Бара од тебе повеќе комплименти да и' даваш, претранспарентна е. Си го критикува својот моментален изглед за ти да и кажеш: ,,нее, поубава си сега'' или нешто повеќе од тоа.
Не бе, имам чувство како да.. се потценува себе си, а мене ми вика мех твојот вкус, сите ти се убај девојки во смисла..
Е добро де, ти можеш да и даваш комплименти, ете давај и почесто, ама ако има таа личен проблем со самодоверба ти не можеш да и го решиш.
Ако ти мислиш дека таа мисли така за твојот вкус прво би требало да се потрудиш да и го смениш нејзиното мислење за тебе и да и покажеш дека имаш вкус за жени
Е како ќе и го смени мислењето тој, буквално ништо не направил лошо и кажал комплимент. Таа можеби си има проблем со сопствената самодоверба и таа треба да си го реши, никој не може да и смени мислење, таа сама може да смени мислење ако сака.
Со однесувањето. Тој пиша дека таа мисли дека сите девојки му се убави. Пример се излезени и тој ја загледува секоја како таа би се осеќала и што би помислила. Сепак тој најдобро си знае и најдобро ја познава ситуацијата како е со девојкава најточно.
Ако таа си има проблем со самодоверба не постои човек на планетава земја што ќе и смени мислење. Не е ни негова обврска тој нејзе да и менува мислење. Таа ќе седи ништо нема да превземе за својот проблем, тој ќе се мачи да и променува мислење. Секој човек за себе е одговорен. Нигде не кажа човекот дека тој се загледувал по други женски, од каде сега тоа...
Хипотетичка ситуација, таа убаво му рекла се, ама тој разбрал не ја доразбрал Инаку во право си, секој за себе е одговорен, кога ќе му се' разјасни се уште поодговорен ќе биде кон себе и времето со која го поминува.
Ама што не ја доразбрал, сега и јас не те разбирам точно што сакаш да кажеш Тој и вели убава си, таа му вели е да бе тебе сите ти се убави, немаш вкус. Проблемот е до неа, тој што згрешил, каде не ја разбрал?
Здраво девојки ми треба совет. Еден дечко мислам дека малку ми се допаѓа. Вчера ставив слика на фесбук (иначе сум многу ретко активна), ми ја лајкна, и веројатно се потсетил од таму па ме додаде он веднаш на инстаграм. Јас го прифатив, и после претпоставувам се сталкавме во исто време, и му лајкнав една слика. Потоа приметив дека и он ми лајкнал една слика, но не знам дали било пред моето лајкување или отпосле. Што е следно? Дали да му лајкнам уште некоја слика, али мислам ќе е упадливо. Или едноставно да пуштам ситуација па спонтано може некогаш ќе почне муабет преку стори или слично, или обратно. Знам дека е малце можда детски муабетов, но не сакам да сум ја таа што 'брка'. Знам што сакам, и имам храброст, не ми е тоа проблем, но порано имам ја правено први чекори (иако не премногу) и не вродувало со плод така да.. Знам дека секој човек е различен, на некои тоа би им се допаѓало и не би им сметало, други ќе ги 'олади', али не знам, сепак.. Мислење?
Пиши му ти прва. Нема ништо лошо во тоа девојка да пише прва само покажуваш дека се цениш самата и не чекаш некој да ти пише прв, не мислиш дека ќе ти падне круната ако пишеш прва.
Не дека ќе ми падне круната или дека немам храброст или нешто, едноставно не сакам пошто сметам дека првите чекори треба машкото да ги направи, машка карактеристика е, тој е ловецот и треба да се потруди, а ја сама да му пишам малце ко се да му олеснувам и не треба така. Мислам од тоа што све ние женските (ок не се, али многу работи) правиме први, машкиве веќе не се машки и не превземаат многу иницијатива.. @piksooki Се надевам ќе е така. Ајде ќе оставам некое време, ќе ставам по некое стори па ќе видиме дали ќе има реакција.
Круната уште ќе ти е на глава и да му пишеш прва. А иницијативата отпосле ќе ја видиш, дали има заинтересираност или не. Добро се познава дали сте на иста фрекфренција. Од едно здраво, ништо не губиш.
Здраво девојки, Ме интересира следново: 1. Дали вие ги "тестирате" машките за да дознаете каков карактер има, дали има самодоверба, дали е искрен и слично... Дали социјалните мрежи играа важна улога за да процените за каква личност станува збор (доколку да.. Тогаш на што обрнувате внимание мајмногу). 2. Кои се најчестите знаци/сигнали кои им ги испраќате на момчињата дека ви се допаѓаат. Покрај толку барање по форумов, не можев да најдам одговор на овие прашања. Ве молам за објективни одговори. Се најдобро!
1. Не баш тестирање, туку слушам внимателно што зборува и гледам што прави. 2. Ако некој ми се допаѓа, ќе му кажам.
1.Нема потреба од посебни тестови. Со време се разоткрива се. 2.Обрнувам повеќе внимание со таа личност. Буквално секоја секунда можам да пишувам со неа. Се покануваме на состанок дали тој дали јас не е битно. По некое време ако ми се допаѓа уште му го кажувам тоа.
Првата точка е многу незрела постапка и не би постапила така. Треба време за се. Па ако ми пише и му вратам и дебатираме со часови тогаш му давам до знаење дека ми се допаѓа. Ако ми пише и не му вратам тогаш ништо.