Јас на мојава и земав кујна со 29 парчиња, значи рерна се отвара, тавчиња, тенџериња, прибор, се опремена. Околу 2000 беше мислам, од Лотус ја нарачав. Палента со сирење и кис млеко, просо со кис млеко, овесни со ленено, чиа и јогурт, лепче со абц, лепче со кис млеко, банана со плазма, тарана со кис млеко, проја, мафини интегрални
Суво грозје смее да де дава на дете од 16 месеци? Една од ретките работи што и се допаѓаат и ги бара е суво грозје, нема проблем при конзумирање ама периметив во изметото дека цели ги исфрла преку столицата како воопшто да не е обработена храната…
Тарана со путер и павлака, лепче со хумус и кашкавал, палента со кисело млеко, гриз со какао и сируп од урма.
Смее. И мојот многу ги сака, ама не сум приметила да излегуваат цели на крај. Тоа само кај јатките гледам дека ги исфрла цели.
Lebce mackano so nesto, palenta, oves i jogurt, proja...biskviti vi mleko nejke ama taka gi jade pa nekogas ke izede 4-5 plazmi taka i pred spienje mleko pie
Какви ракавици им ставате? Мојава сите ги вади, никакви не сака да носи , ни со 5 прсти нит со палче само, освен на лулашки кога е тогаш ги бара, ама ладни и се рацете камен. Да не има некакви потешко што се вадат а јас да незнам? Глупо прашањево ама стварно е мака.
Земав од ваикики едни нагоре високи и ги облакам прво нив па палтото и нема шанси да ги извади сам плус имаат едно како ременче на зглобот за стегање . Ги има слични модели и по спортскиве гледам. Ептен ни се погодија.
Дали има друго дете што никако не трпи капа на глава? Колку и да е ладно надвор додека не ја извади капата нема мир. Ни лето на плажа нејќеше да носи, ама па зимава тек почна не можам дома да го држам цело време зошто нејќе за жива глава капа
Исто само во молови можам да го шетам. Ни шал ни ракавици. Летото на плажа нерви искинав со капата еднаш не ја стави триста филма за сончаница си правев. Сега исто, се пробавме ние ставаме носиме да не гледа па ќе стави капуљача 3 секунди. Го носам кај други деца надвор да ги види со капи сите, џабе не и не. Не знам веќе што да направам и снег да падне нема надвор да оди како без капа да го вадам Ако некој знае некоја цака нека сподели. Да дополнам дека сум купила бетмен капа, ваква капа, таква капа секаква варијантна сум пробала 2г има и 2мес. Негде од лани зимата почна да ја вади сам и да одбива
Да се придружам кон тимот неносачи на капи и ракавици. Лани на година ипол немаше теоретска шанса да стави дури и за чизмите протестираше, па на снегот и во патики одеше. Годинава прифаќа само една жолта капа зашто му е омилена боја и ракавици за заштита при работа Татко ми му ги купи за да работат заедно низ двор и пошо му е рол модел од него прифаќа се. Guess what, во градинка оди само со тие ракавици, сите паѓаат од смеење
Ми даде идеја да пробам некој лично да му подари капа на дедовците да им кажам исти да купат ај ако успее ќе споделам
Да се приклучиме и ние,исто ни капа ни ракавици. Во количка ни да ја покријам со шал или кебенце нема шанси. Исто и летно време на плажа капче боже ме сачувај никако
Тука е моето ѕверче....не сака капа, шал.... лани барем во вреќа седеше. Сега како ќе се тера незнам.
Друштво немам идеја што да му купам на чупево мое за нова година. Дали да и земам scoot and ride на уште не проодена или да си чекам пролет кога всушност и ќе се седи надвор? За капите, не сака ни капа, ни шнола, ни ластиче, цела коса во очи и е. Чевлите уште си ги вади кога шетаме, а и чорапите ако не е во хулахопки, па ако видите боси ноџиња во јануари ние сме. За ракавици не се ни осудувам. Ова почна од кај 10 месеци, летово си носеше и капа и шнолка. Него друга мака имам недела дена, почна да не мава. А не знам како да ја одучам, да ја плеснам се смее, ако ја карам пак ме мава, да и објаснувам дека боли не е убаво пак ме мава, до сега најуспешно е да и се тргнам. Ама кога ќе се заигра нешто пак знае да плесне. Со играчки не фрла уште фала богу, а ова со плескањево стварно не знам од кај и е. Дали дека татко и го шутирам навечер дур хрчи или дека престанав наочарите да и давам да ми ги фаќа па се лути и ме мава.
Не сака ни капа ни нараквици, како ќе се шетаме вака. А да купам некоја со врзување да не можи да ја вади?
Пробана ни е и таа финта, плачеше се додека не ја тргна од глава капата. Да се преселиме колективно на Занзибар таму ноќе дење е 27 степени да не ни се стресуваат децата со капи носење.