ја би носел тест негативен не постар од 72 саати и че ти речам, а мори мачеее зшшш ме одбивашш, негативен сум.
Епа супер, сега ќе ти напишеме совети и ако успееш да станеш ко Dan Bilzerian како што то е желба,немој да не заборавиш. Малку промоција после
Ако ти речам приватен авион ќе одиш и ќе купиш? Основно нешто на сите што му е потребно е љубов и поштовање. Зошто одма на материјално мислиш не знам. Пс: Прашањето незгодно ти е формулирано првенствено.
Првен научи дека не треба да имаш многу девојки истовремено туку една, па после мисли му ја за другите карактеристики. Да бидам искрена, не сум ни изненадена што немаш девојка чим прашуваш како да имаш многу девојки. Ни една девојка што сака сериозна врска не би си губела време со тип кој мисли дека треба да има повеќе женски и скапи коли, куќи, вили за да ја освои. А од карактетистики, се влијае. Харизма, начин на разговарање и однесување, да има хемија помеѓу вас, изглед.. Да не се лажеме, изгледот е многу битен.
Очигледно погрешни мислења и стандарди има. Да ми дојди машко со вакви размислувања, јасно ќе ми е се.
Само и само Љубов,затоа што некогаш од Х причини може да има почитување но да нема љубов и што со тоа,а кога има љубов само тогаш има се ,вклучително и почитување.
Што го напаѓате детето, убаво праша "за да имам МНОГУ девојки". Треба да си згоден и да бидеш милионер, да имаш убави автомобили, вила, јахта... И најбитното, да не живееш во Мк Може и ќе наидеш на девојки кои ги ценат повеќе овие работи. Среќно во потрагата
Имаш печатна грешка, прашуваш како да имаш многу женски, а си пишал маж 20 години. Коа ќе сфатиш што им е битно на девојките ќе станеш маж. Среќно!
Не пишав дали имам сфатено, можда незнам ни ја Па еве нај општо, мислам на повеќето им е побитно што има у главата, отколку што има под маицата или во џебот. Ама еве ти си веќе во брак, па ако сакаш може да ни кажеш тебе што ти било битно
Многу сакаш Една малку ти е?харем да не отвараш? Ти си маШ а маж ќе станеш кога ќе поработиш на една девојка што ја интересира и како да имаш една девојка. А не повеќе Основни работи Внимание,Харизма,Емоција нешто такво си чул?
Добро прашање... Кога решив да барам партнер за 'сериозно' : -Да е постар од мене, да е повисок од мене и да не е некој пола од мене (пошто сум дебела) ... ова оти мене лично не ме возбудуваат млади и ситни чоечиња - не се осеќам ко 'жена' покрај такви. -Наредно беше да имаме заеднички муабети, слична смисла за хумор, отворен и искрен пристап, взаемна почит - овај дел беше пресуден. Ама ако барам некој за провод... првото важи, второто, ич! Благо речено: Не ми е битно к*р дали знае да го цитира Карл Саган.
Првото. Ако си убав, девојките ќе те посакуваат тебе. Ако си само богат, ќе има такви кои ќе ги сакаат твоите пари, тебе тешко. Останато што ти е потребно....зависи индивидуално, од девојка до девојка. Многу е важна привлечноста меѓу двајца. Коректно од твоја страна е да покажуваш манири и почит, па сега, секоја бира како таа преферира.
А што е ов игра со волци и пленови, како тоа да нападнеш јас никогаш не би ти дала ако ме гледаш како плен кој чекаш да го нападнеш.