Ова е добар совет, иако мислам дека не е правилна стратегија. Твои зборови, парафразирам: Љубовта и наклоноста треба да се заслужат, не ти следуваат по дифолт. Тогаш правете проценка со поглед, без непотребно трошење време, како свое, така и туѓо. Дали не мислиш дека е сексистички, да го искористиш партнерот за секс, а во старт да знаеш дека нема "хемија" и иднина врската? Затоа што е. Дискриминаторски е и плус злоупотреба. Со зли намери. Освен ако не му кажеш во старт. Дека е само за таа намена и употреба. Само не знам кој би се нафатил на тоа. Да биде злоупотребен. Со намера.
Какви ебани зли намери? Ќе го повредам ако сврши? За тебе е така, не е е за сите исто. Луѓето уживаат во сексот сам-по себе. Ако не, ќе имаа секс само за деца правење. Едно дете - еднаш секс, две деца - два пати секс во животот. А со напредокот на медицината, може и ич да немаат секс. Едноставно инсеминација ќе правевме на доктор и ај со здравје.
Сексисти е тој што мисли дека жените мора да раѓаат деца. Во мојот случај беше сексисти затоа што ми зборуваше као сите жени требало да имаат цртки на раката за да се знае "колку мажи ги поминале" кога го слушнав тоа се испокарав и ми рече дека сум се понашала као "ненормалнине феминистки " и после тоа си реков ааа со вакво размислување ќе ме видиш некад пак. И ме виде со братучед му хахахајах. Си реков со другар негов да искочам е премалку ќе одам на некст левел .
Јас не знам што се објаснувате со утрипаниов поет и филозоф. Или трола или не знам што да речам, сфаќањава 19 век.
Prviot sostanok sekosh e za zapoznavanje, pa ako te vikni znaci e zainteresirana za tebe, ako ne brate neshto ne i se dopadnalo vo tebe i ajt fajron.
Дали знаеле они дека е само за секс или мислеле дека врската има иднина е прашањето. Ако е така договорено, не гледам проблем. Но ако верувале дека има можност и за нешто повеќе, тогаш е злоупотреба ако ти знаеш дека таква опција не е можна. Едноставно е.
И ова е совет, размислувањево од женска страна за машко размислување само ќе им даде насока на оние кои читаат, како полесно да изманипулираат и злоупотребат некоја девојка, прикривајќи ги намерите, со умилкување од 21 век. Колку добро можете да препознаете и разликувате сериозност од умилкување?
Реално, ова е одговор на твојот став, кој очигледно го искажа и овде, дека бараш само пари и сервилност од партнерот. Не верувам дека братучед му е различен, па и дека ќе останеш со него. Значи чистокрвна одмазда. Непотребна. Трошејќи си го времето, како своето, така и туѓото, само си ставаш рецки на ситуации за кои ќе се каеш, верувај ми. Провокацијата е исто начин на флерт, кој ти не си го препознала. Исто и твоето барање да покаже некој банкарски извод и потпис на полномошно за злоупотреба или сервилност.
Вулгарна и непотребна провокација, спремна за бришење, заедно со мојов коментар на неа. Ај да останам барем јас на темава, имате ли начин, освен со озборување, да оцените дали е hard to find или hard to climb? Од око, без ѕиркање.
На прв состанок муабетов? На прв? Дали си сериозен? Не си ја ни запознал ни која е, ни каква е, само од изглед што си ја видел ќе сакаш да створиш семејство со нејзе Па дури тоа и ќе и го кажеш со сиот памет Па после ваков муабет како твојот од погоре и слични такви муабети кои се за на сред дејт да станеш и да си отидеш, нормално дека можеш одлично да го прочиташ партнерот. Ако на дејт ги прашуваш вистинските прашања кои го откриваат човекот, а не празни муабети да вртиш, можеш многу да откриеш со каков партнер си имаш работа.
Еве овој клошаров ниту пари имаше ниту беше убав , јас глупа си викам ај ќе му дадам шанса добар е ама кога го запознав подобро сфатив дека е клошар не виден , немаше скршен денар јас му купував сендвичи од 7ца . Добро е што после него ми дое памет со клошари без скршен денар у џеб да си немам работа. Братучед му ми беше само да го научам лекција , тој воопшто не беше мој тип , само ми требаше да го искористам за да го научам на памет другоно копиле клошарско .
Сигурно нема да каже со тие зборови, но сериозноста се препознава, ако ништо друго, барем по личните идеи за сопствената, а не заедничката иднина. Па која мисли дека може да се вклопи е добредојдена, во иднината. Баш ме интересира, а и сите овде, кои се вистинските прашања?
Така кажи си, дека и ти си една од оние Алиси кои го бркаат белиот зајак. Само заради тоа што е интересно, авантуристички и непредвидливо. Немој да се изненадиш ако завршиш со него. Црвот веќе ти е влезен, штом еднаш веќе си помислила дека заслужува шанса. Што мислат другите ме интересира, ако се докаже дека не е таков каков што глумел дека е, дали заслужува втора шанса?
Дечко на прв состанок не ќе разговарам за смислата на животот и за имињата на моите неродени деца. На прв состанок се знае што се прави, се запознаваш. Одговара одговара, ако не ајде чао. Да фатиш некои вакви разговори да ми вртиш ќе станам фино лепо.
Јас нема да станам, ама нема да го сметам за потенцијален партнер. За другар.. можеби, ако ни се сличнис тавовите. Прв состанок треба да биде ненаметлив и пријатен.
Не јас на никој не давам втора шанса , што сака нека биде ама од мене втора шанса никој не добива. Белиот зајак ? Извини не сфаќам што треба да значи тоа? Ако завршам со него ? Хахаха попрво сама ќе завршам отколку со некој клошар ко него. Јас знам што како точно да изманипулирам и да си добијам тоа што ми треба а посебно вие мажите сте толку лесни за манипулирање , можам да си добијам што сакам без лимит. До сега сите мои дечковци сум ги направила да ми бидат послушни кученца , ама сум раскинала затоа што ми се здосадило или сум сфатила дека не се за мене затоа што заслужувам се најдобро .