Епа тоа е, мора полека, треба уште трпение Ако молчи додека сте заедно не земај го за лош знак, тоа и’ е природно. Не те сфаќам ко 15 годишен, едноставно треба поблаг пристап, тоа ти го зборуваме цело време. И ако ти значи нешто, ова што го пишувам доаѓа од сличен карактер Најдобро ќе се опушти ако е во своето друштво со кое се чувствува удобно, па да се вметнеш во него ти е најдобра опција. Кога ќе дојде време за состанок, наместо на кафе покани ја на свирка или да гледате филм, нешто што потоа ќе даде тема за разговор. На кафе нема да ти прави муабет. И не размислувај многу ако е јасно дека и’ се допаѓаш, слободно можеш да преземеш чекор кога ќе сте насамо, нема да те одбие, срам ќе и’ е Се зезам де, ама тоа што се срами не значи дека не сака да и’ пријдеш.
Јели бе, Затрескан, ништо не те разбрав, некако си ми конфузен Ракови, шкорпии, лавчиња, мовчиња - ау тоа друга тема беше Чекај, година дена сте држ не дај со цурава или година дена се гледате? И она сеуште се срами? Аман бе?! Како и да е, да не се чудам, туку да советувам. Велиш дека си опуштен така? Биди поопуштен, убаво ти рекоа, заборави дека ти е девојка - потенцијална, актуелна небитно, мисли на неа како на особа, на пријателка со која убаво си поминуваш и зезајте се, отварај некои смешни теми, фори кажувај, прикаски за смешни случки што ти се десиле. Бар јас знам по себе, кога сум на дејт и ми импонира момакот, сва среќа што е зборлив па ми раскажува, и додека ми раскажува а јас се давам и засркнувам од смеење, веќе се опуштам. Јес да не сум од најсрамежливите, ама поентата ми е таа. Уз смеење човек повеќе и полесно знае да се опушти и да престане да се срами, па и да се разбори - така да спреми си еден куп на Еди Марфи прикаски и забавувај ја момата. Мислам глеј да ти се добри вицовите, пошто и сув хумор може да ја убие ситуацијата и однесе во сосема друг правец Ај со среќа и покажи и ги другите брзини, ова леров не е добар општо за колата, треба да ја имаш у контрола и да убациш во некоја брзина
Единствено што можам да кажам дека најголема пречка на девојкава е да го победи срамот кој што ја издаде дека и се допаѓам. Она знае дека го имам приметено тоа и сега кој знае што и се врти во главата??? А знае дека и јас ја свиѓам, па незнам што мисли во тоа мозочето нејзино? Ако сака пополека можеше ете да почне муабет со мене кога и пријдов нели да глумиме лудило демек другар другарка па си збориме итн. Мене веќе ми доаѓа без било какви зборови директно да ја залапам! На каква девојка налетав не ми се верува. Треба уште трпение? ЛивингГлам прочита ли ова трае повеќе од година!? Колку треба 20 години!??? Ауу каков комплициран тип на девојка. Сеуште не ми е јасна и мислам нема ни да ми биде колку и да ми објаснувате вие. Вакви работи кога се свиѓаат двајца не за година, се решава за три дена по експресна процедура! Се надевам дека на крајот ќе вреди. како и да е фала ви на сите особено тебе LivingGlam
Секако дека некогаш ќе и исчезне тој срам...Само треба ТИ да направиш да се чувствува слободно и опуштено пред тебе...Немој да и се филмаш,биди си нормален чоек...Поттикнувај теми на разговор,и никогаш не и вели да не се срами ...Со тоа повеќе губиш,отколку шо добиваш... Не и изразувај емоции уште веднаш,постави се како со другарка,за да можи да се опушти...Па после слободно во напад ...И секако,кога нешто ќе кажи ти согласувај се со неа,за да види дека нејзиното размислување ти се допаѓа и полека-полека ќе си се опушти... Доколку си некој "занес" ,пробај да изгледаш понормално како шо реков и не се филмај...Пожелно е да се има смисла за хумор,само се разбира ...без филмање ...И секако дека нема врска тоа што и си дал некакви знаци дека ти се допаѓа,со тоа дека не треба да се срами,баш напротив... Срамот не можи туку така лесно да се совлада,ако не и помогнеш ти...А верувај дека можиш,само треба да сфатиш како и е,да се поставиш на нејзино место и после се е лесно. Имај трпение и не оставај работите да се средат самите од себе ,ниту пак да ги среди таа ...како шо реков без твоја помош нема да успее Без разлика на тоа колку време поминало,ако оставаш од самото себе да се среди,тогаш не година и 5 ќе си почекаш п.с. а со девојката преку шо одржувате контакт? најдобро ти е на фб да си ја адниш и така да започниш комуникација...подобар лек од тоа нема ...колку и да се срами таму со сигурност ќе биди баагии поопуштена ... со среќа!
Затрескан, стварно си затрескан. Ти го прочитав проблемот, ги прочитав и советите за проблемот. Што се тиче моето мислење за овој случај, воопшто и ваков случај кој ми се десил мене, секако дека не би била толку индиферентна доколку и јас осеќам нешто за типот. Бар еве од некое си лично искуство, сигналите на мојот сегашен дечко пред да се фатиме беа јасни, јас возвратив на тие знаци и бидна се што бидна Така да, викаш дека и она ГАИ чувства кон тебе. Во ред. Ако е пичкиште досега требаше одамна да има веќе нешто. Не мора да значи дека секогаш тивка вода-брег рони, што знам, секоја моја претпоставка не е поткрепена со факт затоа што периодот е прилично долг. Така да пробај на картата хумор, навистина пали. Ако запали доволно, ќе заборави дека постоело некогаш лер. Досега веројатно и ти си требал да и се приближуваш на тој начин, не знам што си правел една година. Факт е дека не сакаш да ја напнуваш и слично, али ако осеќа и она нешто за тебе, досега требаше да градите добра врска. Не знам стварно, многу чудно. П.С: Остај хороскопот
Па различни друштва сме и се гледаме онака 1-2 месечно низ град иако е подолг период не се погодил баш момент да, не сакам да ја напнувам воопшто, сакам да и помине срамот и самата да посака и јас не сваќам зошто да биде волку комплицирано кога може да биде толку едноставно да само уште тоа фали ...... самата да посака џабе сите ние вергламе тука
Колку влијание имала девојката на Затрескан што дури и корисничкото име по неа си го напишал А што има привлечно во девојка што се срами тоа многу ме интересира, машко мислење за женски лик што се срами, си вика што ли се крие под таа срамежливост или машково си вика штом се срами ме свиѓа или ?
Па не мислам дека привлечноста лежи во срамежливоста, напротив тоа јас го гледам како бариера затоа што јас сум таков карактер но секој си е посебен. Тоа што ме привлекува нејзината срамежливост ми е баш многу иронично. Но судбината изгледа со себе носи и малку иронија. Сум имал и импулсивни врски и врски кои се развиле преку постепено приближување но ваква нагла привлечност а при тоа и толку голема срамежливост од другата страна изгледа има влијание на мојот карактер па ме држи во некоја игра на освојување. Што се однесува до срамежливоста конкретно јас мислам дека е добра особина затоа што во овој случај ме потсетува на скромност, умереност, смиреност итн, а не на срамежливост јас неможам ништо да направам во животот или пак срамежливост да се срами ко некој грев да прави. Нема тука никаков грев, нема срамење, ова е тоа вистинското!
@Zatreskan Јас ќе морам да се вклучам.Немој да се лутиш на она што ќе ти го кажам за твое добро е Прво,наивен си.Наивен и затрескан е опасна комбинација,со оглед на тоа дека многу малце знаеш за неа,пошто е мумија,или барем така ти се претставува.Типкава може стварно е срамежлива,но година дена драми no way.That's too much for my senses.Дури и да била загреана мислам дека е комплетно оладена Ако си пробал 2-3 пати и безуспешно е,MOVE ON.Нема поента.И не се обидувај да и бидеш доктор,или да чекаш да и помине срамежливоста.Она може цел живот да биде срамежлива. Не чекај на неа. Евентуално ТИ уште еднаш да се обидеш.Ако те откачи,никому ништо.Барем на чисто ќе бидеш.Не вака се измачуваш,па ти си во агонија.Јас мислам дека колата не е во лер,туку дека она ти удрила невидена вожња . Нема да ме зачуди да ја видиш у парк,позади некоја грмушка како орално задоволува некоја белосветска битанга под отворено небо,и додека ти онака на поминување ја поздравуваш изговорајќи го нејзиното милозвучно име,она не се сеќава на тебе. own: Биди посамоуверен и поодлучен.Многу се колебаш. Живели
Затрескан јас давам рака па и глава дека ти не и се допаѓаш на девојкава. Можеби си и се допаѓал пред една година, но сега не. Затоа не си го губи времето чекајќи ја и најди си некоја нова симпатија Си ја читај :- Чекајќи го Годо?
Иако е подолг временски период самиот период во кој имаше акција е многу краток, мислам од моја страна имаше акција она е у некој драма филм . Со девојкава налетавме баш скоро и од нејзината реакција (зјапање, потоа вртење глава и шантрање со ноџињата) не би рекол дека е оладена. ХардСекс се гледа дека си манијак ај другпат не се убацувај у вакви теми кај што има срамежливи, забегани и затрескани луѓе се шалам секој може да си каже шо сака и баш ми е мило што толку луѓе се убација во темава Лани првпат кога ја видов девојката прво нешто што си реков е дека не фаќам друга девојка дури не се запознаам со девојкава! И нормално кога ќе кажеш нешто обратно излага, не поминаа три месеци од кога ја сретнав лани летото ја подзаборавив малку неа оти никаде ја немав видено некој период па во град се смував со една друга девојка. По два дена ете ти ја кој друг ако не госпожата ја видов во еден кафич седи, мене крвта почна да ми гори и ми го облеа цело тело жими се ко дедо ми што ми има кажувано како му било кога го погодиле со куршум Што да ви кажам ова е некоја дигитал вајрлес хемија невидена и кон девојкава што се смував толку се оладив што и остана само на мување иако еве ја она уште ме замара од време на време. Од тогаш до сега се смував со уште две девојки но така и остана затоа што не можеа емотивно да ме издигнат на такво ниво кое посакувам. А јас се кладам дека ХардСекс досега ќе ги изебеше сите три Јас на почеток побарав само психолошки профил на срамежлива девојка а видете кај отиде работава.
Zatreskan Ако мислиш дека секс со девојка што ти се допаѓа е манијакална ствар,ти продолжи "емотивно да се воздигнуваш",јас ќе продолжам да е*ам. После неколку твои постови дефинитивно сум сигурен дека проблемот не е до девојката,туку до тебе е.Ти дефинитивно не знаеш што сакаш 5 минути ја сакаш,5 минути се муваш со други цури па ја забораваш.Па пак ја сакаш.Па бараш совети на форум.Па добиваш.Па пак не ја сакаш.Па пак ја сакаш,затоа што "хемијата" проработела.Која хемија? Штом е срамежлива си немал прилика да ја запознаеш.Значи само физиката проработела.Штом толку си приврзан за девојка за која многу малце знаеш,тебе нејзиниот карактер и не ти е толку битен.Што значи не ти е битно дали девојката "емотивно те воздигнува на одредено ниво",што значи ова што си го напишал за девојките со кои си се мувал и зошто сте прекинале е класична лажга.Во еден момент ти е битно "емотивно воздигнување на одредено ниво",а во следниот момент им покажуваш среден прст на сите оние девојки и машки кои искрено се трудат да ти помогнат,со фактот што викаш дека веќе не ја сакаш.Ако си збунет,седни и консолидирај се.Ако само се за*баваш,мислам си избрал погрешна локација.
драги затрескан јас мислам дека и девојката е затрескана во тебе и дека баш поради тоа и се срами ,можеби смета дека премногу јасно ги искажала своите симпатиии спрема тебе и затоа секогаш кога ќе те види се топи како коцка шеќерче на дожд исто и јас се топам кога ќе го видам мојот симпатија затоа што неговите другари ги забележуваат тие наши погледи кои си ги разменуваме , мој совет е да и пријдеш на девојката ,да ја поканиш на кафенце ,ќе поразговарате, ќе и украдеш бакнеш ... нема што да изгубиш поззз
Ај пробај го ова! Најсериозна сум, пробај го и може нема да се срами повеќе , сиот срам ќе и помине. Ако си сигурен дека и се допаѓаш, и дека само многу е срамежлива, па затоа и не ни зборува со тебе, тогаш ова ти е најдобра опција . Не зборува, никаков контакт нема воспоставено .... јбг, може ова е начинот . Добро е и тоа, да се распрашаш за неа, па муабет да почнете, и се тоа, али само повеќе ќе се срами, затоа вака уште одма покажи и . Цела година бре поминало ..... ако терате вака, за 5 години, ај може ќе прозборите