Сакам да слушнам мислења на оваа тема. Што мислите за машки која секоја слика на стори или пост им е со женската?
Се согласувам. Ама, има тенка линија тука. Кога сме во врска не смееме да се однесуваме исто како кога сме биле сингл. Затоа и постои тој статус. Апсолутно е точно и правилно да имаш живот надвор од врска ама сметам партнерот треба да биде приоритет. На пример за во сабота навечер ме кани и дечко ми и другарка ми за на вечера јас ќе идам со дечкото, па другиот пат со другарката. Известување кој кај е мислам и дека е фер да се каже, а не да се бара дозвола пример, еј злато ќе одам со Сара на кино ќе се чуеме подоцна, исто и јас сакам да ми каже. Не е врзување ако те интересира партнерот што прави, ти нешто не му забрануваш и не се лутиш. Посебно кога е нова врската е така после се навикнуваш и нема ни да се замараш толку. Тука или имаат по 14-15 години и тоа му е прва женска, или е премногу заљубен. Лично јас не објавувам често слики со партнерот, сакам приватниот живот приватен да ми остане. Кога идеме негде ќе го тагнам или ако направиме убава заедничка слика ќе ја ставам и чисто да знаат дека имам дечко. Ме нервира такво лигавење по сториња и постови.
Од разни искуства што сум слушала, и кај машки и кај женски причина била најчесто љубомора кај партнерот доколку ставаат сами слика, мора луѓето да знаат дека не се сами Но има и исклучоци секако, има луѓе кои само во такви прилики се сликаат а кога се сами не.
За претходно шо сте збоеле: Лајк на 10 слики со ред и лајк на една слика сега шо си објавила пред еден ден се многу различни во пренос на порака. Никој не глуми тука, вие си имате ниска самодоверба или мувата на капата јбг. Си ја сака женската, си се сликаат заедно, ќеф му е да ги клава. Сфаќам дека интернетот е предизвик и тоа тежок предизвик ама не се е толку двосмислено. Ако во се одиш во детал ќе најдиш некоја шема, впрочем зато теории на заговор се толку популарни ама не се во животот е теорија на заговор. Олабајте.
Ќе повторам пак, лајк на 10 слики со ред и лајк на една слика сега што си објавила пред еден ден се ... пази тука е битното ... многу различни во пренос на порака. Така да, не реков дека нема разлика, кај прочита дека нема разлика?
Pa te prasav pokulturno zosto imas potreba da se mesas, ti licno ako sakas ce se slilas so decko ti, ako ne ne. So ce ti smeni tebe ako voopsto nemate sliki ili ako imate po neokja ili ako epten klavate?
Ми падна чудно. Ме аднува девојка, не се знаеме лично, преку пријатели, ми лајкнува по нешто на фб (јас пасивен) и гледам по некое време ме избришала. Дали е во ред да прашам зошто ме избришала од пријатели?
@Stark она ти пратила сигнали дека и се свиѓаш ти не си ја рецнал и изгледа си е од тој тип девојки која додава само потенцијални идни партнери, па те избришала
Ух овој женски мозок, па уште да трчам по тој мозок сосема че полудам. xD Ич не ми е логично, али ајде.
па ни жените не секогаш знаат зошто така постапиле, може и било од досада. Ако ти се свиѓа адни ја пак.