Не ме враќај сега пак на табла, ќе треба да го преповторам цел материјал, а имам многу други работи за учење.
Епа сега зависи од жена до жена. Не може 1 месец партнер да и бидеш и одма да сака да се венча со тебе, па уште и дете. Во глобала јас мислам дека многу малку такви ги има на светов. Повеќето жени од кога ќе се венчат тогаш сакаат семејство. Јас не сум таква, но јас мислам дека кога им пишуваш само ок тие си мислат дека не сакаш да се помачиш да напишеш повеќе од две букви и дека не ти се толку битни
Со харикири церемонијален бодеж. После тоа, ако преживеам, веднаш од Еквадоров, одам до Бразил, конечно да го видам нивниот славен главен град. Пред да пробам пак. Во меѓувреме, најновите вести од земјава и странство: Се е исто, само мене ќе ме нема! Времето е меѓу две ледени доба. Собирајте лешници! Не верувајте ако ве лажат, жените даваат добри совети, ама откако ќе завршат со вас: Знаев дека ова, знаев дека она! Па ако си знаела, што не кажа порано!?
Можеби свесно така размислуваш, ама несвесно телото бира соодветен партнер, по мирис, допир, дури и по мозочни бранови. Понекогаш ќе видиш чудни комбинации, ама генетски и еволуционо перфектно си одговараат и имаат деца кои се одличен спој на нивните гени. Природата си го наоѓа својот пат. Дали тоа и свесно ќе го препознаеме или признаеме, зависи од нас самите.
Цело време се мислам, имам скоро месец дена, се мислев да земам обетки сребрени беа во форма како "Дрвото на животот", арно ама ги продадоа тие што ги сакав, и побарав во други златари немаше... Сега ми дојде идеја дека воопшто нема ѓердан или обетки со бисери, па си реков да прашам вака.. дали е добра идејата. Фала ти сепак.
Преубава идеја! Можиш и обетки или алка со бисер. Евентуално прстенче. Јас изгорена сум по бисери, па би сакала ваков поклон, а секогаш тргнувам од мене.
Зависи дали носи, секако е убав поклон. Ако не си сигурен што точно преферира, тргнувајќи од себе, оди со варијанта поситни бисери, каменчиња, поедноставно а ќе може да комбинира со повеќе работи и да го носи во секакви пригоди.
Има ли поента да продолжам да пишувам со девојче од ист град, со која иако скоро секој ден си допишуваме кога и да предложам кафе или средба во живо или ја менува темата или некој бош изговор кажува?
Нема поента. И зошто ти постојано предложуваш? Цени се малку повеќе. Еден потег влечи другата страна, еден ти. @TheDongerino
Ништо. Кога пишувате разбирам, бетер не разбирате и само фрустрирате. Пишете таму асални реченици, цели и оформени, точки и запирки.
Ако ти имаш таква цел (да излезете на кафе и да се запознаете подобро) тогаш нема поента. Таа не е заинтересирана.
А да ја конфронтираш и да ја прашаш директно дали некогаш планира да се видите, или само ќе те влече за нос? Оти луѓето не можат да кажат шо планираат? Многу ме нервира то. Сакаш-сакаш. Неќиш-неќиш. Кажи директно, не туку ме шетај по тавани. Голема сум, ќе преживеам!