Sims е за женски, што мислиш зошто нив ги прашуваме овде? Извртена им е по стопати, во сите варијанти. Љубопитноста им е на најниско ниво од почетокот на светов. Веднаш си категоризиран, детално изанализиран, а и најчесто досаден. Оти сите варијанти на муабет им се познати. Мораш одоколу, одоколу, па вовед, па заплет, па трет чин, кулминација, ако дојде до тоа. После ќе речат, па биди си свој, природен. Па природен сум. Што сум јас крив ако личам на Џим Кери или се однесувам како Ештон Качер. Може е случајно, инаку да бидеме искрени, сите по малку личиме на некого или несвесно внесуваме однесување во нашето, од нешто видено. Колку често споредувате некого со некоја позната или некоја ваша блиска личност? Да си бидеме на темата.
Па ти побара ситуација, макар и нереална, иако не мора да значи дека нема да се случи, може не нам, ама на оние кои пишуваат закони, сигурно. Постојат ли апликации за состаноци? Постојат. Постоеле ли сводници порано? Постоеле. Што е генерален заклучок од историјата? Дека најчесто се повторува на периоди, со минимални варијации? Значи? Дали мислите дека дејтингот, онака лабав и необавезен, може пак да го снема или значајно да се намали? Да не заборавиме, во некои заедници тоа сеуште постои и кај нас.
А ти што очекуваш? Првата шо ќе ја прашаш за дејт автоматски да биде спремна да ти раѓа деца пошто тоа и е должност и смисла во животот, да задоволува некој маж и да му раѓа деца? Значи треба да се вратиме назад на договорени бракови? Нормално дека ќе те анализира. Не влага у продавница леб да купи туку носи поголема одлука. Ако си досаден тоа си е твој проблем, или помири се или смени нешто кај себе. Ако не сакаш да правиш промени, и ако несакаш да се трудиш, и ако несакаш да те анализираат - ене ти ја Албанија иди има села таму ќе се договориш за детали со татко и, и ќе ти договорат брак одма без да те анализираат.
Ти бе дечко за нас викаш дека анализираме и премногу размислуваме, а тебе одговорите во темава квантна физика ти се.
И додека ние стискаме по тастатуриве, сигурно некаде некој состанок трае и се води рововска битка, размена на мислења, надмудрување до 101 и назад. Би биле ли дрски да крашнете на некој состанок, ако е помеѓу некој што ви се допаѓа и некоја сосем небитна? Ви се случило ли тоа? Како би реагирале, ако некоја бивша случајно се најде во исто време, на исто место?
Зошто да менувам, нели треба да сум си свој? Не викам одма тоа, мора ова. Едноставно да немаат предрасуди и да споредуваат. Иако уште никоја овде не се изјасни дали споредуваат или не, од муабети знам дека споредуваат. Повеќето. Во право ли сум? Женски?
Ја мислам ако си олку сериозен и напнат уште од самиот почеток, ќе зажалат што излегле на дејт со тебе. Добар дечко си и креативен, ама олабај малце.
@brazilia јас би ти дала совет да си ги зачуваш повеќето мислења за себе, оти што и да мислиш поинаку, тука се експерти за тоа шо треба и не треба.
А што мислиш, зошто ги закопувам овде, како во дупка? Само немој утре да испаднат козјиве уши на виделина, па ќе биде стварно окуорд. Гледам тебе ти се допаѓа квантнава физика во моиве образложенија и прашања. Од куртоазност или навистина мислиш дека има некоја вистина во нив?
Ни едното, ни другото. Како што рече @Billy Idol делува многу ладно, како сеедно да ви е, како да сме досадни и сакате побрзо да се ослободите. Поарно пишете Okey со некое смајли отколку само едно Ок.
Оке ми звучи како некој до максимум 20 години би го употребувал. Као види ме, опуштен сум, кул, а не е воопшто кул. Као некоја ефтина излитена форица ми звучи. Како хехенце муабет. Секое може да звучи лошо во зависност од контекстот. Најбитно е како ќе се каже и во која ситуација ќе се примени.
Оке пак уште помалку НЕ. Воопшто не сакам кога некој враќа вака, нема врска за која личност е. Мислам дека дури и не постои како збор Оке во нашиот правопис.