Добро можеби и ја сум грешка со моето размислување,не викам дека само ја сум во право или незнам што. Потполно ве разбрав.
Се разбравме, и не зборам за другарки, колешки или познанички туку за некои рандом лајкови од нигде негде и заследувања без потребни, што к*р има да заследува женски што нема никаква врска со нив незнам. Јас и ги жалам женските на тие машки кои ми лајкнуваат 5 6 слики по ред.
Можеби и ти си во право, затоа што не знаеш какво е чувството кога ќе ти забрани некој да се дружиш со другар, бидејки не сакаш толку блискост.
Па терај си така во врската кога ти е успешна и си одговарате... што има да се објаснуваш овде со поинакви луѓе, размислувања, цели во животот, карактери итн?
Значи јас што ги ставам секој ден на стори моите миленичиња, и скролам на инстсграм и ставам лајк сум со недоволно изграден карактер. Социјалните мрежи се за забава, комуникација, тепање време, и сега многу заработуваат од инста. За швалерај постои tinder.
Вистината не секогаш е комфорна, ама носи шанса за напредок. Додека пак потребата за валидација врз основа на тоа што избираш да го прикажеш во виртуозно изграден виртуелен лик, притоа губејќи ја секоја нишка на искреност кон себе во трката за најдобро стори на денот - и не баш. Конкретно за тебе, која си и каква си - самата ќе си определиш. Ниту е мој проблем, ниту пак сакам да биде.
Ај врати се и препрочитај го уште еднаш тоа што го пишав и обиди се да го разбереш. Па уште еднаш после тоа ако треба. Ако не сфатиш и после тоа, не можам да ти помогнам. Немаш што мене да ми се правдаш, објаснуваш или било што. Не беше прозвана, сама се пронајде. Поздрав.
Никој нема да си признае али сите ставаме стори или пост кога имаме потреба од валидација. Сигурно и имате забележано кој ставаат највеќе сториња секојдневно, оние кој штотутку раскинале или па се во некаква караница... Оној кој што си има живот, обврски ретко објавуе на инста а посебно и на стори.
Како оти? Бидејќи му се другарки, личности за кои се грижи и кои биле тука за него уште пред да биде со тебе. Те читав и не ми е јасно како имањето другарки е понижувачки према девојката. Ај ако не одделете се од жив свет и останете сами двата. Едно да знаеш, дека пријателствата се многу битни во животот. На почеток мислиш дека ти е доволен само тој и никој друг, ама подоцна ќе сфатиш дека не е така. Тоа е барем мое мислење. Како би изреагирала? Сосема ми е океј да се слушни со другарки и да отиде и на кафе со нив. И јас имам другари со кои се слушам и излегувам. Се додека имате доверба еден во друг, нема да има никаков проблем.
Ако твоето размислување е дека врска значи цело факинг време да знаеш на која лајкнува, со која другарка се чул, какви чорапи носел денес, во право си, не те разбираме. Не ми е гајле дали дечко ти е кретен или не, како ти размислуваш е друго и не е океј.
На мојот другарите му праќаат слики на инста од згодни модели и си ги оговараат ми смета искрено, ама не покажувам пред него пошто знам дека не е голема работа.
Зар кога си во врска, не треба да имаш другари, другарки? Дали треба само со твојот дечко да се дружиш и да немаш живот надвор од него, да не треба и известување на секој минути кој што прави? Како може така да размислувате... Ако човек се поштува себесе и вас нема да изневери, ти колку сакаш врзувај го. Човек треба да го пуштиш да биде слободен да видиш што ќе направи, а не ако го држиш со синџир. Па дури и така да се однесуваш со него, ако он не се цени себеси пак ке те изневери и ќе најде време за тоа. Ако некој не ви одговара и на секој чекор треба да го пазите, што по ѓаволите сте со него? Тоа ви е една токсична врска!!!