Леле Црешке ме изнасмеа. Ме потсети на случајот кога еден лик се жалеше дека го откачила овака затоа што дејтот бил ужасен. Се плашела корона да не фати. @Cvyka , ако сака, самата ќе ти даде до знаење со некој знак, со приближување и отворање на простор за да го направиш тоа. Секако, треба и ти да дадеш таков знак со body language, близина за да ги осети твоите вибрации и намера, а не да се понашаш скроз другарски. Кога ќе дојде тој момент, треба да дејствуваш. Ако гледаш дека не доаѓа, и нејзиниот body language негативно одговара на твоите знаци, тогаш најверојатно не сака и подобро е да се држиш на страна, па да пробаш на 2 дејт, ако го има, нели.
Јас на ова корона време би ми било страв и да излезам со некоја, а не па да ја залапам, а да ти кажувам колку понуди сум имал нема да веруваш на ушите. Немој да напаѓаш дур не се вакцинираш или не помине ова корона-чудовиште.
Немојте вака секој сам си е одговорен за себе, Ако трае 5 години коронава тој не треба 5 години да има нешто со некоја.Советиве нека ви бидат со прашањво повразни. Секој може од секого да закачи ...
Ќе биде со тек на време, чим успеваш да ги договориш на кафе подобар си од многу од нас кои ни до тоа не можеме да стасаме
И мени ми треба совет од женска страна. Јас сум маж имам 20г за да имам многу девојки што е најбитно да изгледам убаво како спортист или да бидам богат да имам скапа кола, стан и сл. И кои останати карактеристики се битни за девојките ?
другар да бидиш искрен да и покажуваш внимание на девојката ако сепак мислиш да биде нешто сериозно, некои девојки си имаат своја замисла каков да најдат богат со скапи коли ти треба да бидеш искрен пажљив пицнат сите неможеме да бидеме богати со станеви со убави коли
Со ваков став ни една нема да имаш. Дечко треба да имаш 1 девојка која ќе ја сакаш, цениш, почитуваш и ќе и бидеш верен!
Од старт имаш грешна перцепција. Немој да мисите дека на сите му е гајле, каква кола возите и колку пари имате т.е парите на тате според возраста шо ја имаш, тоа па ич. Повеќе ум и карактер, не харем.
@Entrepreneuer една од најбитните карактеристики девојките што ги бараат кај машко е да нема ваков мајндсет.
Како мислиш многу девојки? Треба да имаш една девојка, ако планираш нешто сериозно, и со неа да се однесуваш пристојно, да ја сакаш цениш и почитуваш, мислам дека тоа е најважно, а многу помалку битно е како изгледаш и дали си богат или не.
Црешке малку претеруваш со ова.Пандемијава трае година и кусур, не е еден месец. И јахта и таман си. Прво е битен твојот однос кон девојката, зашто ако карактерот ти е крш и убавината и парите ќе ти паднат во вода - ако збориме за озбилно. А во случај да не сакаш сериозни работи, тогаш па и не ти потребно нешто подлабоко. А ќе се согласам и со Вајлд горе што пиша, харизма >убавина.
Најбитно е да имаш харизма, да си добра личност, да имаш смисла за хумор (ама не глуп хумор) и пред се да имаш почит спрема женските, ако тоа го немаш како и да изгледаш, колку и да си богат се ти е џабе, привлечноста не доаѓа од таму.
Колку ли е среќен сега тој додека ги гледа коментарите на неговиот пост,без разлика какви се,, само да се привлече внимание ,,, нит е за смеење ниту за тажење човекот.
А на крајот на денот, секој стигнува до степен да има потреба да побара совет за некоја мака. Ама вака досано му е некој и ајде мајтап, а верувам дека овој лик во живо не го бива за муабет да направи.
Само да се надополнам на предходното мислење. Мажи што немаат харизма и не знаат како да привлечат женско мислат дека женските само поради изглед и пари избрале некој друг а не нив. Не сакаат да си признаат на себе си дека всушност не се толку привлечни и тоа е до нив а не до парите и изгледот.