1.chuvstvo na sigurnost 2.chuvstvo na postojanost 3.na zashtita 4. na znaenje na toa sto ochekuva od vrskata, zabava, seriozna vrska ili vrska bez obvrska. 5. Slichni karakteri, slichni zivotni vrednosti 6.iskra
@Stark Не треба превише да се анализираш и да ја бараш вината кај себе. Можеш ти да и пружиш се најдобро, и повторно да не биде доволно. Емоциите се комплексна тема и или го имаш тој клик или не. Она веќе решила во себе дека со тебе не и е тоа ТОА и не се гледа на долги стази понатаму со тебе. Сега и е единствено тешко да стави точка на вашата врска поради горенаведените ствари што ти ги кажаа. Ама тоа е краткорочно нешто. Одолговлекување до денот кога ќе најде нов к*р и ќе те заборави преку ноќ. Не го чекај тој ден. Прекини со време и прекини ја својата агонија кон неа. Сакаш? Нејќеш? Чао. Пријатно. Па колку и да ти е тешко. Show some balls dude!
Оп оп, пополека, знаеме дека немаш влакно на јазик ама па ова е многу навредливо, напорен. Не е напорен него повредени му се чувствата и е максимално разочаран што погрешно ја проценил кога пред 6месеци му се вратила и откачил тековна девојка тогаш да и даде шанса на дотичнава и на крај пак истото од нејзина страна.
Не ја откачив претходната девојка. Ми беше оваа нешто да речеме се муваме итн, али се си разговаравме дури знаев и во моментот со кого и што била итн. После некое време реков ќе ставам крај, едноставно правеше сцени и бараше нешто што не можев да и го дадам, на фејсбук ми рече јас толку и 6 месеци ја немаше. Се врати во МКД и баш на роденденот мој ми даде подарок и писмо вака и вака јас за поминатово време едно друго... и и реков по некој ден ќе се видиме и и објаснив што како. Но, очигледно беше скршена и стварно ми беше криво, но настрана чувствата што ги имав кон неа односно што сметав дека е личност која можам да ја прифатам и може да си поминуваме убаво, но не може така да се враќа после 6 месеци и да има чувства којзнае какви... барем така мислев тогаш и се водев по тоа. После тоа ја снема скроз, по моја иницијатива зоатоа што очигледно ја избрав другата девојка. Раскинав со девојката (тогашна што ми беше), и еве ја повторно оваа да си разговараме дека можам да и кажам се неа итн... и почна да ми дели лекции некои за кои јас повторно ја делетирав и после веќе ме адна после година ипол повторно на фејсбук и решив ете демек не сум и дал вистинска шанса и тие работи што ги бараше тогаш да ги добие сега. xD Ме сфаќаш сега?
Tи ги спомнав двете опции, едната раскинување тотално. Втората да продолжиш вака и неа по некое време да и светне дека има пак јаки емоции или да и светне дека нејзините се во право и толку. Види се гледа дека ја сакаш многу штом си давал шанси си откачил друга за неа ама со ваква девојка треба да имаш сили да држиш чекор. Оваа сека не премногу покажување емоции, видиш ти рекла дека одите кон сериозна врска и се плаши од брак. А дека не те сака, не ми се верува. Бар јас ако не сакам некој не му се враќам па и писмо да му пишувам. Бар денес во ова време некој да ти остави таков уникатен подарок треба да те цени многу. Освен ако девојкава на секој не му остава писмо ама не ми се верува дека така прави со секој. Така па пробај си ја среќата и не ја опсипувај со емоции и никако ништо златно. Направи и ти некој уникатен подарок само за неа.
Stark А бе дечко,зашто се навраќаш на стара љубов кога знаеш дека немате иднина. Тоа таа го знае и затоа може ти вика дека немате исти чувства,ти сакаш врска ,иднина со неа но таа не сака. Колку пати треба да ти каже за да сватиш.Убав и е сексот со тебе ,ужива,ама тоа е се. Може и недостигал сексот со тебе. Има и такви. Едноставно кажано те користи. Рече ти раскинала врска,и не и се враќај веќе доколку пак и текне да те побара(за секс за разговор за рамо за плачење). Не е фер така да ти прави. И не е вредна да се прашуваш зошто ми раскина,кои се тие чувства што и фалеле,едноставно не те сака ни за врска ни за маж,помири се и продолжи понатаму. Сигурно таа вистинската те чека некаде,само треба да ја пронајдеш
Не е совет туку повеќе истурање негатива од себе си е ова... Женски, прекрасни створења сте !!! Но морам да признаам и самите знаете, некои од вас се чист ужас и пекол (ОТРОВ !!!) Не знам зошто мора некој секоја моја клетка на добрина да ја исцеди и да ја претвори во најголема катастрофа па да си отиде без трага и глас... Лесно се отварам пред некој за кој што мислам дека вреди и на крај ке ме пре’бе, ова денешно време е болно начисто, не знам што да кажам повеќе !!!
Девојки ми треба ваше мислење. Што би значело кога рандом девојка(ми се има случено многу пати) кога сум излезен во ноќен клуб, или некој паб, се '' пули"" во мене и цело време си игра со нејзината коса, т.е си ја префрла де лево де десно,или едноставно речено '' flip hair"" или '' twirls''и стои до мене. Како да изреагирам на сево ова, или си навлегувам во некоја фантазија, филм?
Па ако те гледа постојано, си ја начекал неколку пати сигурно не си замислуваш. Иначе флертува со тебе ти дава знак дека можеш да и пристапиш, ама ако ти се свиѓа и на тебе..
Па најверојатно и се допаѓаш и сака да привлече внимание, ама несака прва да приоѓа, па ако ти се свиѓа и тебе, приближи и се некако, пробај си ја среќата.
Не знаев посодветна тема Една другарка ме избриша од инста со цел, да не примети бившиот дека се знаеме и јас да го следам бившиот нејзин и да и праќам што ставил. Сериозно заради некој дечко да ги бришам другарките Ова ми се случи прв пат некој да ми побара таква глупост, секако веќе нема да се следиме бидејќи треба него да го следам Инаку не сме тинејџерки, она е 22, а и јас тука негде. Дали доколку некоја побара такво нешто би направиле и какво мислење имате за тоа? *сакам женско мислење*
Не би направила. Доколку ме замоли некоја би и рекла дека не ми се играат такви игри. Слободно може да замоли други другарки ако се нафатат. Претпоставувам дека сте тинејџери, но сепак тоа е многу детски. Ако се налути другарката доколку одбиеш тогаш размисли дали таа те почитува.
Ми се има случено, нешто слично на ова, од особа која се понаша како дете во секој поглед, баталија, што сака нека прави несе замарај.
"Совети од ЖЕНСКА страна за МАШКИ" се вика темава. Имаш иста тема и за обратно. А од женски за женски мислам дека нема. И јас сакав за совет да прашам за новонастаната ситуација, ама се предомислив.
Види не е потребно во секоја тема твое мислење, ОК Е. Сакав мислење ОД ЖЕНСКИ, НЕ ОД МАШКИ ЗАТОА ПРАШАВ ТУКА!
Што знам, не е некоја голема работа, ако дружбата ви е убава во останатиот дел. Повеќе е смешно со што се занимаваат луѓево. Не го сфаќај лично ако ви е ок дружењето настрана од ова
Нема врска со тебе, таква е несозреана, веројатно не ни го помислила на начин на ти кој што си го помислила и си се налутила. Не го земај лично, посмеј си се какви глупостарии прават луѓево...
Кога го читав мислењето си помислив по 16 години имате. Јас не би го правела тоа ептен ми е несозреано и глупо би и кажала директно дека не сакам и нема да го правам тоа и би и објаснила зошто.