Спремај пари, или позајми, само да го најдам. Ја најде ли книгата? Дали би ја препорачала на сите оние кои не ја прочитале?
Па тоа, за љубовта и целата зоолошка во телото. Пеперутки во стомак, мушички во глава, мравки по рбет ... Најнеобјаснетото чувство кое секој си го чувствува различно. Но сите демек страдаат исто од него. Тешко и интензивно. Барем во себе. Еве и за ова да побараме совет. Дали да и го уништам на некоја животот, само заради одмазда кон друга или да пробам да бидам искрен и да одбијам? Да не давам лажна надеж
Секако дека не треба да даваш лажна надеж, туку да бидеш искрен. И не треба да гледаш на работите како сите треба да платат за цената.
Треба да прашаш? Не знаеш што е правилно? Немаш морален кондекс? Па дури "да ѝ го уништиш животот" фразеоогија... единствено ако е некоја наивна. Ама ќе и го губиш времето за џабе сигурно. А јас тоа го земам за поголемо зло. И не останувам должна.
Со ова се враќаме на првото прашање, концептот на забава и дали веднаш се размислува за фамилија? Во тој случај, не е неискреност ако со некој излезиш еднаш или пет/десет години па поради некоја причина ви се разидат патиштата. Ама да, неискреност е ако партнерот има сериозна намера а јас не, па само го залажувам. Затоа отворени карти од самиот почеток - сакам врска или сакам забава. Само не можиш од секој да очекуваш ваква искреност. Многу црно или бело ги сфаќаш работите и многу генерализираш. Не сите луѓе и не сите ситуации можат да бидат исти. Се издолжи ова, ќе нé бришат секако. Ако имаш конкретно прашање и проблем прашувај, да не ја бараме смислата на животот и врските бидејќи сé е индивидуално.
Совет е поука за нешто во иднина, а во иднина може сешто да се случи, мене или на било кој друг. Еве овде твој совет е кон сите, да не ме земаат за озбилно. Да побарам директно совет од тебе, како оценуваш кој е озбилен кој не е? Според тоа дали ти се допаѓа муабетот?
Точно, се вртиме во круг. Ама само заради тоа што мораме детално да го погледнеме проблемот од сите 360 агли. Главниот проблем е дали да дојдеме на првиот состанок со спремни прашања или барање на став по конкретни теми, или, да влеземе како што викаше дивото, релаксирано и да си поминеме пријатно, занемарувајќи ја вистинската причина зошто сакаме да бидеме заедно. Па после вториот, третиот состанок да отвараме тема по тема. Практичност или фантазирање во старт? Ако одиме со прашања и одговори, нема потреба да бришат.
Не одиш на интервју за работа за да имаш однапред спремни прашања и одговори, ќе одиш со втората опција релаксирано и спонтано да се движи разговорот и состанокот.
Јас го натерав да се врати од почеток,зошто не ми беше јасен. Одговорот на членот беше за мене. Го прашав: Зошто? @brazilia Брат опушти се не ти треба да спремаш прашања и одговори. Не си на факс па да се спремаш.
360 степени или 360 агли? Оти може да земеме еден агол на пример од 45 степени и да го помножи со 360 и да добиеме 360 агли од 45 степени. Збунет сум. Пошо има три единици за мерење на агли: степени, радијани и градиенти. Степени се означуваат со o, а има 360 степени во полн агол. Градиентите не се користат често. Големина на агол зададена во радијани нема ознака за единица. А ако големина на еден агол е без ознака за степени тоа најверојатно значи дека е мерена во радијани. Значи сеа како треба да го мериме проблемот, не сфаќам?
Абе во ред, ама тој досега не постави ни едно концизно прашање, сите се некои апстракции што никому во реален живот нема да му притребаат. Апла очигледно трола. Да измислеше барем некоја ситуација, позабавно ќе беше, не вака за наталитетот во светот и Индија почнавме, до одмазда за бивша стигнавме