Ти не си возел авион изгледа. Секоја писта е означена според степените во однос на магнетниот пол. Додуша таму е помножено со 10, ама тоа е за авиони. Да ти биде полесно, рачунај еден човек еден степен. Стави ги луѓето во круг и ете ти. 360 агли. Ако сме двајца, јас и она, имаме два агли, од по 180°. Ама тоа некако црно бело ја прави работата. А никогаш не е така. Остави ги женските да делат совети. Секако има друга тема, постара од оваа, ако им треба машки совет.
А како мислиш да победиш во натпреварот: кој трепна губи? Нели гледаш колку е комплицирано. Побрзо работа во Lufthanza би добил, како пилот, отколку партнерски статус со некоја, за која никогаш нема да знаеш однапред што сака и како сака да се однесуваш. Освен ако не одиш на состанок договорен со некоја апликација, кои се повеќе ги има. Или ако некој сводник не те припремил.
Ситуацијата е: размислуваме за нов закон за брак. Постојниот има ситуација во која партнерите кратко се советуваат, прашуваат, споредуваат, дали си одговараат во социјално. Треба ли тоа подобро да се допрецизира во закон или да се остави вака, иако генерира многу несреќни ситуации и не ретко насилство. Дали сте знаеле дека има проверки на крвна слика, дали си одговараат и дали може да имаат здраво поколение? Кое е вашето мислење за потемелно, научно мечување на двајца млади, наспроти она, слушај оваа/овој ми се допаѓа, ќе ја/го женам/мажам. М?
Не брат, не сум возел авион. Не ми текнало до сега, ама еве ми даде добра идеја, ќе идам од понеделник некој ден коа ќе ми е досадно ќе повозам. Ноу ноу. Човечкото око гледа 120 степени. Значи ако сте двајца гледате 240 степени. За цел круг треба тројца по 120 степени. Значи тројка е решението. Сеа шо прајме? It's called love, it's supposed to be complicated За тоа е врската, да се запознаеш подобро. Тебе како ти иде во љубовта? Разочаран си? Вака изгледа си имаш лични проблеми. Немаш некоја другарка да и раскажеш како се чувствуваш? Сигурно ќе те сфати. И ќе ти објасни од женска гледна точка.
Слушај @brazilia. Би ти дала совет да бидеш повеќе спонтан, да уживаш во моментот и да видиш каде носи секоја ситуација, поготово дејтингот. И би ти дала совет, ако на девојка со која си на дејт и правиш вакви глупи разговори, со научни факти, деца и филозофирање, не се чуди ако не одиш на втор дејт. Затоа опуштено.
Закон за брак Идете на прв дејт и одма со документи сакаш нејкеш брак прво воопшто не е логично во таа фаза да размислуваш за тие работи кога не се ни познавате. Друго според тебе значи со секој што идеш на дејт треба да го жениш. Кај ти се критериумиве? Не мислиш дека треба прво да запознаеш некој? Да поминете одреден период па да видите дали си одговарате или не? @brazilia
Ова е во најмала рака глупо и психопатски. Наоѓаш супер девојка, карактерно, физички, сексуално, ју нејм ит, ти е супер, идеш на испитувања и ти викаат дека по крвна слика не си одговарате и ти си: важи нема проблем, ајде со среќа чао. Сериозно да знам како ти текнуваат работиве Која наука егзактна ќе ти каже дали некој ти одговара? Утре ако се разболи еден од вас, одма ќе се разделите?
За да не се губи на време уште од прв дејт ги повикуваш авицена,биотек да дојдат да ви направат испитувања. Тука во локалот каде ќе седите. Келнерот прашува: Што ќе порачате? Биотек или Авицена На втор дејт резултатите
Ме умре. А со прашањата спремни од психолог шо прајме? Треба и еден психолог, можи и Трендо да ги поставува прашањата. Таман 6 души на маса, според протокол.
Најдобро келнерите да се психолози. У CV за работа да им се бара факс психологија или социјални науки нешто
Ааа затоа сите келнери имаат завршено факултет. Ете, НМК била напредна, мислела на здрави поколенија. Толку од мене, и ова е многу.
Па инсталирај ти Симс, тоа ти е life simulator. Па дејтај женски таму ожени се види како е, па после пиши ваму што си открил.