Како се однесува девојка која е вљубена,излегуваат на исто место,со оној во кој е вљубена тој е повозрасен од неа и се во различни друштва но во ист кафик,притоа тој во кој е вљубена има оштетен вид и во никој случај нема да стави очила,и неможе како останатите да ги улови нејзините погледи но сепак нешто и приметува но кога е премногу блиску само
Зависи до девојката, тоа е индивидуално како некоја ќе се однесува. Зошто не можеш да носи наочари?? Ни леќи не може да носи??
Носи наочари но само кога вози и кога е на раб мора тогаш но не и во град затоа што личи на Супермен кога е смотан со нив леки носев но премногу е комплицирано стави вади стави вади предпоставував дека ке отиде разговоров во дефокус од целта на прашањето но и тоа е дел од интересното на форумов
Нека носи дневни леќи, кога излегува само и завршена работа. Така ќе може да ги улови погледите, па и да падне некој разговор, а вака може ништо да не примети .
Да ги побарам ако ги најдам,сигурно си мисли дека се правам фраер и дека сум дигнат а јас ја гледам ко бледа силуета само,и ниту можам да приметам било каков знак,ниту пак дека во мене гледа.
Ајде и јас да прашам мислење и искуство до сите девојки. Како го заборавивте бившиот дечко кој јас никако не можам да го заборавам, тешко ми е све ме боли и не можам да го преболам... Знам ,ќе ми кажите да излезам со друштво и да го блокирам све то.. Али немам друштво...плус имам проблеми дома што не можам ни се уште да почнам да работам Како да го заборавам девојки, ух..мн е тешко ма не се диши без него
Ќе си најдеш друга занимација. Што помалку мислиш на тоа и го окупираш мозокот со други работи, полесно ќе поминеш низ истото.
Животот сигурно не се врти само околу бившиот. Дај си време да го преболиш, има милиони активности и работи за тепање време. Мора да се помириш со фактот дека одреден период ќе ти биде тешко, но ќе помине. Да бил добар не би бил бивш нели?
Има тука влијание причината за прекинувањето на врската. Ако не ви одело, ако нешто не било добро така што прекинувањето била најдобра опција, тогаш прифати го тоа. Не размислувај за него, за таа врска, остави го минатото, така повеќе ќе боли. Дај си време и верувај дека се' ќе си дојде на свое место.
Брутално искрено, никогаш нема да го заборавиш, ама ќе се научиш да живееш со тоа. И тоа нема да се случи преку ноќ, ќе поминат недели, месеци може и години. За почеток избриши го од секаде за да не бидеш на искушение да му пишуваш, да не гледаш слики да те боли душата. Мисли на работите кои те повредиле, дај си причини зошто ти е подобро без него. И еден ден повеќе нема да боли, да можеби ќе те пецне некогаш нешто, ама ќе бидеш добра. Со среќа и што побргу да ти мине.
Дај си време, иако е клише со тек на времето се избледува и проаѓа... Во иднина кога ќе се појави некој друг во твојот живот и ќе се заљубиш повторно (не се форсирај околу тоа туку ете кога ќе биде спонтано), полека ќе ти се залечат раните и таа личност ќе остане само минато и некој дамнешен спомен.
Другарка ми моментално е во иста ситуација и нејзе премногу и е тешко. Само времето е лекот, и нејзе и го зборам истото, ќе помине се само време треба. Досега сеуште не сум била во ваква ситуација ама кога ја гледам нејзе како и е, можам да сфатам колку е тешко ама тоа е, животот продолжува, не е крај на светот.
Може и од машка страна совети, не е важно, само во оваа тема најдов да пишам. Дел може ме памтите, пред некое време ставив крај на токсична врска која ми беше прва во животот и општо не сум била со никој друг во животот, баш пишував на форумот и барав мислења. Се случи нешто спонтано, се префрлував летово на нов факултет, сега ќе бидам прва година и се запознав со еден бруцош, колега што ќе ми е сега. Не очекував дека толку промената ќе ми донесе нови нешта, мислев само ќе се спасам од токсичниот факултет ама изгледа се си имало причина. Дечково ми помогна доста околу документи и префрлувањето, навистина фин дечко, ме запозна и со негово друштво, од средно се запишани на факултетот заедно, баш многу убаво почна се. Збориме овој месец септември константно, на телефон се слушаме, дури и слична приказна имаме, он пред да почне факултетот прекинал долга прва врска што му била од средно, исто е и со мене. Ме викна неделава во парк да одиме на кафе, дека двајцата невакцинирани , но ако излезам во парк со него знам што ќе се случи. Не дека не сакам, баш има хемија меѓу нас, преубаво се чувствувам со него многу убаво, вака не ми било со години. Ме кочи тоа што он ќе прави 19, јас 21, а и тоа што ќе сме колеги. Ако не оди врската после како ќе се гледаме постојано на факултет, а и некако си мислам дека е млад, неиживеан, да не му текне еден ден дека не сака вака цел живот со постара да е и многу мисли имам. Имам анксиозност, веројатно и тоа допринесе. Правевме муабет, кажуваше дека многу сакал да си биде со една во животот и да е среќен, сакал нешто сигурно во животот, фамилијата му била во иднина најважна, љубовта. Како за 19 годишен многу зрело размислува и многу слични ставови имаме. После токсичната врска зад мене секако дека се плашам да биде нешто, но од друга страна и не ми се пропушта приликава. Ваше мислење?
Да одиш во парк. Не мора ништо да се случи, ќе има и следен пат. Нека биде спонтано, природно. Остави нека те води ситуацијата и не мисли многу. Overthinking-от е лош. Со среќа.
Ее значи, се преизрадував за тебе. Обавезно да излезеш. И онака ќе сте генерација на факултет сега, никаква разлика нема да ти прави што си 21 ти, а 19 тој. Чим има хемија и супер оди муабетот, да пробаш, може баш ова ти е животната среќа во љубовта. Пуштам среќа и стискам палци да биде се ко што треба.
девојко и ти си многу млада а и дечкото има сериозни намери кон тебе,те сака убаво ви е ,некои луѓе со години чекаат на ваква шанса а и да се згреши подобро отколку никогаш да не се живее.Не сте и многу години разлика така да среќно и само напред,ти го велам од искуство и јас имав прва врска токсична и знам како е тоа