Која е целта шо сакаш да ја постигниш со прашањата? Машки шовинизам? За да има милијарда не треба само жената да гледа во кој дел од месецот, ниту па само неа да и' е забава. Ако ти е тоа поентата.
Јас не сфатив ни совет дека бара. Ти бар до некоја логика си стигнала Иначе, ако бараше за тоа совет дечко, ништо не гледаме, ни ден, ни месец. Ти мислиш така милијарди луѓе се прават и раѓаат, со пребирање Сарказам е бтв, оти не верувам да се разбираме Џизс
Размножувањето не го измислиле мажите, па да биде само машки шовинизам. Тоа е во генот на секое човечко суштество. Но дали во старт на врска се размислува за тоа? Несвесно се бира компатибилен партнер или треба да се вршат медицински истражувања за компатибилност?
Традицијата во тие две земји е присутна во сите пори од животот, па и во стварањето семејство. Затоа ги спомнав, а и бројките.
За фамилија се размислува, кога ќе ти се погоди партнерот. Скоро 20 имав, само со еден сум сакала да имам фамилија. Ене го 'изборот'... се бања.
Секакви коментари, само не и совет. Ај поедноставно, да не речам со заокружување. Дали жените веднаш размислуваат за фамилија, деца, семејство кога бираат партнер? Да ви биде полесно, одговорите да бидат само со да или не. Ако сакате да останете во рамките на темава. Да не барам помош од тимот за чистење и одржување ред на форумов. За оние кои прочитале до овде, во зависност од одговорот, следат дополнителни прашања. Главната награда е вистинска слика за самите вас.
Тоа бе диво, тука е некаде и одговорот на цела дилема. Во што се погодивте? Во размислувањата за Плутон како планета или не?
Сендвичи од тој што ќе ти се погоди со некој рандом или двајца рандом? Ова би бил добар совет. Сите ќе слушаат внимателно
Сакам да бидам со него, убаво ми е со него, се чувствувм исполнета, сакана и среќна, за се' можеме да разговараме, имаме слични ставови, имаме слични очекувања, слични вредности, ... итн итн... И деца не посакав веднаш... Всушност, не бев сигурна дали воопшто ќе сакам да имам деца некогаш. Знаеше тој и пред да стапиме во брак.