1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    1. Не тестирам. Одвратно е, знам дека јас не би сакала да ме тестираат. Од социјалните мрежи кај дечко ми забележав дека не се замара со луѓето што му се надвор од кругот на дружење, ова и ми се потврди во врската. Исто така, не сака да си ја изложува приватноста на јавноста.

    2. Доколку добијам прва сигнал, возвраќам. Срамежлива сум ама тоа не ме спречило да направам прв чекор. Најчесто тоа било додадување/лајк/пишување на соц. Мрежи, ама се има случено и муабет да направам во живо ако се такви околностите.
    Не сакам да сум нападна, а и не можам, па затоа гледам да сум по chill за да не ми е и мене тешко ако сум одбиена.

    Секако, сите се различни, ама со чукање на глава во ѕид и чекање некој да трча по нас не се постигнува ништо.
     
    На TheDongerino, Aqualina, Markian и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    1) Нема потреба од тестирање затоа што со текот на време секој ќе си го покаже своето лице,а и за искреноста,довербата,самодовербата треба време затоа што не секој е способен да се ,,отвори,, на првите запознавања. Познавам особа што пред други буквално можеш да кажеш дека е најладниот човек,а кога детално ќе го запознаеш ќе сфатиш колку во него всушност има добрина. Ќе се земам себеси за пример. Не сум тип на особа што брзо се вклопува во друштва или со сите да ми оди муабетот,не сакам секого и не со секого можам да пијам кафе,но кога еднаш ќе те пуштам да ми се доближиш значи ми значиш,се би направила за тебе. Врски,тестирања преку соц мрежи мразам,затоа што е една е реалноста,а сосема друга фб.инста,така да тоа настрана. Никогаш не сум мешала врски со соц мрежи.
    2) Досега не сум приоѓала прва на машки,а ако има некои знаци од нивна страна за кои и јас сум заинтересирана можам да иницирам кафе на пример.
     
    На La profesora, Aqualina и optimal им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    15.612
    Пол:
    Женски
    @optimal

    1. Тестирам (подобро да се спречи отколку да се лечи). На тема социјални мрежи сигурно нема да му кажувам некого што треба да прави и како да се однесува - очекувам личноста да е сама изградена и да е доволно свесна.
    2. Глупо ми е да давам нејасни сигнали, доколку некој ми се допаѓа се трудам - иницирам кафе и давам до знаење дека ми е убаво во присуство на таа личност. Не сакам кога некој ќе ми се крене во облаци и ќе мисли дека после ова јас ќе трчам по него. Веднаш ми станува одбивен како карактер.
     
    На La profesora, tina2018 и optimal им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    41.013
    Пол:
    Машки
    Како тестираш? Ги ставаш во тест ситуации, па очекуваш нивна реакција? Ги испрашуваш? Дај пример за тестирање.
     
    На cresa-jagoda, Alisa22 и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    15.612
    Пол:
    Женски
    Не им местам ситуации, таман работа да губам време на тоа. Многу заприметувам детали и да рече некој нешто рандом од ракав што се вели за да ме импресионира, се примеќа дека нешто не штима. Во дискусија се' се гледа, но повеќе ѝ препишувам на интуицијата. Нешто од внатре ми вели дека постои нешто друго во позадина. Не сум се излажала. Најчесто и онака се наоѓам на погрешно место во погрешно време, па не треба нешто многу да се трудам за да ја видам реалноста.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    41.013
    Пол:
    Машки
    Па тоа тогаш не е тестирање, туку согледување на карактерот и оценување колку е компатибилна личноста со тебе врз база на детали и интуиција.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, Aqualina и 5 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.791
    Допаѓања:
    15.612
    Пол:
    Женски
    Може да се тестира личноста преку разговор. Ако внимаваш што зборува. Исто прашање, од подруг агол ќе го испревртиш.
     
    На Dejan-Dejan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    Се е ова ок за оние кои се почувствувале повредени еднаш,сепак е испитување недостасува уште вперен рефлектор,сепак професионалците во лицемерие лесно го приметуваат ова и лесно можат да поминат со висока отценка како ок или врло добро,најмногу внимавајте на ситници но тоа никако не смее да премине во патологија,на премногу слатки зборови тие се во 24 часовна глума и страшно им е напорно и тешко и најмногу прават грешки во односот кон другите.Ако некој нивен однос кон друг не е добар,со текот на времето тој друг можеби да бидете и вие а тој да дели слатки комплименти на нова за жал жртва која му се восхитува на разговорот.И секако внимавајте на разликите помегу она кое го зборува и она кое го прави.
     
    На optimal, tina2018 и honey.11 им се допаѓа ова.
  9. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    1. Ме насмеа со првото прашање, тестирав кога бев помлада и кога не се потпирав на искуство и најмногу на интуиција. Најмногу внимание обрнувам на невербалната комуникација, толку многу говорот на телото откива колку што премолчувањето или кажувањето на нешто во завиена форма сокрива, затоа претпочитам директни и непосредни средби. Социјалните мрежи и се тоа ми е многу вештачко нешто, едно е слика друго е реалност.
    2 .Посветувам доволно внимание кое треба да му укаже дека успеал да ме заинтригира и да го заслужи тоа време и внимание.
     
    На La profesora, candy.cane и optimal им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.195
    Допаѓања:
    175.801
    Пол:
    Женски
    Многу прост и искрен совет во врска што жената бара кај мажот. Ако е за една вечер гледам 3 работи кои се важни и тоа Тесла, пари и коњ. И по тој редослед точно.

    Ако станува збор за поозбилно, би гледала да е психички нестабилен, да има проблеми со зависност ( како мене, за ова заедно да можиме да пренесиме на детето) и да биди висок ( пошто јас сум ниска и сакам детето да има малку надеж за својот иден живот. Речи "не" на жабја перспектива, дај шанса на птичја малку).

    Мислам дека мажот треба да се користи пред се за приплод и како главен лебоносач пошто ако можи да си дозволи Тесла, а то е број 1 критериум, можи многу поќе.
     
    На *Amethyst*, Anabelle.Amorette, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nemooooj

    nemooooj Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Девојќи, како да ве најдам ако не користам социјални мрежи? Ке земам да ги прашувам татковците дали имаат ќерќа за мажење, што друго
     
  12. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Излези, прошетај. Ќе запознаеш некоја преку друштвото можеби. Но реално за да ја продолжиш комуникацијата ти треба социјална мрежа денешно време.
     
    На Dejan-Dejan, candy.cane и Markian им се допаѓа ова.
  13. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    Дали има поента уопште да пишувам на девојче на инстаграм без претходно да се имаме запознаено во живо, пред коронова имав доста прилики за запознавање во живо и потоа да се допишувам и било со голема веројатност дека ќе ми врати.


    Сега , ептен крипи ми е , немам ни идеа што би пишал, дали со некоа селска фора или некое smalltalk прашање, едноставно изгубив мотивација дека уопште ќе бидам у ситуација да запознаам сродна душа

    Си пропуштив прилики дур бев студент, сеа у вие тешки времиња господ нека е напомош
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    Едноставно напиши и го тоа што ни го кажа нам, дека во нормални околности би имал шанса да и пристапиш во живо, но сега дека вака е единствениот начин да се запознаете.
     
    На Dejan-Dejan, poi, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Прати и оганче у дм :D
     
    На buba4e89, Veta, Ambrosia и 5 други им се допаѓа ова.
  16. TheDongerino

    TheDongerino Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Машки
    У старт да си пукам у нога, не фала :D
     
    На buba4e89, candy.cane и sleepy cat им се допаѓа ова.
  17. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Шш мала,имаш убава маичка, би стоела добро на подот во мојата соба хехехе (смајли со лажичка во уста)
    Шала на страна , нема за што да ти е глупаво.
    Почни разговор како што си почнувал порано, па ќе и го објасниш истото што ни го објасна нас едноставно.
    Таман ќе си го продолжите разговорот:D
    И ако не ти врати не е крај на светот, сите сме јаделе корпа некогаш, не е толку страшно:rofl:
    Биди опуштен, биди свој, не се обидувај да се прикажуваш поинаков од тоа што си само за да добиеш нечие внимание.
    Разговорот нека тече спонтано, и не очајувај доколку не се случи романса.:)
     
    На TheDongerino, cresa-jagoda и Elf им се допаѓа ова.
  18. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Машки
    Ме интересира дали и вие девојките оговарате како нас мушките, кога ќе помине "згодна" женска, и нели види ја какoв задник, гради итн...
    Дали ова истово се случува кај вас, т.е оговарање машки особи? :D:D
     
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    9.664
    Јас само ако има добар задник и убави заби и насмевка :D
     
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Јас почесто по женски се загледувам отколку по машки. Разликата е што не го правам тоа безобразно (леле какви цицки или за машко Леле му се оцртува ама му е голем :whew:) туку едноставно се восхитувам на убаво тело/лице/стил.
     
    На Regina.Phalange, Elf, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.