Не мешај работа со љубов, не знаеш понатаму со љубовта што ќе се случи, а на работа секој ден ќе мораш да одиш.
Колеги не може да пијат кафе заедно, мора да има нешто меѓу нив?? Не значи дека ако прифати да оди на каде има некакви чувства, многу погрешно е ова.
Има шанса да се запознаат подобро, па да искаже чувства потоа ако има заинтересираност од нејзина страна. Нема ваљда штом седнат на кафе да и каже те сакам, а не знае ништо за неа.
Сингл женски, на кого попрво би вратиле, некој кој ќе пише едно обично здраво, како си или некој со смешен или секси пикап лајн?
Хм, јас на првото би. Или пак може некој смешен пикап лајн, ама да не е ептен кринџи и веч видено... Секси, ноу.
Интересно е со смешен пикап лајн, ама да не биде тој клише и милион пати искористен. Секси не, подобро здраво само.
Ако на некоја си и атрактивен, ќе ти врати назад макар и точка да и пуштиш у порака. Нема правилник. Ова смешниве или секси пик ап лајнс, немојте. Значи немојте.
За запознавање, е супер. Ако за тебе девојката е само за физички контакт, тогаш во изобилие се мноогу такви кои сакаат дружба. Девојка е повеќе од гушкање, лапкање, секс и итн. Сè според приоритетите Може ја погрешна перцепција имам кон љубовниве односи...не знам
Се согласувам дека за запознавање е супер ама физичкиот контакт е пресуден ако се работи за нормални луѓе сметам, без физички контакт би била само некоја напредна платонска Љубов и тоа е тоа. Секако дека врската не е само за размена на флуиди, туку многу повеќе од тоа на многу нивоа. Можеби имаш погрешна перцепција и треба да си одговориш на некои прашања според логика, пример: Ако си жедна , треба да се напиеш вода. Не е доволно само да мислиш на вода. Мораш да се напиеш за да не дехидрираш т.е да се хидрираш. Исто е и со врските ; aко ти треба Љубов, треба да ја добиеш или споделиш , психо-физички , преку гест, убава мисла, гушка, бакнеж итн...
Ти како си фаќал пред Корона , и сега како фаќаш ? Мене ме фаќале во принцип , а и прашањето не беше за мене туку за сите општо.