Со ништо предизвикана ми вели здраво лично не се познаваме,ја аднав на фб и ништо не се случува,пред некој ден повторно насмевка и здраво, незнам што да мислам а несакам да си правам филмови,но девојкава сериозно почнува да ми ги окупира мисливе.
Инаку и ја со комшивките си викам здраво а не ги познавам. А ги имам на соц.мрежи. Исто си викам здраво на луѓе кои не ги познавам но ги гледам/разминувам секој ден. Ја до сега мислев дека културно е да се каже здраво на човек... Да, бољи да не си правиш филмови. А ако ти се свиѓа, на следно здраво застани ја и викни ја на кафе...
Здраво Феминки. Ми се разви некој комплекс во мене за носот, и последниве 2-3 месеци само се нервирам окулу тоа, почна да ми станува терет душевен... бидејќи барам некој си спас во самиот себе, се одлучив и да прашам дирекно мислење од страна на женската популација. Имам благо грбав нос, до пред некое време и не му обраќав внимание, си живеев така, но пред 2-3 месеци ми влезе потсвесно како некои си комплекс и ме мачи тоа буквално секој ден. Не е претерано грбав, но сепак не е ни прав.. па ме интересира како вие девојките гледате на тоа кај машките? Дали носот на едно машко е една од најбитните физички работи што ги приметувате, дали тоа би можело да ви биде пресудно дали да имате таков дечко или не? Би ве замолил за искрени одговори. И ако не ви е проблем, доколку можете да наведете што конкретно за вас е пресудна работа дали со некого ќе бидете заедно или не? Ви благодарам од срце на сите!
Она што е најбитно е да се прифатиш самиот себе онаков каков што си и како што те дала природата, да се сакаш самиот себе, а не да се запрашуваш дали девојките прво што гледаат е крив нос и дали тоа е пресудно некоја да не биде со тебе, зошто верувај и таа некоја не е совршена, никој не сме. А ако ти лично не си задоволен со тоа што го гледаш пред огледало, ти буди немир, незадоволство, па и за тоа постои решение-пластична хирургија. Овен Вилсон, Адриан Броди на нив ми текнува дека имаат несовршен нос а баш и носот ги прави специфични, свои и единствени. За мене лично отсекогаш била пресудна харизмата и смислата за хумор.
Ниту еден маж или жена не е совршена...не постои совршен човек и нема потреба толку да се трауматизираш околу тоа. Прифати се себе си и сакај се себе си онаков каков што си. Мислам дека кај ниту една жена не е пресуден совршен надворешен изглед, тоа ние наметнато од социјалните мрежи каде што можеме да видиме добро обработена пластика.Реалноста е сосема поинаква.Еве мојот партнер е малку дебеличок, јас имам мали гради....битна е харизмата, енергијата која ќе се воспостави меѓу луѓето без разлика дали се работи за партнери или другари. Еве лично за мене некои такви да ги наречам различности бидејќи не се маани и не се недостатоци никогаш не ми биле пресудни да бидам со некого. Така да само опуштено и уживај, на личноста која ќе сака да биде со тебе или која можеби е со тебе сигурно не би му било битно или пресудно твоето носе.
Јас воопшто не одговарам на никакво reply. Ако мислиш дека е нешто посебно или привлечно така да пишеш, не е.
Дали мислите дека Индија и Кина отсекогаш биле над милијарда луѓе? Баш би сакал да знам, дали жените погледнуваат во биоритам, следат ли некоја месечна шема, кога би сакале некого да запознаат, во кој дел од месецот. Дали размислуваат во старт за фамилија или концептот за забава е длабоко навлезен во фантазијата, иако е бизнис нуспојава. Имам многу дилеми, ама да почнеме од најосновните