И ние сме исти. Станува од спиење и вика њам њам. Каснува нешто ситно дур стигне доручек, па си мезнува после доручек пак нешто. Прави друштво на секој што ќе седне на маса. Со сите оброци сме + ужинки измеѓу и пак си се мести на маса, башка што и уште цица преку ноќ(не знам како ќе се одучиме). Не одиме во градинка. И мене ме мислеше дека е ту мач ама па кога ќе размислам мирен е само кога спие (некогаш и тоа не се случува ). Плус еден период од 8 ипол месеци до скоро годинка имавме стагнација во килажа. Сега е ок мислам. На 16 месеци сме 10 ипол кг. Растат, трошат и надокнадуваат.
Ни се појави себореа, од млеко ни рекоа дека се појавува кај Коста ја носев се мачкаме од се препорачано ама не поминува, дајте некој совет
Женски, мали е скоро 13месеци, уште не прооден. (Пушта дома неколку чекорчиња ама не го сметам тоа за прооден ) Надвор има периоди кога се влечка надвор буквално од количка и некогаш го оставам да застане доле или да пушти некој чекор... и сето тоа во топлинки. На долго и широко пишано, прашањето ми е, какви кондурчиња да му земам? Кај Антоние идевме, знам проодувалки не препорачува, а па мм вика рано е патики да му купиме дека демек не оди стабилно.... Ептен сум на мисла, помош
Taka koga pravese po nekoj cekor zedov od Nike prelesni I lesno se vitkaja so niv i proode , vtorite bea skecers tie bea malce poteski za razlika od prvite.
За проодени деца најк стар ранер 2, танјун, револушн 5. За овие гарантирам. И дауншифтер изгледаат лесни, ептен сличен модел. Адидас имаат ваков модел ама име не им знам. Слични се сите модели. Е сега како се збеснати со цени, а јас а син ми му купував на 3 месеци откако почна да оди, не би ти препорачала да земеш додека не прооди. Плус и зима, може ке требаат некои што не пропуштаат дожд, па и овие платнени за студ не се ок, по мене знам, ногата мраз.
Препорака е да се внесуваат 100 мл течност на килограм тежина, ама овде влегува и вода и чај и млеко, значи се' од течност што пие детето.
Додека не прооди бос беше цело време, и доста време му требаќе да свикне во обувки да оди, ама па лето беше кога прооди моето. Јас би ти рекла чизмички да му земеш. Патика нема да му држи топло сега.
По препорака од форумов му купивме Најк ранер како @MilaSs12 што ти ги пиша и презадоволна сум. Лесни на нога и од старт ги прифати, а инаку не трпи ништо на нога. За зимава и јас сум во дилема какви чизми ама дур снег не видам не се секирам. За овие неминусни температури со подебели чорапи нема гајле. И онака не сме по цел ден надвор. Не му била ладна ногата до сега. Чим пушта чекори ќе се опушти за некоја недела.
Ќерка ми денес прави 15 месеци, уште не е проодена. Оди околу маса држејќи се и патка со едно раче фатено. Ама сама не сака да направи чекор. Кога ја довикува некој да му дојде, она заржува и се врти позади, се втурнува со лице во нозете на тој што ја придржува. Зошто и' е толку страв, не знам.
И кај мене покасно прооде, али за тоа наплаќа со зборување, 15 ипол месеци е, скоро се кажува и знае, на 14,5 се пушти скрос, а пред да се пушти сама да оди на пр. Некаде во собата/нешто да си земе, месец ипол идеше на пр. од масата до кај мене/татко и Откако прооде по недела дена научи и сама да станува без да се фати за ништо.Не се секирајте кога ќе биде сигурна наеднаш ќе се пушти, поздрав
Не. Чудно се чувствувам во прв момент, онака не знам како да изреагирам, ама кога ќе се сетам колку им е чиста и невина љубовта, убаво ми доаѓа, топличко на душата. Ист беше син ми и на крај од нигде никаде прооди и не застана.
Ќерка ми не ни зборува, само "мама", "баба" и "тата". Ама сè разбира. Може игра улога тоа што дома седи, не иде во градинка, не се дружи со други деца.
Индивидуално си е секое дете, ќе прооди кога ќе е сигурна во себе. И моето уште не оди во градинка и отприлика истиот фонд на зборови го има. А разбира се кога му зборуваме. Без грижи ќе си дојде се на свое место. Голем скок им е проодувањето на тоа се фокусира, паралелно најверојатно им е потешко и говорот да го усовршуваат.
Ne ama mojata e taa obicno sto guska...vo park na ulica ke vidi dete pomalo pogolemo odi i gi guska i ja ne znam bas kako da.izreagiram ama sto da i kazam ne guskaj
Исто е и моето скроз , 16 месеци сме веќе.. Си патка по дома фатено на една рака нестабилно сеуште , си оди по мебел итн. Незнам како да препознаам дали станува сам од седечка положба, незнам ни дали да го однесам сега на ортопед или да почекам до 18 месеци како што се договоривме.. Ваљда ќе не изненадат П.С. Како да го научам надвор да го паткаме? само дома може да го паткаме било каде ама надвор никако, само во раце .. Го спуштам и не сака буквално ..