Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Заиграј го некако кога ќе побара рака за да оди, така само фазите на проодување ќе ги прескокне, после нема да знае да падне, да седне, да не зборам дека може одот да го искриви. Надвор ќе оди кога ќе прооди, нема да можеш да седнеш после.
     
    На eli25 и sani99 им се допаѓа ова.
  2. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Мајки од кога може да седи дете на столче и масиче пример да си бои или така нешто?
    Моево е прцле ситно и мислам ако ја ставам на столче одма ќе падне оти е како гума, гимнастичарка права.
    Мала масичка со столче каде има, идеи?
     
    На ivani30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    16.725
    Пол:
    Женски
    Мајки вашите ви дозволуваат да ги држете за раце а со тоа и да ги водите?
    Мојата не дава раче за жива глава 16 месеци е.
    И кога сме веќе кај зборување и разбирање и мојата не кажува нешто особено:мама, тата, баба, деде, дада, ајде, опа, мају, не, дете, тете. Овие зборчиња со значење ги користи и многу ретко знае да спои две зборчиња како мама папа( да оди со мама папа) ај па (ајде пак)разбира многу работи кога ќе и кажам ама сепак не се,кога ќе и кажам не како напротив намерно да прави и се смее.
    Во врска со проодувањето мојата на 12 ипол месеци се пушти предходно месец- два сигурно само бараше да биде паткана, Седнавме јас и маж ми на метар оддалеченост и ја храбревме да оди од еден кон друг,така се охрабри и пушти.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Кај нас почна раче да ни дава од 19,20 месеци пред тоа не сакаше, сам сакаше да оди.
    Ние ќе полниме сега 2 години и уште не збори. Само мама,тата вика и да и не. И јас сум веќе загрижена и планирам чисто онака на логопед да го носам..
    Прооде на 10ипол месеци .
    Имаме па едни пријатели нивното синче па почнало на 2 ипол години да збори...
    Како што гледам па и повеќето деца што ги знам сите после 2 години почнале..
     
    На Dancewere му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    15.329
    Пол:
    Женски
    И ние не кажуваме многу мама, тата, баба, брм,њам, каке(капаче) маман(Дамјан брат му). 16 месеци сме а прооде на 13. А разбира буквално се што ќе му кажеш или побараш да направи. Некаде прочитав деца што порано проодуваат покасно прозборуваат и обратно. Бидејќи тоа е еден голем напредок на кој се фокусирани и говорот останува во втор план,ако добро се изразив. Постариот син на пример на две, две ипол години зборуваше се дури и марките на автомобилите ги кажуваше по паркинзи а прооде некаде после 16,17 месеци. Исто е работено и со двајцата(игри, интеракција, зборување..) ама ете различно е кај двајцата.
     
    На sani99, Dancewere и doll.a им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.588
    Пол:
    Женски
    Раче дава само за слегување по скали и при преминување на уличка (ако е голема или прометна улица в раце го земаме) инаку нема шанси да пушти раче.
    За зборување, зборува сѐ, врзува и реченици, ама е поголем од Софи 3 месеци.
    Само зборувајте ѝ мама, разговарајте како со возрасна личност, разбира сѐ, ќе се пушти наеднаш, после ништо не ги запира. :D
    Инаку мислам дека за возраста супер е, околу 18м почнуваат да повротуваат како папагали.

    И јас имам негде сретнато дека деца што порано проодуваат, покасно прозборуваат и обратно. Кај нас многу рано почна да зборува, а прооди дури на 15м.
     
    На Bubi*2 и Dancewere им се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    8.264
    Пол:
    Женски
    Исто не дава да ја држиме, сама сака да оди. Ја држам за јакна од позади, да не се претепа на асфалт.

    Ќерка ми е исто скоро 16 мес и тука негде е со зборењето мама, тата, тете, баба, деде, дете, бебе, папа, нана, дај, ав ав за куче, мјау мјау за маче, брм за кола. Сега почна да кажува капа, точак, цуце.
    Се разбира, наредби слуша, фрла ѓубре во канта кога ќе и кажеш.
    Мислам дека за 16 месеци таман се.
    Ваљда рано им е за врзување прости реченици. Читав пред некое време, очекувано е дете до 2 години да врзе реченица од два збора.
     
    На IRBBB и Dancewere им се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    8.264
    Пол:
    Женски
    Мојава седи. И купија поклон мало пластично столче, си седнува сама на него. Од џамбо и го зеле ама мене не ми се свиѓа зашто е ко мини пластична столица за во двор.
    Имаше убави во Бебе Центар кога бев.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mojata kako.proode pocna na masickata da si sedi. Mnogu bese smesna idese nanazad pa dur nauci da sednuva so gazot na stolce se mislev ke padne. Sedi jade si igra tamu. Jas zemav na stokke mu table masicka so aktivnosti i 2 stolici i top se ima.poveke podlogi masata baska torba dole za sobiranje igracki. Kaj moite.ima.od ikea komplet samo masa i stolici ama stolcinjata se povisoki i bese problem da sedne na niv do skoro radi visinata. Inace masa i stolici ima segde zavisi sto sakas i kolku ti se trosi
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    6.982
    Од кај ја имаш земено Stokke масичката?
    Има негде у околина на Македонија?
     
  11. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Da si ja naracav vo bebehome grcija. Vidi pisi im na fb imaat i nekoi tamu na lager zavisi sto boja sakas
     
    На Mucika и Калатеа им се допаѓа ова.
  12. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    1.646
    Пол:
    Женски
    Мојава скоро две ќе има па не седнува, станата сака да бои и шкрта. Столчињата ги вози. Инаку кога сака да седне седнува како на коњче, ја крева едната нога па преку столчето. Купи и некакво па ќе се снајде сигурно ако сака да седи.
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    36.180
    Пол:
    Женски
    После вакцината денес го мачи Нешто.
    Не сака ни да игра ни ништо само во раце и се гледа не му е ок.
    Да дадам парацетамол помала доза?
    И рацете го болат може.
    Цело време ги чеша прстите на нога меѓу палец и тој другиот и плаче.
    И мн е чуден црвениочи поспан се прозева ама не сака да спие.
    Шестовалентна
     
  14. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.883
    Пол:
    Женски
    По колку Д3 давате за деца од 1 година? Мојата е скоро 9кг, давам 800ие да не е малку си викам.
     
  15. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Моето е 13м и има околу 9кг. Давам 1800ие, по препорака на ортопед. 200ие на килограм.
     
    На Skyler, IRBBB и Maca Macka им се допаѓа ова.
  16. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Кога завршува оралната фаза?
    Абе се да се пикало во уста.
    Ај да смениме игри земав пластелин.
    Секако со мене си игра, ама секунда начекува и го пика во уста.
    Па се бркаме низ дома и она го џвака и се смее. А јас умирам.
     
    На Maca Macka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.588
    Пол:
    Женски
    Само ако речиш дека не јади :rofl:
    Кај нас заврши на околу 15 месеци. Можиш домашен пластелин да ѝ правиш, за и да касне не дај Боже, ништо да не ѝ е.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Хахаха
    Леле ме пресмеа.
    Умна сум периодов нели! Си реков џабе кукам, полнам страници, Кога не можам да сменам ништо.

    Од што правиш пластелин?
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.588
    Пол:
    Женски
    Ако бе мама, и ние сме луѓе, мора некаде да си се пожалиме.
    Јас те разбирам потполно, само некако отрпнав. Сега маж ми се нервира повеќе од мене, дека тој го чува преку ден и гледа дека ништо не јади од 62638473 понудени јадења. Ама тоа е, ќе помине и ова, ќе пројдат еден ден и ќе сфатат колку пропуштиле во животот. :D
     
    На Mom's_life и brm_brm им се допаѓа ова.
  20. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Околу 1,5 година прекина да става свашта во уста, но кај некои деца може да трае и повеќе. Сега кога му растат нови заби знае да гриза предмети.
    Пластелин можеш да направиш од брашно, сол, вода и прехранбени бои.

    Рецептот е превземен од elenagagic на Инстаграм.
    IMG_20221214_141202.jpg
     
    На Bubi*2, brm_brm и IRBBB им се допаѓа ова.