Мајки ај ве молам за помош како да постапам во таков случај , вчера внука ми од сестра што го зима секој ден од градинка и го обожава значи .. Вчера нешто му рекла НЕ и моето се налути ептен и ја трескаше главата наназад и ја гризна ептен на рамото , значи ја болеше премногу и се расплака .. Како да го научам да не го прави тоа веќе при нервоза ?? Имаше случаеви кога се лути ја треска главата наназад или гриза или вришти ... Непријатно ми станува веќе зашто е таков 15 и пол месеци е ни за облекување ни за пиење ни за ништо не соработува , све со плачки мора
Период е мама . Моево скоро еден месец имаше таков период кога ке се на лутеше и со глава во зид се маваше, му викам ако не те боли мавај се . Нервозни се и од заби што му никнуваат еве гледам моево назат има катник
Скоро сите се такви нема што да ти е непријатно. Ист случај моево на 15ипол месеци да го гушнам да не се удри со главата и ме гризна најгоре на раката до срце ме здобиле, а еднаш седнати и да го фатам да не се удри наназад на салото од стомакот ме гризна, јас не можам да се воздржам и пискам дека ненадејно ме гризнал и бетер го плашам и расплакувам. Само трпение да помине периодот и спремни да сте дека може да се мавне некаде или да гризне некој. И најважно од се е цело време да останете смирени. На 15 и пол месеци не знаат да ги искажат емоциите, и на моево сега 16ипол има, само што ќе му речам не плаче и се треска. Гледам што помеко да го кажам тоа не ама џабе. Мене до сега на 2 годишна возраст тој период ми е најстрашек со првото дете па со 15ипол месеци назад ни е зимата, на 2 години појаки се тантрумите. Колкава е внукати? Разговорај и со неа, кажи и дека сите бебиња ги имаат истите периоди и тоа е поради тоа што не можат со зборови да си искажат емоциите, а ние мора да останеме трпеливи.
Ние сме 2 год и 3 месеци уште прај вака, мислев период е ќе помини ете таквор детето, гриза многу, вчера толку силно ме гризна на лице шо одвај додржав да не го удрам, на секое велење не тој со забите се сили да гризни.
Два дена гризаше (и толку), трескањето ни е сведено на минимално...само од игнорирање и скренување....брзо брзо дојди (буквално го зимам во раце) и покажувам било што дали цвеќињата на прозор или нешто преку прозор (не спомнувам никако не гризај,не се трускај) -се надевам ќе ви е од помош
Давав до 6 месеци и мислев доволно е, баш и јас прашував на форумов до кога да давам, после и со матичната се консултирав, ми рече до 3 години да давам, дека е добро за развој на мозочето. Не дека немало денови да прескокнам, ама го давам заедно со витамин Д и се трудам да е најредовно што можам.
Пробиотик, д3 и омега давам од старт. Знам да скокнам некој ден кога нема како да и дадам т.е го ставам во лажичка ама уста не отвара. Ама не е страшно ако се скокне некој ден де.
Мајки дајте идеи за играчки за една и пол година дете, со што се заигруваат вашите Се што купуваме трае 3 дена и толку, или досадно му е или завршува скршено Едукативни повеќето дрвени ги редиме поигруваме малце и толку, а на ладново ко што веќе не се испаѓа толку
Mojata e tuka negde redi prereduva se...isturi kutija redi vnatre. Kocki na primer ne gi redi edna vrz druga isturi kutija vrati nazad. Ima edna kutija so nakit moja i neseser so nekoi kremi turi preturi prai. Onie ko caski saka da gi redi edna vo druga. Corapi redi toa i e mn zabavno....i davam kupce.i ona gi sparuva ziva radosna koa ke najde par. Onie so zivotnite igracki gi imitira zvucite i toa otprilika....pesni koa i pustam generalno se bounce.patrol.pa igrame ko niv i taka
Мајки ние сме 1 година и 7 месеци. Од 15 септември носето и се затна и никако да пушти. А до тогаш си дишеше на нос. И испитав после месец ипол брис од нос и има мораксела бактерија. Пиеше 10 дена амоксиклав и чистиме носе со физиолошки и аспираторче. Утре треба да птовериме повторно брис дали е повлечдна бактеријата. Носот е скроз затнат значи во синусите е секретот. Нема никакво подобрување. Ве молам за совет
Мојата имаше мораксела во нос, едно 4-5 месеци глава не дигнавме од затнат нос и температура после секој испиен амоксиклав, кога ни сменија антибиотик мислам Трицеф беше од тогаш нема се повторено, барај да сменат терапија очигледно амоксиклав не помага за таа бактерија.Заборавив да напоменам и оперил прскавме три дена тогаш кога примаше антибиотик.
Сите се такви. Јас и ги менувам играчките. И давам по неколку. Ќе и здосадат па тие ги кревам , и ги давам старите неа и изгледаат како нови. Гледам сликовници најмногу сака па тие купуваме почесто, еднаш месечно. Други играчки ретко е да купам. Водени фломастери и држат повеќе внимание прво шкрта со нив , после вади стави во кутија, со вадење ставање 15 мин може да игра. На крај ќе и дадам водено марамче да избрише секаде кај што ишкртала, надвор од тетратката. Има и едни боенки кои се бојат со вода, па сега за сега тие и се забавни. Има и еден камион за ѓубре па кине салфетки го полни и го истура во канта. Најзабавно и е да брише. Истура вода на маса и брише со салфетки. Ама без разлика на играчките и колку е ладно секој ден излегуваме надвор. Нема замена за надвор.