea j e mn jako samo supa bara
Pa doma obicno koa praam pilesko vo vodata sto se vari posle turam kesicka petle ili stogod i ima eden smrznat miks brokula karfiol morkov i od toa malce. Mada nekogas i samo kesicka e. I ona ke smukne vodickata i posle lapa toa zelencuk fide sto ke ostane. Ali na pocetokot so lazicata samo se polevase sea koa srka bar jade nesto.