Поминаа години и време од тогаш. Тоа е само една искрена прва љубов што одамна заврши и убав спомен. Не верувам дека искрено чисто некој би ме сакал како него и јас исто, дека први си бевме. Првото не се заборава. После него никој не бил толку добар и искрен кон мене.
Па ако не веруваш дека некој ќе те сака искрено, или би те сакал како него, како мислиш дека може да најдеш некој кој ќе те сака кога самата не веруваш во тоа? Проблемот треба да го решиш сама со себе, затоа што ете и после толку години го влечеш тој товар со себе. Кога ќе се ослободиш од него, тогаш ќе можеш да најдеш личност што ќе те сака. Вака, не.
Можеби е до тоа ама сепак мислам дека не е. Мислев на тоа никој нема да е толку искрен и отворен како што сме биле на тие 16 17 18 години, целосно да си отвориме душа. Никој не допрел толку длабоко до мене, да сака да ме запознае на тој начин и да се постави така. Сите некако површно само ме запознаваат. Немам таква конекција остварено повторно.
Не се наоѓа ни дечко ни девојка така. Коа нема да бараш тогаш ќе најдеш А до тогаш пополни го времето и работи на себе
Не е совет, повеќе е прашање - Дали мислите дека некои луѓе никогаш не се забораваат и покрај тоа што било right person wrong time или што и да е, вашето мислење за истите и покрај толку години е непроменето?
Мислам дека секој може да биде заборавен, ако поминеш години особено со друга личност што ти одговара.
Верувам, ама исто така верувам и дека некои луѓе засекогаш ќе се сакаат и ништо на свет нема да го промени тоа.. бар што знам, кај мене делува така .. долга тема за форум
Индивидуално е, зависи од тоа каква личност си и колку значење им придаваш на емоциите, минатото и личноста која ја нарекуваш right person. Единствено нешто што преостанува е фокусирање на сегашноста, а ако најдеш некоја друга која повеќе ќе ти одговара во сите аспекти и ќе ти биди навистина soulmate, ќе заборавиш дека оваа првата воопшто постоела. Иако според мене, да била right person, можеби сега ќе си бил со неа. Или па ќе бидеш во иднина, никогаш не се знае што изненадувања носи животот. Долга и длабока тема е.
Тешка ситуација е... има улога причината поради која личноста не е повеќе во твојот живот. Ама стојам на тоа дека ако се сака, се се може, доколку двете страни го чувствуваат истото. Знам примери кои имаат врска на далечина, кои имале различни приоритети во животот (пример кариера и слично) и пак завршиле заедно.
Соулмејт не е само еден човек.Во моментов ти имаш одреден карактер и постои личност што ти одговара.Ама ако за 5 години се смениш а таа личност не се смени, тогаш повеќе нема да ти биде соулмејт и ќе постои друга личност која ќе ти одговара многу повеќе.Ти ќе се сеќаваш можеби на старата и на времето со нејзе дека било убаво, ама не значи дека во моментот тоа ќе ти одговара. Напротив личноста што ќе биде со тебе за 5 години од сега ќе ти одговара многу повеќе.Тебе може ќе ти фалат чувствата за личноста но не и личноста.Не знам дали објаснив добро што мислам.На кратко според мене имаме онолку соулмејтс во животот колку што имаме и промени лични.А што се однесува до луѓето,мислам дека на сите секогаш ни недостасува чувството што сме го имале со таа личност,вниманието,љубовта.Ако од друг го добиваме истото дури и повеќе мислам дека се заборава претходната личност.Што се однесува до тебе, според мене...За неколку години од сега ќе бидеш друг човек,поразличен од личноста што сега ја сакаш, и плус ќе имаш запознаено друга личност што ќе ти биде погодена..така да од старата љубов тоа е тоа...
Доколку се сака се е возможно и невозможното може да се напраи возможно, очигледно не се ни трудиш доколку станува збор за тебе.Бај д веј ако било правилно ќе било сеуште тука така да мислам узалуд не е зборот минато таму им е местото на некоои личности...
Здраво дечки. Сакам да ве прашам за ваш совет и ваше мислење во врска со една ситуација. Се запознав со едно момче кое има исто години колку и јас и се гледавме еднаш неделно на работилници. Минатава недела исто бевме и цело време разговаравме и се дужевме и веднаш следниот ден јас му пишав, но само за да го прашам за работилницата што треба да се прави. До тогаш воопшто не го гледав како нешто повеќе од пријател, но откако ми одговори на моето прашање ми пиша како сум. Нормално јас му одговорив и почнавме да се допишуваме. Следниот ден тој ми пиша добро утро и малце бев зачудена бидејќи сепак не сме толку многу блиски. Цел ден пишувавме и во доцните часови тој ми пиша. Водевме разговори поврзани со секојдневниот живот, па почнавме да си праќаме и слики од тоа што правиме секојдневно. Се е супер и забавно, но како тој да наоѓа изговори и различни причини за да продолжи да си пишуваме и да комуницираме. Како што кажав до пред ова да се случи јас не чувствував ништо кон него, но сега малку сум збунета и не знам како да се однесувам со него кога ќе се видиме. Феминки ве молам дајте ми ваше мислење дали од негова страна има нешто повеќе освен пријателство или јас самата си преовиличувам...Би ви била благодарна доколку ми одговорите.
Хаха сонце,немаш ништо лошо во ситуацијата остај на времето да си покажи кај брзаш,и зш да си збунета детево има сигурно добра намера била пријателски или на друг начин пристроена ,ете внимателен дечко btw колку години имашш?