Тогаш не спомнувај дека не се бара совет од жена и матријархат. Прашањето Дали жените? - е генерализирање. Одговорот накратко е: не. А надолго: фамилија и деца мене ми се последни на списокот, а може и воопшто да ги нема. Прво сакам мир, почит, да не ми се однесува супериорно само дека е маж, да имаме слични цели, желби и потреби. Плутон не мора да е планета и за двајцата, добро е некогаш и спротиставени мислења, да има за шо да се дебатира. Ај сега ти одговори на истото, ако сакаш.
Офф зависи ако нема пари чао ни за партер не го сакам а па не да основам фамилија. Колку поголеми цифри на сметката во банка толку поголема желба за он да биде среќникот
Да. Како краток одговор. Инаку би имал храброст да кажам и дека за 99 проценти од мажите е така. Матријархат спомнав од историски причини, постоел, па бил надминат, што не значи дека нема пак да се појави. Колку и да сме себични, телото е склоп на гени и испрограмирани акции. Главната цел на секој организам е една иста. Но дали ја прифаќаме со лесно или оставаме несвесно да не води натаму наваму, додека случајно не се погодиме со некој? После 20 обиди, после 100....
Добро еве има пари, за што би ги користела? За 5 авиони и 3 хеликоптери? Колку пари треба да има, за да му родиш 5 деца?
Ти ако сакаш да имаш брак и фамилија, не значи дека сите тоа го посакуваат за себе. Тебе ти изгледа дека менувањето партнери е 'несвесно водење натаму наваму', ама не е. Нема ваљда со првиот што ќе се нафати да се омажиш и да изнараѓаш десет деца, без разлика дали можете да живеете заедно, или не. А ако си вака арогантен и со девојките во твојот живот, ич не би ме изненадило да не сакаат 'да ти ја продолжат семката'. Не сме инкубатори. Луѓе сме. Со разум и чувства.
Го утна превозното средство. Јас за јахти, бродови и други пловни превозни средства сум повеќе. Иначе под 5-6 билиона за толку деца не ни правиме разговор.
Да, размислувам, во смисла да бегам на километри од некој опседнат со фамилија и деца што си бара жена за расплод. Satisfied?
Одиме натаму. Дали пред да ти стане сексуален партнер имало подлабоко запознавање или не. Дали било обид за фамилија или само секс за забава? Кој се изложува на можност да биде разочаран? Зошто би влегла во сексуална врска, ако не за фамилија? Чувствата оттука знаат да збунат. Телото очекува едно, а добива друго. Не знам само кај виде ароганција. Го амортизирав првиот женски напад, со нокти во очи, ама разбирам, прашањето е табу, веќе подолго време. Откако се изгубија традициите кои и овде постоеле. Ама ете разговараме
Не satisfied. Никогаш не разбрав зошто жените секое прашање го разбираат премногу лично. Не прашувам за мене. Советот е генерално за сите нас.
Значи, во тој случај, они биле искористени, ако добро разбрав. Во старт немале шанса да бидат во добитната комбинација.
Зависи шо претставува себичност за тебе. За мене е себичност да имам фамилија и деца само поради тие испрограмирани акции. Тешко нам и тешко на тоа дете ако го родиш по секоја цена. Во ионака пренаселена планета, пет деца се посебичен избор од ниедно. Телото не очекува ништо, очекува мозокот затруен од религија, продолжување на нацијата или презимето, очекувањата на мама и тате да имаат внуци. Ми личи како сексот да е табу тема, ако не е за размножување. И дали случајно си реинкарниран втор профил? Така ми личи.
Еве ти совет 'генерално за сите': Потруди се да ја заслужиш нејзината љубов и наклоност, а не to demand it. Ништо не ти припаѓа по дифолт.
Од старт никој не знае што ќе испадне во иднина.. Ама ако заслужиле, ќе сум останела. Очигледно, не ги бивало (и не, не зборувам само за секс)
Твојата листа е барем мала, бројот на тие со над 5-6 "билиона" не е голем. Треба само да одбереш редослед
Been there, done that. Одиме натаму. Кога ги кажувате тајните кои никој освен вие не ги знае? Пред муабетот за фамилија или отпосле?
If you were there and done that, немаше вакви прашања да поставуваш. Те напушти девојката? Се прашуваш што си згрешил? Нејзе прашај ја, ние не можеме да знаеме. *Пред фамилија... пред брак... пред воопшто да стане сериозно