Што има да им веруваш на другите? Не си со нив во врска. Нему треба да му веруваш. И да, показател е ова на нецелосна доверба.
Сигурна сум дека било кој да види дечкото да лајкнал рандом цура со длабоко деколте ќе му падне глупо и ќе се осеќа безвезе, не глумете толку цврсти. Ама ти прво станување од спиење да идеш да гледаш дечкото на кого лајкнал слика додека си спиела е малку е too much. И не глумете исто дека и вие кога ќе ве заследи некој што има девојка и ќе ви лајкне не си помислувате “види го овој, има девојка а мене ми лајкнува”. Маваат во психа лајковите и те како, ама за тоа треба да се разговара со дечкото и да му се објасни дека не е вкусно, а за трошење време и чешлање на профилот на секое девојче што ќе го заследи треба да олабавите
Добро да тоа со изневерување е друго тука збореме за лајкови и јас мислам дека е основа на тоа изневерување глупо ми е да видам лајк на некоја со цицки и гз нема потреба да се лајкнува јас мислам зрел човек не се ни па замара да става лајкови на секоја ни па да заследува, шо има да заследува женски шо другарки па можеби траже хахаха знае се тоа се уште на почетоко ако праве такви работи
Тоа со довербата во другите го напишав чисто пошо сум била сведок на многу ситуации како да речеме ‘познаничка ми е’ па девојчево си игра на таа карта али гледа да му се убаци у прв слободен момент. Негов лајк кај некоја таква, за неа може и да значи дека треба нуд да прати, као интересот да е обостран. Искрено, еве и тогаш кога видов дека му пишала на стори изреагирав многу смирено, мислам шо може да напраам? Му верував нормално, знам дека немал задни намери, знам дека ме сакаше и све тоа беше кул, али не сакам да ме збори некоја си Митра пошо дечко ми морал да тапка по нејзини слики од 2013год. Нормално дека после тоа разговаравме како возрасни индивидуи кои мора да најдат компромис за да останат заедно, со ситуацијата ви дадов само пример на ствари кои мене лично доколку се претерани, ми лазат по живци.
Мене ова повеќе ми личи на ниска самодоверба, изгледот на девојката што ја лајкнал не треба да игра улога, барем според мене, не се работи за цврсти или не. Не знам во која тема читав ако биле разголени ќе му го земеле дечкото. Никој не може да го земе, може сам да оди кај друга, и таа друга да биде до врат закопчана. Второ, да, имало ситуации да лајкне некој 10 слики со ред, тоа е веќе подруго и се согласувам дека има многу такви. Ама ако лајкнам некој што ми излегол на почетна значи дека ќе почнам нешто повеќе...големо не. Јас и не лајкнувам на основа на тоа дали ми се свиѓа или не сликата, некогаш може да лајкнам и кај рандом луѓе кои ги имам подолго на инстаграм и машки и женски па еве со години е така ниту ми пишале ниту јас нив Зрел човек не му дреми на дечкото/женската на профил да следи каде лајкнал или кого заследил А не па на профилите на тие женски да врши проверка дали 1, 5 или 10 слики лајкнал. Ако сака да ве изневери не му требаат тие лајкови и социјални мрежи, ако е таков ќе најде и друг начин знаејќи дека му ги контролирате. А ако толку нема доверба некој во партнерот поубаво и да не биде со него отколку да го тероризира.
Па поарно да знаеш со кој си имаш работа па ако има лајкови одма чао чао, збореме за лајкови сеа не за тоа типично изневерување у диско или у кафич. Убаво е да се виде кои му се "другарки" од вчера запознани, поарно кек утепам 15 минути да прелистам кој заследил или кој лајкнал откако да утепам 2 години со него а да ми прае работи зад грб
Јас не би правела полова поделба кај кој ми е глупаво претераното заморување со социјални мрежи, туку би рекла кај сите. Луѓе кои не можат да издржат ни ден, ни недела а камо ли месец без да стават стори, да објават слика или да коментираат и лајкуваат, според мене се недоволно изградени карактери. Очигледно глобален проблем е недостатокот на самодоверба и потребата да се „одобрени“ од другите, а фактот што многумина не можат ниту да си го признаат тоа зборува дека се соочуваме со продлабочено ниво на проблемот.
Со кој си имаш работа? Што лошо направил, лајкнал слика на друга освен тебе? Лајкнувал слики пред да биде со тебе? И по која логика лајкнувањето е еден вид на изневерување? Претерано е ова.
Па вака да се разбереме во врска со лајковите. Во ред лајкни ,,некоја" слика а не насекаде да го гледам. Значи во врска си и лајкнуваш по сите можни женски и на што личи тоа?! Мене искрено ме живцираат такви работи и тоа е всушност непочит спрема женската. Или јавување на негови школски,другарки... Од такт ме вади. Би го разбрала само како несериозност во врската. Толку.
Има далеку посериозни и подлабоки теми на разговор отколку лајковите или што би рекла некоја за дечко ти. Мене ме имаат исмевано неколку пати за тоа дека ме начекале негде дека давам роза или девојката ми била ваква таква итн, тоа кажува само за карактерот на соговорникот колку е плиток и празен.
Па што ако им се јавува на другарки? Ти денес си негова девојка, утре не, ама другарките и другарите остануваат. Ајде лајкови ви сметаат, сега и другарки, следно што е?
И те како е подлога на изневерување не ми е јасна потребата да лајкнува на женски непознати ајде да е познаници, пријатели од мали, колеги тоа е друго. А ти ставаш лајкови на рандом машки со мускули и богаташи да видеш дали ке му е сеедно?
Зборувам за подолга врска,а не од оние за 1недела,1месец. А што има па нив да им се јавуе,ако е за така женска нека нема,нека си има другарки. Моето сфаќање е тоа,за други незнам.
Најлошото е кога на некој мора да му се укаже дека ти сметаат тие лајкови на стари слики. После тоа те гризе совеста секогаш кога влегува тој на инстаграм и си вика ''океј ова смеам да го лајкнам ова не''. А ти не сакаш ограничувања, тој треба самиот да е свесен за тоа.
Добро, сериозни ли сте? Да ограничувате на партнерот или партнерката што лајкнуваат или со кој пријатели смее да излезат затоа што вие имате проблем со тоа? Ако вас некој ви прави така ќе пишете за совет и секој ќе ви каже дека тоа е токсична врска. Партнер барате или роб? Не знам какви претходни искуства сте имале, али во здрава врска треба да можете да споделите што ве мачи и да најдете решение, а ако проблемот остане така, излезете од врската. Некој ќе прочита и стварно ќе помисли ова е океј и дека е нормално да го манјачат партнерот по цел ден. Не, не е.
Океј е ако така мислиш, твое право. Само што не познавам никој кој би прифатил девојката/дечкото да му забранува да се слушне со другари/ки.
Ми се смачи да објаснувам искрено. Имам доверба, и тој во мене и лајк кај луѓе кои не ги познаваме лично не претставува проблем. А за тоа кој што ќе каже оти дечко ми ставил лајк кај друга ама ич не ме интересира. Јас не го сфаќам тоа како потсмевање туку како доказ за тоа колку им е капацитетот на некои луѓе на кои озборување на туѓи животи е единственото нешто кое умеат да го прават. Последната реченица ми е доволна да сфатам како размислуваш и како ги гледаш луѓето, и тука завршувам со реплицирање.
И наведов посебно за ,,другарКИ". Со другарите колку сака нека се слуша,али тоа погоре не го поднесувам. Толку ми е цинично понашање спрема женската,грдо...
А зошто не би се јавувал на другарки? Ако имал вистински пријателства пред тебе, ќе ги има и додека е со тебе. Не гледам како тоа ти штети тебе ако имаш доверба во него.
Колку и да се изнапише на темата лајкови нема да е доволно. Секој гледа различно на тоа. Да некој и покрај тоа што има женска/дечко пак ке лајкува, па и стари слики, и ќе ве лаже дека тоа не е ништо или е грешка, така да не се мачете да дозанете за што се работи, бидејки вистинскиот одговор нема ни да го дозанете, тука се работи за интуиција, ако нешто длабоко во себе ви кажува дека не е во ред, стварно не е. Додека друг случај си лајкуеш слики ради тоа што ти се свиѓаат. И некој ако сака да изневери, нема ни потреба да става лајкови, тоа може да се случи и без нив. Да не заборавам има луѓе што се толку болни па дури и си водат евиденција кој им лајкува.