Никоја нема да врати на реакција. Факт. Тоа мене ми е ко личноста да брза и ајде ќе стегне реакција оти ја мрзи два збора да сврзи. Или евентуално може да ѝ пише: кул си!
Не сум знаел дека реакција на стори значи почеток на комуникација. Ја па како лајкови си ги сфаќав. Колку наивно од моја страна.
Били, на реакција ако ти лајкне или не ти врати е ок, ќе се помириш полесно. На "Здраво" тешко некако
Јас и дм иако се запознавме прво во живо, уште го памтам моментот кога следниот ден на фб ми пиша само zdr И ништо друго, па јас вратив. Си викам барем здраво да пишел, ама пошто претпоставував дека е срамежлив па сирот од трема не знаел што. И ден денес го зезам за ова Инаку реакција на стори ми е некако...ко јас сум срамежлив да почнам муабет, на ти реакција, почни ти.
Јас мислам на ова прашање нема еден конкретен одговор. Секоја особа е различна и не реагираме сите исто на react на инстаграм или на здраво во порака. На некого react или едно здраво му се сосема океј за некој да започне разговор со него, а на некого не му се. Така што водете се по она што вас ви е поприродно да го кажете, а не се мислете многу како другата особа ќе изреагира на тоа. Btw, ова дефинитивно не важи за тие клише пуштања преку пораки и некои глупави филозофирања.
Јас кога ќе добијам реакција на стори само ја лајкнувам пораката. Освен ако не е некоја блиска личност па за да продолжиме комуникација. Искрено и да ми се допаѓа некој и тој некој да ми реагира на стори, пак само би му ја лајкнала пораката или некое смајли би му пратила ама со тоа се става крај на муабетот. Не знам што очекуваат машкиве да им вратиш на огинче на пример фала за огинчето, те запалив ли?
Корона тест(и двајцата) друже и решен проблем, што толку се насекира . Шала на страна, искрено многу ми е жал за помаливе што сакаат да излегуваат, да се дружат, да одат по дискотеки да се забавуваат, навистина многу лошо, ама ќе помине и ова, пак се ќе биде убаво ќе има и дружби и девојки и дечковци, бидете трпеливи.
Па и не сум толку млада , одамна го поминав тоа собирање по дома со друштво, дремење по пракови со друштво, па по дискотеки до 4 саабјле, цела недела чекаш да дојде петок вечер за да си ја видиш симпатијата. Се потсетив на убави времиња, за тоа ми е жал сега што младинава мора да седи дома .
Те запалив ли...кај ти текна Инаку да, најглупав начин е реакција на стори за започнување муабет. Демек еве ти огинче, пуштив водичка јас, сега на тебе е редот. Многу површно е. Поарно едно ,,Здраво" него така.