Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Ти го читам постот и читам само убави работи хемија, заеднички муабети и после анксиозност.Тотално те разбирам и можам да се поистоветам со тебе.Објективно стравовите ти се неоправдани.Две години и не се некоја разлика барем засега,а велиш дека е доста зрел за своите години.Ако мислиш дека има материјал за нешто go for it.
    Better oops than what if.Good luck.(fingers)
     
    На Hellobeautiful, Regina.Phalange, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.380
    Допаѓања:
    20.668
    Пол:
    Женски
    Да одиш. Ништо нема да изгубиш. Вака со 19год стварно зрело размислува, така да зошто да не. А и не сте многу години разлика. :)
    Со среќа. :sun:
     
    На cresa-jagoda и petrova89 им се допаѓа ова.
  3. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    Приликите не доагаат оној момент кога ние сакаме и сме спремни за тоа,напротив кога не ги очекуваме и со многу прашалници,можеби ова ке биде само уште една пропадната врска,но можеби ова ти е единствената вистинска прилика во животот и друга иста повеке нема да има,без разлика на годините кои предстојат.Јас мојата ја пропуштив затоа што премногу се прашував и предпоставував но ништо од тоа.Фати го моментот ако е вистински.А и нема што да изгубиш.
     
    На Hellobeautiful, hermosa, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    @petrova89 то ја разбирам дилемата. Ама, сепак мој совет е да отидеш. :) Штом имате хемија, комуникација зошто да не?
    За ставовите што ги има би ти рекла да почекаш и поубаво да го запознаеш, да не ги земаш работите што ги кажува здраво за готово поради тоа што е многу млад. Гледајте си се, помагајте си со факултетот и најбитно е да ви биде убаво, не му ја мисли на брак сега и семејство. Остави работите да си течат во свое време и дозволи неговите дела да ти го откриваат карактерот а не зборовите.
    За тоа што си постара - две години не се ама баш ништо. :) Тетка ми е постара од тетин ми 5 години па еве сега славеа 20 годишнина.
    Друга работа, секако ќе се гледате на факултетот дури и ако се скарате што секако е можност.
    Ама, сум имала колега и колешка што беа заедно па раскинаа и си продолжија во други насоки иако се гледаа секој ден на работа, ама си се однесуваа најпрофесионално.
    Од друга страна, јас започнав врска со колега на работа па исто кога ме покани да излеземе се мислев, истите причини ми идеа низ глава ама еве не уште заедно. И да ти кажам, ќе ми беше жал ако ја пропуштев шансата иако може и ние ќе се скараме ама може и не. Во секој случај нема да ми биде жал што се одлучив да бидам со него.
    Убав помин и не мора да брзате никаде, многу сте млади, убав помин! :)
     
    На Biny, hermosa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не се понашајте ко емотивни инвалиди. Емоциите се за сите луѓе. И не претпоставувајте дека сите мора да разбираат "суптилни знаци". Што му фали на зборот. Што е толку тешко да се биде фер.
     
    На Markian и Stark им се допаѓа ова.
  6. Happier

    Happier Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    ако може совеет...
    Со еден дечко си пишувавме 20-тина дена, тој во тоа време не беше во нашата држава, се беше супер, многу блиску се однесуваше, се врати и после 5 дена ме викна на дејт и јас велам ајде ќе се запознаеме бидејќи тој пак требаше да оди во странство утредента. Се договоривме за време и го чекам ја дечково да ми пише, никаде го нема, исклучен на социјалните мрежи (а, броеви не ни разменивме), ајде си викам има обврски се спрема ќе дојде, му пишувам и го прашувам може ли да дојде, дали ќе стигне, не е проблем ако неможе само нека ми пише. Никаде го нема. После 2-3 часа ми пишува и ми се извинува, имал проблеми не можел да стигне да дојде, ми вели кога пак ќе се вратам да се видиме, ми вели сакам да те запознаам. Сега моето прашање е дали да му дадам втора шанса и да продолжам да му пишувам и да му дозволам пак да ме викне на состанок или не? Мене не ми е проблем што не дојде на дејт, можеби навистина имал проблеми со тестови и летови бидејќи требаше да оди, но проблем ми е зошто не ми пиша барем 10 мин порано да ми се извини и да не дозволи да го чекам, а не после 3 часа.
     
  7. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Да не даваш втора шанса во овој случај, мој искрен совет
     
    На hermosa, raww и Markian им се допаѓа ова.
  8. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Тој ако сакаше ќе дојдеше , но ако не можел и можи навистина се заглави ама после толку сати го чекаш а тој да не одвои време 5 мин да ти каже еј извини не можам денеска итн
    Реално, јас не би му дала втора шанса
     
    На Markian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    Ти си сосема сигурна дека бил надвор од МКД или така тој само ти кажа?
     
  10. Happier

    Happier Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум, имаше и слики.
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.730
    Пол:
    Женски
    Барем денес има начин веднаш, за една минута да испратиш порака на некој или да се јавиш. Ете немал број, ама интернет сите имаме на смарт телефониве, а и wifi скоро секаде има. Мене не ми е оправдување ништо во овој случај. И веројатно не би се заинтересирала да дадам друга шанса.
     
    На mkstomk, Need for Speed и Markian им се допаѓа ова.
  12. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    Ок тогаш,безразлика се согласувам со девојкиве кои ти пишаа.
     
  13. Happier

    Happier Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со вас не би дала друга шанса. Но, едноставно ме зачуди неговиот потег, бидејќи и јас самата му велев да одложиме, имаш многу работи да средиш, утре тргнуваш. Но, тој беше упорен ми вели сакам да те запознаам, барем на кратко, потоа ќе се подготвам и слично. И потоа да не се појави, ајде за тоа и да не се налутам ама пак барем да пишеше, како може половина час претходно да ми вели ќе дојдам и да го нема. Денес реално секаде има интернет... Сепак побарав совет за да не испаднам на крај јас немилосрдна кога нема да му дадам втора шанса. Да беше само да не дојдеше, а да пишеше во ред. Би му дала друга шанса. Но, вака тешко.
     
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Многу неодговорно и некултурно од негова страна. Јас не би дала друга шанса.
     
    На cresa-jagoda, Reina.Gitana, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.936
    Допаѓања:
    15.914
    Пол:
    Женски
    Еден ден го замолив да дојди со мене на доктор, ми рече дека не можи да се замени бидејќи колегите му биле комплицирани.

    Денес, одма побара ден за веридба на братучед.

    И се налутив и се испоскаравме.

    Дали претерав?
     
  16. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Во право си.
    Ако тој сака да дојди со тебе на доктор ќе дојдеше и ќе се снајдеше замена со колеги ама како што гледаш побитна му е веридбата него за тебе.
    Разговарај си со него дека тоа не е во ред со неговото понашање.
     
    На cresa-jagoda и GirlLove им се допаѓа ова.
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.936
    Допаѓања:
    15.914
    Пол:
    Женски
    Минатата недела требаше да дојди со мене и не можеше да откажи.
    А, сега за веридбата на братучед му, може.

    Не е во ред. Барем така мсилам
     
  18. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Не мислиш него во право си.
    Поразговарајте само така ќе си најдете решение.
     
    На cresa-jagoda и GirlLove им се допаѓа ова.
  19. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.010
    Пол:
    Женски
    Зошто да дојде со тебе на доктор? Денес за едно утре за друго доктор и на секое треба да доаѓа со тебе?
    Нормално дека ќе побара за веридба/свадба на близок.
    Јас не би се лутела, ниту пак сакам да доаѓа со мене на доктор.
     
    На Anie93, S.W.A.G, Lavender4 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    За што беше на лекар?
    Ако се работи за помал проблем и не сум повредена и можам сама да појдам, нема што да мкнам друг со мене. Ако е поинаку, тогаш е друго.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.