1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Coca-Cola

    Coca-Cola Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Помош

    Можеби оваа тема не е за тука но би сакал да ми помогнете.
    Знам дека ова е женски форум но се надевам дека ќе ми помогнете бидејќи јас сум машко.
    Па вака имам 15 години можеби сум уште мал да имам девојка но имам голема желба за тоа. Една моја другарка почна да ми се допаѓа и тоа многу, многу сум близок со неа дури и понекогаш спие кај мене. Би сакал да ми помогнете како да и го ''освојам'' срцето, како да ја заведам? Сакам некој совет.
    Поздрав, чекам одговор
     
  2. Wonder

    Wonder Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Помош

    Според мене за да и го освоиш срцето јас мислам дека прво треба да знаеш некои од нејзините желби (сигурно знаеш некоја рече дека ти е другарка) и да се потрудиш да и ги оствариш.. сега сигурно дека нема да можеш да ја одведеш на Хаваи но (ако таа се согласи) можете да возите велосипед, да играте нелутисе човече заедно, да одите на прошетки и такви други работи. Се надевам дека помогнав.
     
  3. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Помош

    според тоа што го кажа мислам дека сте многу блиски, онака како најдобри другари нели? мислам сте биле нонстоп заедно, спиела кај тебе.....чим е со тебе значи си и интересен така да ти останува само да и кажеш дека ти се допаѓа па види како ќе реагира
     
  4. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Леле душичка,15 години. :wasntme:
    Интересирај се за неа,гледај да не и биде досадно со тебе,нормално,тоа не треба да биде еднострано. Можеш прво одоколу да дознаеш дали и ти и се свиѓаш на неа,да не испадне после многу трагично ако рече не. Можеш преку некоја нејзина другарка,а воедно и твоја,да ја распиташ ова она.. Пиши и некоја порака одвреме навреме,чисто како е,да знае дека мислиш на неа. Нас тоа ни се допаѓа. Но не биди нападен,ниту досаден. Скромно. И пред се биди искрен. Биди ти,немој да ја лажеш за ништо,скриени намери исто така не идат во пакетот. Или пак кажи и отворено дека ти се допаѓа. Знам дека можеби ти звучи малку страшно,но напредна младина е оваа. ;)
    И уште една работа. Ако доаѓа кај тебе да спие,или те смета стварно како добар другар ( верувај,тоа постои кај нас женските) или и ти и се допаѓаш,па чека на тебе,дека е срамежлива. Али ако ти каже не,немој да се секираш. Има и други риби во морето. :)
     
  5. Coca-Cola

    Coca-Cola Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Фала на советите па ќе се обидам :)
    Поздрав :*
     
  6. giorgoxx

    giorgoxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Не знаев каде да го поставм прашањето, се двоумев дали воопшто да го поставам ама ајде кога веќе се зачленив... Вака има една девојка, преубава е мислам навистина е многу згодна и сето тоа сите ја забележуваат, само малку е ладна и повлечена со луѓето. Знам, од една нејзина другарка разбрав дека имала некои семејни проблеми во минатото и оттаму е малку така ... се држи на дистанца. Е јас нормално и приоѓам и сето тоа и на почетокот е се во ред но после како да ја фаќа некој срам или нешто страв па пак се повлекува. А забележувам дека кон мене има некако поинаков однос отколку со останатите, расположена е кога ќе ме види се насмевнува што не е случај и со други луѓе, а знам дека и се пуштале досега само ги откантувала а со мене не е така. Но после некое време пак си поставува самата бариера. Е пред некој ден бев подиректен, воспоставив и физички контакт но само се поцрвена и си замина така, не сме се виделе оттогаш. А си мислам да инсистирам повеќе таков сум по природа така сум правел и со други женски ама со оваа не знам колку ќе ми успее плус никогаш не сум бил до толку заинтересиран. И си размислувам нешто да не е поради мене зашто ме знаат така дека сум имал повеќе женски па да не и е страв да сака да почне нешто ради тоа? А стварно мислам дека со неа би се смирил ама проблемот ми е не знам дали да одам на право со сите овие работи и да и ги кажам или да продолжам вака малку по малку зашто стварно не ми се чека веќе. Па неколку советчиња ако може вие како жени што мислите?
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Постепено, јас би ти препорачала, но доколку си сигурен дека девојката има некои чувства кон тебе, ако озбилно чувствуваш дека е заинтересирана. Може да е да си става ѕид чисто за да не биде повредена, поради х причини, пример ако претходно била во врска и била повредена, плус од тоа што знае за тебе и е дополнителен товар, а друго веќе си е ако едноставно нема воопшто никаква намера да е со тебе, а чисто онака и ласка твоето внимание, па се опушта на моменти и после пак се сепнува, кога ќе почне да мисли со мозокот :)
    Ако си сигурен дека има нешто, ако така чувствуваш, оди постепено, запознај ја и ти поубаво и таа тебе. Биди малку „другар“ демек, не е тоа баш другар, а приближување... нека те запознае, нека види дека има во тебе повеќе одошто тоа што го знаат другите, покажи и го не со зборови а со дела тоа што го имаш кон неа и тоа е.
     
  8. giorgoxx

    giorgoxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Не верувам само да и годи моето ласкање зашто со ласкање е опкружена само таа не го прифаќа. Мислам не претерувам ама типкава е стварно занесна одма паѓа в очи. Кон други мажи се однесувала игнорантски додека со мене е поинаква. Другарски пристап? Па ајде да се обидам ама мене не ми се чека баш, не сакам многу другарство пред врска ама ако е неопходно и тоа ќе го направам. Мада можда ќе биде подобро да продолжам со директноста, барем уште еднаш да се обидам. Само не знам дали би имало позитивен или негативен исход. Во недоумница сум.
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.482
    Пол:
    Женски
    ако не пробаш нема да знаеш и мислам дека сепак би ти бил подобар дирекниот пристап, и самиот кажа дека типката за тебе е нешто нај нај епа не се откажувај. еве јас лично кога знаев дека се работи за такви што предходно излагале со сите колку и да ми се допаѓал намерно сум му мавала корпи за да видам дали ке биде упорен и дали му е до мене или му е само да излезе и да се смува, имаше еден така го реметев година ипол и на крај сепак излегов со него. упорноста се исплати но само ако знаеш дека не е рамнодушна кон тебе
     
    На giorgoxx му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ако ти се ризикува.. не ти се чека пробај. Или ќе успееш или не. Ама, не мора да значи дека дури и да не успееш сега, ако евентуално останеш, се задржиш таму некаде во близина нејзина, твоето нема да си го истераш. Упорност, ако веќе ти е битна девојката. Си знаеш бар тој дел, како ти бил со другите девојки, дури и оние што тешко се освојувале. Мислам дека многу се мислиш. Пробај ризикувај или џа или бу.
    Прво мислев срамежливо да не е девојчето. Кај таквите директноста ќе ги исплаши и ако отидеш со директност, може после поинаку да те гледаат. Ама, ако е атрактивна и сите ја приметуваат, си знае таа за атрактивноста... така да делувај.
     
    На giorgoxx му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.482
    Пол:
    Женски
    ехее мислам дека од мене нема посрамежливо девојче па не ме плаши дирекноста напротив баш сакам да ми каже одма а не да ми врети од сите страни, жапче имаш право премногу се мисли.
    не размислувај толку многу или ке биде или нема да биде
     
  12. giorgoxx

    giorgoxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Добро де се мислам, сега и мене ми е чудно прв пат ми е вака да се мислам, и само уште ова ми текна за атрактивноста, таа на моменти се однесува како да е свесна и знае да те шармира, но наеднаш како да се сепнува и престанува, како да губи самодоверба и тогаш почнува срамежливо да изгледа, јас знам како функционираат срамежливи девојчиња, сакаат машкото првиот чекор да го преземе, што мене не ми е проблем туку баш и задоволство ми е. е сега ако е како што велите ако сака да ме тестира, да си игра топло-ладно со мене тогаш и успеа, и јас сето ова ќе и го кажам ќе бидам директен, ама ако пак и после тоа продолжи да си игра, е тогаш и јас ќе почнам да си играм топло-ладно па да видиме како ќе реагира тогаш, дали ќе и биде сеедно. Фала како и да е. Мислам дека ќе ми успее директно
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.482
    Пол:
    Женски
    ајде со среќа па извести не што ке направиш
     
  14. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    giorgoxx девојката која ја опишуваш како да сум јас :x :D искрено многу се пронајдов и моментално сум во таква ситуација :$ Мој совет е да не брзаш дај и време на девојката, очигледно е дека и треба.Точно дека искреноста е најдобро нешто но ако ти веднаш и признаеш чуства може само повеке да ја исплашеш и не се знае дали друг пат ке ја видиш (има личности кои се плашат од дирекност и тоа го чуствуваат како вршење притисок)Значи штом таа те тестира (истото и јас го правам :) ) значи таа не е сигурна за тебе, сака подобро да те запознае и да види каков тип си.Не е сигурна што чуствуваш за нејзе и дали ако би биле заедно би успеал да го трпиш нејзиниот карактер па затоа ти поставува игри :) Играј ги нејзините игри и докажу се,докажи и дека ти значи и дека нема да се откажеш.Ако и одиш контра и почнеш да и вртиш грб и тн. таа ќе изгуби доверба и ќе се разочара и автоматски ке си направи филм дека не си за неа.Штом таа тие се насмевнува и се зацрвенува кога ќе те види доволно е за да сватиш дека и се допагаш (за женските тоа се големи знаци :D ) Затоа внимавај како се однесуваш :P обрнувај и внимание и не се разочарувај од тестирањата бидејки некои нешта брзо се менаваат :|
     
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    giorgoxx кога го читав постов како за мене и за дечко ми да зборуваш мислам на почетокот кога се запознавме :D и јас како и другите девојки ќе ти кажам да бидиш упорен и лесно да не се откажуваш бидеќи можеби е страмежлива или пак имала некое лошо искуство па сега не сакам повторно да го преживее тоа и затоа е повлечена но ти докажи се дека немаш намера да ја повредиш и дека не си таков како што те знаат другите а и самата ти дава знаци дека и се допаѓаш со незиното поцрвенувајне кога ќе те види и насмевнување па да и време да те запознае и не брзај многу сигурно ќе успееш да ја освоиш ;)
     
  16. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Мило ми е што гледам дека темава станала активна. Кога ја отворив сите се држеа до стилот дека машките не барат помош. Браво за девојките гледам завршиле добра работа и помогнале . Морам да го пофалам и Mistery секоја чест, има напишано супер мислења и ставови. П.С Mistery мој тип на машки си.
    И би сакала да расчистиме околу мислењата на женските . Не ми е јасно зошто толку се држат до тоа дека машкото треба да им пристапи прв. Според мене тоа се демоде сфакања на минати времиња. На пример сум излезена надвор и ми се засвига некое машко, јас ке се држам до тоа дека тој треба прв да ми пријде, а тој може не ме ни видел. За да ме забележи би можела д поминам покрај него, но може е срамезлив и што има корист од тоа? Јас цело време ке чекам тој да ми пријде и додека да трепнам вечерта поминала а утредента ке си ја тупам главата зошто не сум му пристапила јас. Епа девојки една порака до вас животот е полн со можности па затоа треба да бидеме храбри!
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Да прашам дали би се сметало романтично да испееш една песничка на некоја девојка? или како добар потег дали би се сметало тоа?

    ама не баш романтична песна како на филм , него онака песничка
     
  18. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Зависи од девојката , мене на пример не ми се допаѓа некој да ми испее песна .
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јапмен од мене имаш зелено светло ако се работи за долга врска.
    Би било романтично и убаво.
    Сепак зависи тука и дали се работи за некој повод или слично, и дали имаш некаква намера да постигнеш нешто со тоа.
     
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ако девојката сака романтики, премило ке и` е. Ок, знам дека рече дека не е како на филмовите ама сепак, на неа тоа ке и биде поубаво од било која „филмска“ песна.
    Дури и да не е по такви работи, пак ке и` биде мило што си се потрудил околу неа, си ја мислел и слично.
    Како и да е, ништо не губиш. Go for it. :up:
    Единствено ако е некоја ептен отепана па глупаво да изреагира на тоа. Во тој случај, не ти ја треба. :shake:
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.