Затрескан, толкава срамежливост е чудна, колку сака нека е срамежлива девојкава па било тоа и социјална фобија не е можно некој цела година да и се свиѓа и ништо да не презема па уште згора на се тој некој да и пришол. Е сега кога веќе тврдиш дека е така како што велиш и ако НАВИСТИНА СИ СИГУРЕН дека и таа е "затрескана" треба да бидеш малку подиректен и поупорен, сакам да кажам да преземеш иницијатива а ти вака со гледање еднаш месечно и со едно здраво ништо не правиш, еднаш си и рекол дека ти се свиѓа, не сте останале на чисто и ти толку.. ништо повеќе, а да не си и ти срамежлив малку ? Шала на страна, може девојката си има некој проблем па и треба време да се отвори, дали семеен, дали личен, не сфаќај ме погрешно но може си има и друг во животот и не е заинтересирана како ти што си мислиш, затоа за да се увериш што е работата ќе треба да бидеш малку подиректен, јас не знам што чекаш ти уште, плус поповлечените девојки сакаат кога машкото ја презема иницијативата, е сега не сакаат некој премногу нападен фалбаџија кој се понаша како таа збор да не знае да каже, ама ќе и се допадне тоа да се потрудиш малку околу неа, ако е таа срамежлива не биди и ти како неа, ако не е заинтересирана ќе сфатиш, и последно (а се надевам дека не е ова ) ако си игра мајтап и тоа ќе го сфатиш...ваљда, а немој да седиш и да чекаш 20 години да поминат за да направите посериозен муабет
Незнам што ти објаснувам па на тебе, тука пробувам да се изрелаксирам а ти бе ме замараш бесплатно. Глумиш некој мачо тип а се јавуваш на теми каде се бараат совети од срамежливи девојки. Од кај знаеш ти како размислуваат срамежливи девојки. Не си ја ни прочитал темата ко што треба и ти баш збунуваш затоа што не знаеш што збориш и ја носиш темата во скроз друга насока. Манијакална ствар е пушење к*р по паркови а не секс со девојка ама на кого му објаснувам ова е последно што се спуштам на твое ниво. И за на крај глумиш некој ебач а сигурно ти е многу мал затоа што ако ти беше многу голем како мојот ќе знаеше дека неможе секоја да го дигне! Баш така и вечерта што убаво се спие кажи Може, ништо чудно и јас имав еден ваков период кога ништо не ми се правеше Приметив на форумов дека има многу исти или слични случки како мојата независно дали е од машка или од женска страна а тие се и оние кои најлесно можат да ми ја разберат ситуацијата. Добро е не сум забегал само јас Исто и различните размислувања ми беа од помош. Ви благодарам на сите феминки кои се вклучија во темава и за личните пораки кои ми ги пуштивте . Што и да се случи знаете како викаат од судбината нема бегање Повелете еден музички поздрав од мене, http://www.youtube.com/watch?v=7-IS46ea3Fw ви посакувам на сите повеќе среќа во љубовта и помалку да бидете срамежливи Текстот на песнава е крај! А и јас сум таму негде
Е вака сеа, знам дека мојов совет нема да биде баш на место ама мислам дека е редно време г-не ЗАТРЕСКАН за ја начукате женскава. Шала на страна, под начукување мислев пијте нешто жестоко, одма опушта.Знам спрема мене.. Пред некоја недела имаше еден тип и ептенн ми се свиѓаше,исто и ние немавме личен контакт, не се познававме добро ама затоа он со братучетка ми се знаеше. Ама не беше тоа тоа. И седиме во парк сеа и сите зборуваат јас ќутам, немав што да кажам. Едноставно го гледам и ми се зема гласот. Овој упорно ме прашува нешто, ми збори, пробува да ме опушти - ма не. Јок.. Само со да или не му одговарав, и погледот надоле . Иии на мојата фамозна братучетка, одма и светна една идеа пошто сфати дека го сфиѓам а неможам да се искулирам. Купивме ајде винце и бадел и назад во парк. Испив една чашка вино, една бадел и одма фатив да мелам. Не бев пијана ама се осеќав како да ги знам со години. Сериозно, алкохолот во некои случаеви многу е корисен. Пробај, неможеш ништо да изгубиш, можеш да добиеш. Среќноо и пиши што направи.
Прашање дали девојките одобруваат некој да им се пушта на КЕЈ? мое мислење е дека некат да бидат замарани додека возат точак ,ролери итн... ама ако може да се изјасните благодарам однапред
Ме насмеа прашањево... Пред некој ден, трчав рано сабајле, слушав музика, гледам некој од далеку ми мафта ли мафта, ај викам може го знам, одам накај него, со јазикот до земја од умор, а тој мене ме прашува дали сум сакала да се запознаеме Уф, збеснав, ќе го искршев. Значи, мене лично ми смета некој специјално да ме застанува и да ми се пушта додека трчам, возам ролери и слично, за други девојки не знам.Додека одмарам на клупа или слично не би ми сметало, ама да ме прекинуваат неќам
Ризик голем, мила душа Ако, девојката трча, брефта буквално, се поти, препотува, ставила слушалки на уво... значи е 100% посветена на тоа што го прави, тренингот.. батали ја. И најубав да си и најсуперски да и пристапиш.. шансите да вистински те примети се помали. За секоја друга, би рекла ти доаѓа исто ко и во кафич да и пријдеш на некоја, во автобус, во некоја институција дур чекате за документи или каде годе и да сте, а она згодна, ти ја посакуваш нејзината згодноча и то. Али, некој попаметен нека каже.
Тоа најлесно се препознава по самата девојка, ако е со екстра тесни(проѕирни) хеланки, шминка 3 тона, цицки на повидок онда дефинитивно тоа е и целта, некој да ја види и да и се пушти. Ако е најспортски облечена и посветена на тоа што го прави, ако ја начекаш кога одмара можеш да започнеш чисто муабет за трчањето/точакот/ролерките и сам ќе приметиш дали и годи или ја замараш
Мене не ми пречи воопшто, напротив ми е еден од најдобрите пристапи што машко може да ги направи. Во суштина и најмногу момци така ми имаат пријдено дали ќе ме тица со точак и ќе ми прави паралелно муабет или ќе ме избутка додека трчам шала на страна сеа не зборам да ја бутнеш у Вардар девојката, ама она од цела стаза онака случајно да се бутне во тебе е доста смешно Во последно време бидејќи трчам со ѕверот на комшијата никој не ми приоѓа Одговорот ми е дека не ми пречи некој да ме прекине во трчањето или возењето за да се запознае. Е сега друга работа се оние дежурните момци на стаза што им служи само за запознавање со девојчиња
Јипман брат јас имам едно правило - ЈАС ДА СИ ПРОБАМ ЗА ДА НЕ КАКАМ ПОСЛЕ ДЕКА НЕ СУМ ПРОБАЛ....Моја теорија е, и така и така сум без неа, ако ништо друго утре у диско ќе си кажам здраво - па мора да се почне од некаде нели? Затоа според мене - нема погодно или непогодно место за пуштање - туку секаде е погодно место
Мене чисто ми беше да прашам одкако раскинав , почнав да трчам на кеј и забележав голем број на убави и симпатични девојки па да си прашам , некако незнам многу луге што сум прашал ми одговориле тоа е последно место за такви работи а за пробување не , нема шанси кај ке успеам ја тамо со тие боженствени тела ... али сепак фала што ми одговоривте
Најди едно слатко, ептем слатко кутре ко во филмовите... и а ги видиш божествените тела, пушти го накај нив и ти као изненаџен и увреџен, како малиот ти избегал и пошол кај тие... оп муабет ќе падне за кутрето, од кутрето и за тебе ќе префрлиш Дур не пробаш не можеш да знаеш. И не туку испитувај што и како, убаво ти рече Мистери... во акција, па шта буде нека буде.
Значи да се пуштам и јас на трчање покрај кеј? Може ќе наидам на некој згоден и неопходен дечко Се шегував, зошто да не си ја пробаш среќата? Никогаш не знаеш каде можеш да најдеш некој/а што ти се допаѓа. Јас не би реагирала ко- Ллеле сељак! Но, нели сите девојки сме различни. Еден другар така меркаше една девојка долго време и со кутрето си ја чекаше ама сиротиот никогаш се собра храброст да и пријде. Туку зборот ми беше пробај си ти, па ако не успее може никогаш пак нема да ја видиш. А и што е страшно ако добиеш корпа, туф голема работа.
Јипман,и овој мојов мислеше исто како тебе,кај јас со неа,неможам,нема шанси да ја смотам,бла бла,па ми го зема умот веќе година време. Убаво ти кажаа девојкиве над мене. Нема да знаеш додека не пробаш. Е,ако ти удари канта,ти па кажи и Ти ма,како да работиш у кумуналното,си се размаала канти на велико! Во секој случај,едино што можеш да изгубиш е некоја девојка која не ја видела можноста (тебе ) навреме.
PROMENA VO KARAKTER devojki ako moze sovet od vas.imam 23 god. a mojata devojka 18.vo vrska sme skoro 3 god. vo posledno vreme se karavme za gluposti ama i jas ne znam bas sto e problemot za nasite karanici odnosno koj e vo pravo a koj ne.kako i da e vo posledno mn. se nerviram zatoa sto se osekam kako da ne e istata,odnosno kako da ne gi izrazuva custvata kako sto bese porano.znam deka me saka a i jas mn. ja sakam.samo ako moze sovet od devojkite zosto moze da nastane takva promena,zaradi karanicite ili ????sega se e ok ne se imame skarano vo posledno za nisto no seuste mi deluva ladno.se prasuvam kako da postapam i sto da napravam...
судејки по денешново стресно време па и немора да има некоја посебна причина за караниците,да постои сомневање дека можеби сте се оладиле но не е кратко време 3год. за да не се знаете доволно.Како што кажуваш дека знаеш дека те сака и ти ја сакаш неа тогаш најверојатно е некоја мала криза во врската што обично се појавува при долго идење пробај да разговараш со неа и едноставно прасај ја зошто постојано се карата за глупости види можеби сепак има нешто (да не има некое проблемче дома,со родителите и сл.) -мое мислење нема ништо да изгубиш ако седнете и разговарате отворено со разговор се се решава ова е подобар начин отколку да се испокарате за безвезе,кога веке толку се сакате сигурно можете да разрешите со разговор што се случува излезете сами и смирено на најфин начин разговарајте
the-boy, најискрено, проблемот е...сака внимание. Такви сме комплицирани суштества ние. Избувнуваме, цркаме, рикаме, па после плачеме и друг ни е крив, па сакаме внимание итн итн. (Лошо, знам) Велиш често сте се карале, епа токму поради тоа, таа почувствувала несигурност во врската, исто како и ти, и сега веројатно чека некој знак/потег/разговор со кој ке си ја вратите довербата и пак ке почнете да си искажувате љубов како порано. Истото го сакаш и ти веројатно, само проблемот е кој прв да почне. Почнете со разговор, завршете со прегратка и ветете си со убав, смирен разговор да ги решавате проблемите. Среќно.
мислам дека си во право calliope,фала мн. и на двете,ако е до мене ке се обидам да ве послушам.па ке видиме...
Момчеее Јас би ти препорачала еден РЕФРЕШ во врската.. Сменете некои работи помеѓу вас, излегувајте на други места, приреди и некое изненадување, а ?! Што велиш ?!
We like to call it PMS. Мала шала. Сигурен ли си дека таа не запознала некого? Јас ја имам користено таа обратна психологија,кога веќе не сакав да бидам со дечкото,абе не да му шетав по нерви,ми сметаше шо дишеше,а не пак за друго. Така го терав самиот да се отргне од мене,да мисли што и е сега,исто како тебе,и на крајот бидна како што сакав,прекинавме. Не знам за вашата доверба,али олку наеднаш.. Ако е период од некоја недела време,можеби и стварно е во прашање ПМС. Али велиш три години сте заедно,ти си 23,таа 18,најверојатно сето тоа ви е поминато.. Ти да не си имаш гревови од минатото,па таа сега да не ги дознала? Не знам за внимание,ако велиш дека врската ви е супер,не знам дали тоа и фали. Мислам дека е перидот три години заедно. Самиот тој збор. Смени малку,не мора секој ден да сте заедно,направи да и недостигаш,да те побара самата.. Тогаш и ти ќе видиш колку ја сакаш,а и колку таа тебе те сака. Пример. Ти вели да се видите вечер,ти и велиш не знам,се договорив со другари. Знам како ќе се осеќа,не знам дали ти прави проблеми за тоа,али ќе и помине. Некој викенд некаде,или пак испадни ти сам со другари таа сама.. Глупо ми е што ти ги кажувам советиве,23 си,сигурно си размислувал за ова,али мислам дека ништо нема да изгубиш,само ќе добиеш. Поздрав.