Тоа е оти женските се замарат и им обрнуваат внимание јас мислам луѓето се хранат кога ке видат дека зборовите допираат до тебе и ти веднеш глава, затоа и само женски се напаѓани, и за машките зборат и се етикетирани ама фала богу по со ладна глава размислуват.
Да ама и машко кога е етикирано така сите му завидуваат сакаат да се како него и они, додека за другиот пол не е така
Не, знам машки кои ги озборуваат лом ги прават па смрдел, па не се бањал, па плаќал простутки болен бил, дрогиран, и многу други работи ама не се замарат и се паѓа во вода, затоа и повеке сакам со машки да се дружам пошо пола жени емоционално и духовно неразвиени се чипирани да нели имаат морал и да одат по туѓи правила и правила од Библијата, покорност, нежност, невиност итн..Искрено повеке навреди и критики од жени сум добивала отколку од мажи.
Етикетирана? Кој е тој да те етикетира, Господ ли? или нема ништо во животот со што да се пофали па ајде со интимни моменти. Он сам се етикетира со тоа што зборе за други глупости, јас тие одма ги ставам на муте и за интима и за разговор и се а верувам и интелигентните и свесните женски не би биле веќе со таков. И јас имав вакви двајца ама не оставав со наведната глава и не потонав туку пред неговите другари реков ти порасна смоката ова што го кажа и тој ми рече а си пробала да знаеш и ја му реков пробав ама ништо не осетив само ме почеша, и од тогаш го нема жив, а другарите негови секогаш со почит ме поздравуваат здраво, чао
Сами ние луѓето сме криви за вакви размислувања. Накратко за врската на еден мој бивши другар: девојката скромна, фина дружељубива, тој "фраер" се и сешто правеше, таа молчеше. Раскинаа затоа што ја изневери со нејзина "другарка". После некое време таа најде дечко (негов пријател), а тој не можеше да најде девојка дури и за една вечер. Почна да ја навредува бившата со погрдни зборови, раскажуваше за нивните интимни моменти. Тогаш не навреди сите женски во друштвото, рече дека сите сме курви. Му го кажав следното: Ако женско легне со 2-3ца во друштво и се става етикета "курва", а ако машкото легне 2-3 другарки тогаш е "фраер" така? Почна да се смее, да се фали со тоа. Му реков: бившата твоја започна врска после 5-6 месеци од кога раскинавте, а ти ја вараше со 4-5 девојки додека беше во врска, така? Кој е тука поголема курва? Се насмеав, станав и се префрлив на друга маса, цело друштво истото го направи, остана сам. И еве ден денес не разговара со никој од нас, а од мене бега, ради тој негов "фраерлук".
Здраво, сакам да ми дадете совет како да стапам во контакт со девојче.. ? Имено таа е една година постара од мене, се знаеме во живо онака имам едно здраво што се вика.. Е сега проблем ми е незнам како да и пишам на фб или инстаграм.. На storinja и имам реакција пуштено а таа мене срце.. Мислам дека одамна помина модата на ЗДРАВО, КАКО СИ ? ШТО ПРАЈШ ? ШТО ИМА НОВО ?
Мани ги ваквите совети кои ти викаат да пишеш: "Здраво, како си?". 90% од тие таквите пораки остануваат на сеен. Далеку подобро е да започнеш со некоја тема која ќе дојде спонтано и е поврзана со вашите реакции кои ги разменувате. Пр. Објавува некое стори кое ти се допаѓа, па можеш да и пишеш во врска со него, завршувајќи ја пораката со прашање. На тој начин веќе имаш отворена тема за разговор, и е добра почетна точка за да се запознаете.
Едноставно не се замарај со таков клошар, очигледно уште пати по тебе па не знае како да се утеши. Мој бивши на мои другари зборувал како јас сум го оставила затоа што немал пари и како сум била до сегашниот дечко затоа што он имал пари , сељачки муабети ич не допре до мене тоа само си помислив колку е очаен. Кој што сака може да каже ако се замараме толку за кој што рекол каде ќе е крајот? . Не се замарај продолжи со животот такви клошари имало и ќе има за жал.
Чим до сега не сте пишувале досега ништо, не требало одма видео да и праќаш така наеднаш. Били многу убав совет ти даде. Остави тие реакциите на сториња, мене ми личат такви типови дека на секоја типка рекација праќаат. Тоа срце, уствари е лајк на реакцијата и не значи ништо. Можиш да почниш муабет на некоја нејзина објава на стори, или нешто интересно, корисно шо ќе објави на фб, не за нејзина слика, туку нешто друго. Ако тогаш не ти врати или онака гледаш дека е не заинтересирана, не и се пишува, или пак ви тргни муабетот, ќе видиш на шо си.
Мене ако ми се свиѓа некој и да ми реактне на стори ќе му вратам смајли или нешто слично, нема да глумам лудило. Очигледно е дека не и се свиѓа, нема потреба да и пишува дополнително.
Ти си кажа за тебе. Ама не и сите. Има машки шо на се наоколу реагираат битно да е женско само.Мене лично реакција не ми значи ништо посебно. Да е некоја ни лајк нема да стегни на реакција. Тоа дали ќе пише пак или не, негова работа е.
Иде конверзација во смисла леле порано убава бев, слаба итн... И сеа и доделувам комплимент (што и искрен сум и го мислам тоа), дека ми е убава и не гледам разлика од порано и сега. И ми вика твојот вкус бил многу скромен, бла бла. Не знам како да реагирам на ова? Мислење од страна на женски?
Па, речи и дека не сите очи гледаат исто и дека во твоите изгледа супер. Дечко ми така ми вика коа му викам порано бев поубава.