А после обичното здраво што следи ? обичното КАКО СИ ? ШТО ПРАИШ ? Подобри беа времињата на "глупата технологија'' ASL PLS ; тогаш барем бевме сите паметни. Посебно на инстаграм, сега, конверзацијата нема никаков конструкт за израз.. Лично користам за блиц муабет , а вистински муабет стрикно во живо.
Не ја тупете сите, се знае шо е најдобро и најреално. Запознавање преку социјални мрежи е жими мајка, ниту го гледаш, ниту ништо. Кога се запознавате во живо, ја осеќаш енергијата, му ги гледаш facial expressions, говор на тело, начин како се изразува, гестови и итн.
Одамна е умрено запознавањето во живо со развитокот на технологијата. Историја се времињата кога се шмекале на корзо. Сега во живо да ти пријде некој непознат ќе го мислиш за луд. А секое спонтано запознавање на рандом настан или преку познаници завршува најмногу со делење на контакт од социјални мрежи каде што продолжува комуникацијата.
За жал така е, ама тука постои моментот формирање на замислена слика за ликот од другата страна на екранот и за жал при средба во живо следи едно огромно разочарување, затоа што ти во главата си имаш замислено слика како таа личност изгледа во однос на нејзините гестикулации, зборувањето, однесувањето, па и начинот на размислување. Не сум за онлајн комуникација, а запознавање па ич. Old school сум си јас и убаво ми е.
Точно така, многу убаво објаснето. За последново, иста сум и јас, нема подобро од ова. Толку е одвратна лажната среќа и перфектност на социјалните мрежи.
Сите сакаме во живо, нормално ама тешко во денешно време Иначе и јас не сум за запознавање на социјални мрежи со некој што никогаш не си го видел, барем да се знаете од низ град па започнете муабет на чат, а тие што не ги познавам воопшто не ни прифаќам на социјални мрежи
Еден упдејт, фала на советот за пишување прво едно обично здраво, пишав на неколку девојќи и шо се знаеме и шо прв пат им пишувам, испадна многу по успешно него глуп пикап лајн .
Немој да пишуваш на поише женски од исто "друштво" да речам. Едната ќе и каже на другата "ејј абе овој ми пиша" и другава "и мене истиот" Ќе те мислат "женкар е овој".
Друже , да не си учел од Шабан како да правиш еквилибриум со спротивниот пол ? Немој маки да кажуваш на девојки, срамна манипулација е да ги фаќаш на емоции. За маките ќе си правиш муабет со другари или со машки , па ќе се посоветувате машки, а со девојки, треба да правиш муабет за убави работи и да им го направиш денот поубав,тоа е најмалку што можеш да направиш!
Ако жена сака нешто со некого дава знаци. Вечните ергени се мажи кои имаа преголема слика за себе од реалоста. Бараат некоја која е многу критериум над нив. Колку вакви мажи сум запозналаа... И ќе наполнат 40-50 години и уште ги имаат тие размислувања.
Како ли смее жената да има сопствени ставови и критериуми во изборот на животен сопатник. Жалните мажиња останале стари ергени.
Delimicno TOCNO gi ima koi mislat deka uste ne e rodeno zensko za niv ,no mnogu povece patat od strasna TREMA pa ostanuvaat sami za zal i posle 40 godina &
Изговори! Сум познавала моногу луѓе околу 40 и во тие моменти обично оставуваат неколку жени и мажи и пријателите пробуваат да ги наредат. И досега во сите случаеви жените прифаќале за средба и спуштале од критериумите а од мажите изговори,незнае да готви,дебела е, преслаба е ,постара е од мене (2-3) години и слично.За сите овие примери сум била посредникот. Во ред е да имаш критериум но кога во животот веќе поминуваш одредена возраст треба да бараш само другар,а да не наоѓаш без врска мани. И што е најсмешно сите овие жени биле во секој поглед повеќе од нив.