I ja gi iam ovie vrv mi se. Inace.mojata.ne e tolku gadliva.pobitno i e da se najade ako e gladna zima so race. Jas.mojata ja ostavav na prespivanje kaj babite kako prekina da cica znaci od okolu 15mes. Na pat ne sum bila poveke od 1 nok ama operirav zolcka i bese kaj baba i i dedo i 3 noki. Prasuva za mene za tqtko i i vika mama ash tata ash i produzuva. Bese tazna i luta koa se vidovme ama i pomina i od sto ne znae da zbori da se buni nejkela bas da im jade i taka slicni sitni gluposti ama projde. Ova na 20mes
Не црпеше класично, туку брцаше во каша/павлака и лажичето в уста. Околу годината почна со да црпнува, ама не можеше до уста да го донеси ако не е густо, го истураше по пат и се нервираше и откажуваше од јадење. Откако почнавме блв, тој јаде сам, од почетокот го оставав нели до година основна храна е млеко ау ау и кога му падна хемоглобинот и морав да се трудам да јади немлечна дохрана, тој веќе стекна навика да се "храни" сам и никако не не оставаше да му дадеме ние нешто. И ден денес, ептен е ретко да отвори уста на друг, може да се случи само ако има некое друго дете што го гледа да јаде па покрај него, мада и тоа е ретко. Натопено лепче син ми не јади, ни натопени бисквити, ваљда ништо шо е со таква конзистенција. Кога беше помал си каснуваше тостирано лепче, сега ретко да скубни. Ги имаме пластичните сетови на икеа и ние, не знам зошто ама не ги сака, само лажичките за јадење павлака или пудинг дека се со долга дршка и не се валка дури јади. Инаку му давам метален прибор, десертни лажички и вилушки, има еден сет од бејбилав тек тук го користи и него, ама најмногу сака да јади со голема лажица/вилушка како нас и од тањири како нашите. Спојлер: Спојлер
Мило. Види што педантен е. Да јадеше и мојата вака немаше да се мешам, ама признавам си прекршив збор, сега сигуно 1 оброк јас и го давам. Ќе и земам ваков прибор за „големи“ да видиме дали ќе смени нешто.
Незнам како сум "успеала" вака безвеза да му го исечам ноктот Го боли, кенка, има малце оток и црвенило, сакав коцка мраз да му ставам не дава, незнам дали е ноктот во месото или живецот е. Од нервоза на моменти и топол ми е на слепоочниците. Што да му ставам, како да му помогнам и олеснам
Кешки да беше дете шо јади. Ова се ептен ретки моменти. Кај тебе ако не јади, ќе и протнеш ти некој залак. Не си прави притисок, полека ќе се осамостои скрос и сама ќе си јаде, сепак твојата е помалечка.
Мајки кажете трикови како да седнам 13м дете во седиште, ништо живо не сака да седне. Значи дама никаде не можам да одам пошто не можам да го седнам. Многу е ратоборен и со сила не можам плус ми е страв да не го повредам.
Мене ми успеа баш на таа возраст со библиотека од книги и табла со магнетен молив за пиши-бриши. Сега сам бара во седиштето да седи и да гледа низ прозорец.
Пушти му цртани јас така ќе пуштам ќе гледа и мирно се возиме, ставам мобилен на седиште, сега планирам некој таблет да му земам.
Со книги сум пробала не сака ама убава идеа е ова со пиши бриши баш ќе купам да видам дали ќе се заигра. Не сака пробав со телефон (а бев многу против телефон дури на годинка кога беше болен му дозволив да гледа) сакам да кажам ново му е и тоа ама не, се витка се бори само да не седне, плаче мислиш го колам. Значи денес го викнав татко му да дојде пред градинката да го однесеме дома не можев пола саат да го седнам. да ме гледаше некој од страна какви акробации правевме во кола додека пробував ќе си помислеше дека сум ненормална
Мамички дајте предлог што играчка да и купиме на цуцка за Нова Година? 18 месеци е. Моментално дома си игра со едни коцки гумени, реди кула со нив па ги бутка. Со сортери на форми. Многу сака тие каишите од хранилката да ги закопчува и откопчува. У фаза на качување е. На столчето што ни е за поткачување во купатило, на тоа се качува и скока. И другото си игра со све што не е играчка нели нормално. Во кујна отвара затвара шкафчиња, вади престува тенџериња и тако то. Во едци менци гледав, све што ми се бендиса е прескапо а другото не ми фати око. Иначе буџетот ни е до кај 2000 денари.
Оваа играчка има доста активности шо би ги сакала. https://www.wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=MD13784 Можеш и оваа https://www.wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=MD13785
Женски што им давате за вечера? Моето е година ипол. На промер млеко со бисквити не прифаќа, тие Лино и сл, не ги сака.
Ѕирнете ги кујниве (Facebook, Facebook), мојот е 19 месеци и исто ми се меша во кујна, ме повторува и во сите игротеки игра со кујните. Мислам дека ќе ја бендиса нешто вакво има и во Џамбо слични
Ќерка ми има 16 месеци, за вечера најчесто и давам: овесна каша, гриз со банана/боровинки/слива, палента со грчки јогурт, лебче со кремсир, проја со јогурт, палента со јаболко.
Не блендирам воопшто , веќе си јаде најнормално ама премногу си бира му спремам и после не го сака, па се молиме да јаде Не сме јаделе до сега асално по ред
Ооо со тоа пребирање. Од јадач на се, на 2год почна да пребира. Храна што претходно му беше омилена, сега не сака да ја помириса. Пред некој ден бараше да му направам јајца, за потоа без да ги проба ми ја преврте чинијата. Фино лепо го оставив гладен до следниот оброк.