Ваљда и до детето е. Има една кукла со коса и ја кубе нон стоп, не и текнало од прамените да стави во уста. Еднаш дури во рачето имаше смока во другово некое парталче иста големина и по грешка го закаса и дојде бљак и си продолжи со смоката. @Maca Macka нас ортопед ни даде 1500, околу 10кг беше и уште толку пие 12м е. Е сега кога и пишуваше за терапија рече дека смее макс. да даде 200 ие по кг, ама не ни даде. Нас ни е поголема дозава и заради растот, мн. се извишува брзо. Најдобро со ортопед да видиш.
Со лажица почна на 10 месеци, да бидам реална не дека супа може да јаде сега на скоро две, ама многу работи знае што се погусти. Со вилушка на 16 месеци. Мојава е гадлива па не сака ништо на рака да има. Пример лепче намачкано мора да е како седвиче инаку не го фаќа , ако случајно го фати бара да се избрише. Бевме на одмор и од Икеа земав едни силиконски лажици и вилушки. И го сечам лепчето или што и да е на парченца и почна да боцка со вилушка. Тоа и се виде многу полесно од лажица.
Околу годината почна да изразува желба и да се учи да јаде со прибор, многу полесно му одеше со вилушка отколку со лажица. Сега има 19м и јади со прибор сам, дури и супа. Некогаш сосема успешно, некогаш помалку успешно ама се труди. И подобро му оди со голем, отколку со мал (десертен) прибор за јадење. Исто како на @Cherry79 не сака да е измачкан со храна, многу се нервира и верувајте или не, мачкано лепче сечам на коцки и јаде со вилушка, ако фати со рака мора да го бришиме/миеме на секој залак.
Да, да, се на коцки и со вилушка. Лепче, палачинки , овошје што и да е да не го пипне инаку на секој залак бришење и миење. За се е таква што малку и ми смета. Пример и купив фармерки скинати и ме пукна дека имале дупче. Цел ден дупче дупче имам дупче. И правев крвна слика и брисеви не беше добра, не писна ни за едното ни за другото. Сестрава после и стави петка на рака што била демек умна, абе драма за петкава додека не и ја избришав.
Здраво мајки, ве молам за совет. Од работа ќе треба да патувам наскоро и срцево ми се крши што ќе морам да ја оставам ќерка ми на неколку дена. Преку ден не плаче по мене, супер и е со бабите ама сега дали ќе примети дека ме нема подолго? Дали нема да биде приврзана со мене потоа? Имам милион црни сценарија Ако има некоја што патувала од работа ве молам пишете ми како да го направам патувањево безболно за сите
На 10 месеци умешно се ранеше со лажичка? Мојава од 6 и дадов прибор и уште еве на година не можам да ја оставам да јаде сама ако сакам да се најаде. Е гадлива не е фала богу нема ич проблем да се нашлапа ни себе ни некој друг. Па може затоа и е поинтересно да игра и да се шлапа отколку да јаде.
Не, од 10 почна ама и денес не можам да кажам дека може да се најаде со лажица. Пола сама, после бара помош, ама со вилушка сама се може да изеде. Тоа ми беше муабетот, поспретна е со вилушка, со вилушка користи и лева и десна рака, со лажица само десна и ќе се замори.
@Mucika погусти работи сигурно можат сами и на 10 м. Можеби не со регулар лажица, ама со оние со дупчиња можат. За потечни работи пробајте со лажица дозерка, тоа ми беше совет од мајката Ката. Кај нас не беше многу успешно, ама кај други мајки се покажало како добра опција, можеби ќе успее и кај вас.
Мајки здраво. Малата имаше петокот гурелки на очињата и благо покачена темп 37.7 па падна до 37.3-4. Ни дадоа капки очињата ги средивме, чекаме резултати од брисеви и од очи и од нос и од грло него тоа што ме загрижува е што темп од петокот до сега не и спадна под 37.3. Дали е нормално на 1 година и 2 месеци темп константно да е 37.3?
Мајки веќе имам еднаш пишано во друга тема,ама дајте помош. Дете е скоро 2 год (23м) сеуште јаде пасирано/блендано. Ништо неке да фати со раце,гадлива е. Знае да џвака,коа ке и дадам кекс или чипс убаво си џвака ама се друга храна не ја џвака само ја голта и ако е покрупни парчиња ја држи во уста и едвај едвај да ја голтне. Кажете чаре пошти ќе полудам со ова дете.
Од 36 до 37.5 јас мислам дека е нормална темп за бебе, да не е во собата малце потопло, да не е облечена премногу видете на брисевите шо ќе покаже.
Исто и мојов одвај се раниме по еден сат една супа со комп и морковче со лебче надробено. Секое јадење ние дробено освен ориз со пилешко и полнети пиперки со ориз и мевце. Рацете ич не сака да му се извалкани така да не можам да му дадам нешто мачкано да си јаде како намаст, џем, крем секогаш е тост. Една капка да му капни на раче одма се грози. Кога му давам тост пример едно залче дали ќе проба после фрла. И немам видено вакво дете толку да не е зинтересирано за храна. Може да изеде овошје секакво чипс соленки, дури и лебче така потпечено другово јадење не го сака. Со месеци пробувам да го вклучам во јадењево но сватив дека е такво како шо е дека не му е интересно јадењето и му давам така со сила од шо мора да јаде и оставам потаму се надевам ќе смени морам да го наранам некако го чекам по еден сат за јадење, некогаш ќе му дадам каша пример на сабајле само тоа јаде, ретко се случува пржени лебчиња со јајце ако стојам над него. За ручек манџички. За вечера освен палента и чоколино друго не јаде, како макарони, јуфки се пробав, мафини ги фрла низ соба, палачинки еден залак, едноставно не ужива. Ако најдеш решение пиши.
Баш пишавме погоре и јас и @IRBBB за гадливите деца вилушка е лекот. Мислам дека ќе помогне приборот и кај твоето дете. Ќе и биде и забавно и таман до следно залче ќе има време да голтне.
Даа по еден саат се раниме,среќа па не пребира т.е не одбива јадење што ќе спремам ќе изеде ама ја да ја ранам. Да сака да загризе и да џвака полесно би ми било мислам. Ќе пробам ма да мене ме мачи што не џвака него го држи во уста и почнува да се "дави" па едвај некако да го голтне и не знам дали има место за паника или не. Не знам дали да ја оставам така уште некое време да почекам сама да "пројаде"
Чекајте, збориме да си земе со лажичето и да си црпне само, така? Ако така, тогаш јок, не црпнува да јаде, растура, меша, мачка, ќе заврши нешто во уста ама не и текнува дека треба од тоа да се најаде, знам дека може и дека знае како, ама ете не сака. Морам јас да изигравам кловн да се "најадеме". А да те прашам, откако почнавте блв, му даваш и ти или сепак оставаш се сам да јаде? И манџи како јадете? Ката вика со натопено лепче и лепчето да го јаде, ама така нема ни м од манџата да ксне. Ова со дозерките го имам видено, ама не се осудувам сега, она со обично лажиче густа форма не ја јаде, не па потечно во дозерка. И какви виљувчиња користите уствари? @Cherry79
Од Икеа имам едни, ништо посебно, ама ептен ми се погодија, ги перам во машина супер ми се. https://www.ikea.com/gb/en/p/kalas-18-piece-cutlery-set-mixed-colours-70461385/
@Cherry79 @IRBBB ви благодарам на споделеното мислење мајки. Моето е во некоја фаза кога сака сам да се храни па си мислев да искористам ситуација и да почнам да го учам да користи прибор. Со вилушка некако се снаоѓа, ама со лажичка само ако јас му ја наполнам и тоа ако е нешто погусто, а и тогаш пола завршува надвор од уста. Инаку, скоро 17 месеци е. @Mucika јас на моето му го купив приборот од Twistshake што е 12+. Ептен е радосен кога јаде со него. Секако јаде под надзор. Не е многу вешт, ама учи полека, почнува со прибор па си се дојадува со раце.
Okolu 10 meseci poaktivno pocna. Prvo oves i jogurt nonstop jadese da vrzba so lazica super i odese. Posle.pocnaa ovoski da iskacaat pa tie so viluska gi jadese se ucese da bocka. Sega ima 20mes i uspesno jade so lazica i supa i mandzi kao leka grasok. Vo posledno vrmee ne ja saka viluskata ne znam zaso se saka so lazica da jade.mislam deka ja usovrsuva seuste. Jas koristam od ikea eden set plasticni vo boja se viluski lazici nozevi malce se pogoleni ama super i se pogodija. Nekogas znae da se zaigra i crka da i dades ama koga sme na masa zaedno sednato barabar so nas sedi i jade.