Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    :D па вака сега на форумов се појави една многу активна тема ,, Совети од машка страна за сите девојки" мене темата многу ми се допадна а и некои девојки сугерираа зошто да нема и тема во која женските ќе се обидат да и помогнат на момчињата :D јас мислам дека девојките на овој форум се повеќебројни па ако не јас некој друг ќе се обиде да и помогне ( а и да ако има некој проблем во врска со оваа тема или постои слична слободно заклучете ја) позз :*
     
    На bambuca, zardarmar и zoki-poki им се допаѓа ова.
  2. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    189
    Еден проблем со темава и зашто нема да појде...

    1) Мажите имаат преголемо его да бараат совет.
    2) Имаат лоши искуства со женски совети
     
    На Regina.Phalange, Ваљдрин., Nedalija и 7 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.380
    Пол:
    Женски
    Имаат преголемо его да побараат совет? А колкаво им е егото кога праќаат безвезни лични пораки и замараат по форумов?
    Најпаметно ќе ви биде да се обратите во темава, место да досаѓате со лп од типот фејсбук може? Онака поопуштено да си разговараме |(
     
    На Dejan-Dejan, Z'ta para, cipoihipo и 3 други им се допаѓа ова.
  4. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    189
    Леле кутрата, премногу мажи ти праќаат лп за совет, леле напатена душичка :( Дај не си кревај акции со сила. Сегде на секој форум е така. Ја на женски форуми препун сум со ЛП и friend-requests за совети од девојки, па не го сфаќам тоа како замарање, или леле кутриот ја, премногу жени ми бараат фејсбук/скајп, леле.

    Плус, ти имаш модераторски статус, нормално дека ЛП ќе добиваш повеќе. Ја држам еден српски форум, имам по 50 ЛП на ден, па што. Дај соземи се.
     
    На Ludataa и DARE.B им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.380
    Пол:
    Женски
    Види вака, не беше за лп работата. Беше за егото :)
     
    На zardarmar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    хахаха.. морав да ја отворам темата кога ја видов кај последните мислења.

    Алек многу искрено си кажа нема потреба да се мачиме да мислиме зашто машките не прашуваат. :lol:
    ама па у право се тоа со егото. И ја да би била машко не би се жалела како женско околу проблемите :?: :rofl:
    Пример : Леле зошто вака ми прави? Зошто постојано е со него? Незнам што да мислам за нејзе. :rofl: :rofl:


    некако машки да бараат совети е малце чудно. :hai: да не речам "педерско" (нема зошто да се лутите искрено си зборувам).
     
    На solenka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    189
    Егото спречува јавно да бараат совет, особено зашто секад се казнети за тоа. Ако машко признае несигурност, одма го напаѓаат жени како да нешто е дисфункционален. Проблемот е што жените имаат нереална слика за тоа каков треба да биде еден маж.

    Гледате холивуд, гледате романтични новели каде типот секогаш знае што да каже и нема грам несигурност и ништо. Во споредба со тоа вистинските мажи (знаеш, човечки, несовршени суштества) изгледаат скоро ментално сје*ани.

    Случаен пример... Еве да речеме и за машко и за женко е еднакво нормално да им е страв да пријдат на некој што им се свиѓа. Женско ако го признае тоа, ќе добие разбирање. Машко ако го признае тоа, ќе биде направен будала, педер, искомплексиран, "пи*ка" итн... Затоа мажите не бараат совети. Си ќутат и трпат.
     
    На Mojsej, igormmm, bambuca и 5 други им се допаѓа ова.
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Алек,разбиј ги стереотипите ;) Ако веќе си се зачленил на форумов нема никаков одмет ако побараш мислење од женска гледна точка,сепак ова е женски форум така? Плус тоа не те знаеме кој си па кога ќе те сретнеме на улица да кажеме Ееее ене го педерон шо кукаше неќна на Фемина.Ако веќе отворено ги браниш девојките кои приоѓаат на машки први,зашто да се плашиш да побараш ио некој совет од девојка?...Не боли...веруј ми ;)
     
    На blackwave, NiagaraBoy, programerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.955
    Допаѓања:
    24.326
    Вреди да си го уништиш школото за да бидеш со убава девојка?



    и зашто повекето се палат на тие што се лоши него на тие што се добри ?

    изгледа повеке вреди да си на лошата страна ?
     
  10. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    191
    Ако тоа што е убава е единствената нејзина добра особина, тогаш дефинитивно не!!!
    Гледај си го батка школото, жени има на секој чекор ;)
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    928

    Не вреди да си го уништиш школото за ништо, а посебно не за девојка. Девојките кои се уште не се зрели и мислат дека се што лета се се јаде повеќе се палат на лошите момци, колку за провод онака, но во суштина секоја девојка сака добро момче покрај неа. Некој со кого ќе може да сврзи два реда салам муабет, кој ќе ја разбира и кој ќе се однесува, во најмала рака, цивилизирано спрема неа.

    И да ти одговорам на последното прашање НЕ не вреди повеќе да си на лошата страна. Вреди да си тоа што си, без да се преправаш дека си нешто што не си. Само покажи го своето вистинско лице и не бери гајле ќе си најдеш некоја паметна цура на која ќе и значиш ти за тоа што си... :) ;)
     
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.625

    Yipman2....Совет од машка страна, НЕ ВРЕДИ !!!! ...Ако имаш школо, си образован, можеш само да и се засвигаш повеќе. А ако си го уништиш образованието со тоа си ја уништуваш и твојата иднина, па кажи ми што би ја привлекувало неа за да биде со тебе? знае дека немаш ти некоја светла иднина. Друго за тоа дека повекето се палат на лоши него добри нема врска. Се зависи од тебе. Ти треба сам да се погрижиш да си изградиш имиџ по кој што ќе бидеш препознаен. Еве да ти помогнам околу тоа од каде да почнеш. Прво и основно држење. Пример кога си во диско имај држење, држи се цврсто и не се замарај многу. Не изгледај како некој што е отишол на лов по девојки и да се врдис нон стоп лево десно. Второ купи неколку добри парчиња облека, интересна за да можеш да се одвоиш од тие што се околу тебе. Женските имаат вкус за мода, така да добро облечено машко им е привлечно. Трето самодоверба. Женските осеќаат кога си нервозен или не. Трик кој што ќе ти помогне доста во тоа да си ја дигнеш самодовербата е да веруваш во фактот дека она ќе е среќна да е со тебе, а не ти со неа ;) . И како еве четврта така поважна точка смисла за хумор. Ако си животот на забавата, знаеш да ги насмееш сите, немаш гајле. Женските несвесно ќе се првлецени од твојата харизма .... Hope it helped ;)
     
    На SparkyAngel, glow и zoki-poki им се допаѓа ова.
  13. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    361
    Ајде да го скршам и јас ледот:

    Другарка на жена ми ја видов заедно со постар човек, за кој знам дека е женет. И тие ме видоа мене. Другарката не е мажена, ама подолго време се шушка дека е во тајна врска со човекот. Жена ми многу ја цени и ја почитува.
    Да се правам на три и пол или да и кажам што сум видел?
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Според мене многу нормално да и кажеш што си видел.

    Не треба да криеш.

    Можеби утре другарка и ке и рече еј маж ти не виде со овој ваму онаму и женати ке се чуди зошто не си и кажал.

    Јас мислам треба да и кажеш. Не е ништо страшно. Жена ти сигурно добро ја познава чим ја сака и и верува на пријателката.
    :) :) :)
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Мистери воглавно се согласувам со тебе но во нешто и не.
    Не е се до тоа како си облечен. Да девојките сакаат убаво облечено машко но не мора да е маркирано и по последна мода туку само да е средено и убаво комбинирано а не со фармерки до коленици ( баба ми што вика кај оди овој како да се посрал ), многу девојки сакаат машко во тренерки,опуштено и патики.
    Во диско не глумете лудило со флаша пиво во рака и демек еве кој сум јас па ги одмерувате девојките и им наоѓате мани додека до вас стои девојка што ви се допаѓа. А бре ич не изгледате убаво. :D
    Да-жените осеќаат кога си нервозен. Ама на многу од нас ни е симпатично кога знаеме дека малку се срамите и сте нервозни зашто така знаеме дека ви се свиѓаме. А не да се правите фраер со самодоверба до небото па ке помислиме дека сте дигнати идиоти. Некој баланс да се постигне треба.
    Хуморот и харизмата да важни се но никогаш не претерувајте и не правете зафрканции на сметка на девојката додека не се опуштите двајцата доволно.

    и трчаат по лоши машки девојките што се негде до 13 години еве некои и по 15 16 заради шпанските серии зашто таму главната тинејџерка го има секогаш најголемиот и најбогат фраер а тој претежно е малку лош па така и девојкиве си сакаат. Ама сигурно не е така во случајов. А поголемите вакви девојки се претежно спонзоруши или нешто слично. Ни една возрасна девојка не се пали на машко што е лошо,некултурно и необразовано.

    школото да го напуштиш за девојка- никако. Стварно зрела и возрасна девојка колку и да си убав нема да е со тебе ако немаш светла иднина и не знаеш да сврзеш две реченици асолно. Остани си на добрата страна а девојката ако не те следи остави ја. Што е твое ке си дојде.
     
    На blackwave и aleknovy им се допаѓа ова.
  16. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.625
    Да да токму така. Значи школото да го оставиш ДА НЕ СИ ПОМИСЛИЛ НА ТОА!!!!! Туку што можеш да направиш е да размислиш малце повозрасно и да сватиш дека можеш образованието да го искористиш во твоја полза и да и покажеш дека од тебе ќе биде човек, академски граѓанин со кој што она би била среќна да ја видат !!!
     
  17. Moni.D

    Moni.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Прво: не вреди да си го уништиш ни школото ни животот заради некоја... 7 милијарди луѓе сме на планетава, има и такви за кои не би морал да си го расипеш школото, па уживај ;)

    Второ: се палиме на тие што се лоши зошто тие се секогаш џекови у друштво, се понашаат.. незнам ни ја како.. привлечно.. ама од кога ќе разбереме дека дечкото е кретен, настапуваат добрите момци. А иначе секоја девојка би сакала добро момче покрај себе, а не лошо што ќе ја понижи пред друштво и такви мити работи што значи иако трчаме по лошите, ги задржуваме добрите :) Барем некои од нас ;) Може ќе се помачиш да ја добиеш ако не си од тие „типците“ али сепак ќе ја задржиш зошто ќе те засака поради карактер.. барем јас така мислам :)

    Трето: според мене не вреди да си на лошата страна, али не треба ни да се биде предобар зошто и тоа си има последици :)
     
  18. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    189
    Зборев за мажите генерално, не за себе. Погледни ги моите мислења и ќе видиш дека екстремно отворен сум и дури и најдлабоки чуства, емоции, стравови и несигурности имам споделено. Јас тој его проблем го немам пред жени да се отворам. Зборев генерално, не за себе лично.
     
  19. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    189
    Супер одговор тедибеар :* тханкс!!

    Ја лично иначе имам приметено дека мажите обично у екстреми идат. Или ич не ги боли што ќе облечат и шетаат у партали и неизбањати 7 дена, или па стануваат метросексуалци што се дотеруваат по 5 саати на ден. Кај нас мужите е све така е така, нема средина хахаха. Или приогаме на 5 цури на ден, или воопшто не приогаме... или облекуваме најубава најскапа мода, или идеме у партали.
     
    На SparkyAngel и blackwave им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.955
    Допаѓања:
    24.326
    леле со заканиве :lol: :lol:


    фала за советите на сите и teddybear :*
    девојката и онака си фати дечко во време од 2 дена одкако го поставив прашањето
    така да ке си се вратиме на старата љубов = книгата....
     
    На TammyDeyn му/ѝ се допаѓа ова.