Форумџика на годината

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    епа мене искрено не би ми се допаднало не дека би ми сметало ама незнам мене глупаво ми делува :|
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Јипмен, ако мене ме прашуваш и не мора да станува збор за долга врска.
    Ако е девојката, тип кој слуша музика, пак и истата музика, каква слушаш и ти, ако е од оние што се задлабочува во текстови итн. .... топ.
    Кај мене е една од причините, некоја конкретна личност да добие 100 поени да речеме :)
    Немало апсолутно никаков повод, кога го правел. Било и по телефон, било и кога сме шетале по Кеј, кога сме седеле на клупа.
    Не губиш ништо ако пробаш.
    Згора на се, глас катастрофа :D ама рок музика, а не романтична балада од Селен Дион или некоја турбо фолк :angel:
     
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Јипман,кога ти го прочитав постот,првото што ми дојде на памет аии душа и онаа фацата кога гледаме во малечки дечиња,и така целите сме срцкасти! :D Убаво е да видиш дека оние што нас ни даваат совети,бараат и од нас понекогаш. :)

    Имаш и од мене зелено светло. Ако имаш убав глас,башка,мислам дека нема девојка што нема да падне. Колку и да сме тешки ние жените,сепак,сакаме понекогаш романтика. Баш како што кажаа девојките над мене,неможеш ништо да изгубиш. ;)

    That girl... She`s really lucky. ;)
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752

    обиди се, зошто да не
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Лошо го поставив прашањето


    Дали може да се пуштам на некое девојче со песна , онака на интересен начин

    Со длабок , внимателен глас
     
  6. maci95

    maci95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Зошто да не? :) Баш би било романтично, но мислам дека не и доволно :D Зависи и до неа де :D
     
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Да Да! Ако ти треба помош пиши ми во ЛП! Бива ме за такви работи :P
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Прво,секоја чест за храброста,не секој би се обидел да помисли такво нешто,а не пак да направи таков потег.
    Искрено не би сакала погрешно да те советувам.Тоа ти е меч со две острици.Многу зависи од девојката и од нејзината возраст, многу зависи од ситуацијата и моментот кога би го сторил тоа.
    Ако е некоја романтична душа, ќе ја освоиш и да и ја испееш само тонската скала,а ако е некоја „урбана барбика“ или „ловец на репутација“, подобро гласовните способности чувај си ги за некоја караоке забава.
    А караоке и не е лоша идеја, би можел директно да и ја посветиш песната и ќе испаднеш супер фраер со џентлменски манири-одличен терен за напад.
    Зависи многу и од песната,гледај да не биде од типот:„Остани ѓубре до краја“,„Корпичка“,„На задњем седишту мога аута“-тоа е веќе пренападно за прв впечаток,„ На 223 305 те чека еден свенат цвет“ или „ Куда ти проѓеш и црна земља поцрвени од срама, среќан ти пут у неповрат желим,остани вечно сама“ :rofl:
    Се шегуваааааам, немој да се лутиш :wasntme:
    Размисли убаво.Ако не ја познаваш доволно, почекај малку со пеењето,бидејќи можеш да бидеш протолкуван на несоодветен начин,а ако ја знаеш добро,слободно пукај.
    И нека биде со стил!
    Ти стегам палци и чекам детален извештај!
     
    На sesilija, XMaN и easyyyyy им се допаѓа ова.
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Да како што кажаа другите феминки си зависи многу од девојката, ако е некоја што првпат ја запознаваш би ти препорачала да почекаш додека не ја запознаеш поубаво, и што всушност сака и преферира .. Ако се работи за типка што ја знаеш малку подобро, дали познаничка,другарка или девојка и да знаеш дека таа и таа песна и се допаѓа имаш големо ДА ;)
     
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Јипман и мене би ми се допаднало . А да е на некоја караоке журка уште подобро , јас лично би се осеќала многу важна за тој што ми пее. Мислам дека е одличен потег ако имаш добар глас . Голем плус и ако и ја погодиш песната , таа да ја сака :) :)
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Вчера со другари искочивме

    и викам да пробам оваа нова тактика ]:) (не нова ама ете за мене е )

    и прво го набљудуваме теренот , шпиунираме што каде како се движи ,
    таман најдовме една убава девојка и само што искочи од нејзиното друштво ... 8515-1 хиени нападнаа и ништо тамо неможе

    али викаме мора да се проба и ке пробаме !

    и тогаш видовме едно друго убаво симпатично девојче со другарка и се шетаа , и тука е моментот
    друштвото вика сеа е моментот GO ! (тие едвај чекаат да ми се смејат али ако се поштува )

    и фората ја идам тамо , по пат се испотив али срека тука беше body parfum да ме спаси да не изгледам ко свинче и така идам полека , полека , полека и доагам до нејзе (никад не сум видел 5 метра да изгледаат ко 50 метри WTF? ) и така пристигнав на пристаништето , време е патниците да ги остоварам (песната) и ја допирам нежно со прстот на рамото и викам може да го имам твоето внимание
    и започнувам со стиховите ...
    дојдов до строфа ипол ...
    другар еден што беше у близина ми викаше дека звучев нешто како ова

    аффаѕб аган осагѕибп апб19р
    абѕфапѕ1 пбфѕап

    па од тука малце ми беше јасна реакцијата на девојката
    што ми се изнасмеа у фаца , ама сепак и ја се смеев иако се осекав ко виршла што се вари во тенџере , и си отиде ....

    па така се вратив кај друштвото , се разбира тие ме подржаа психички ( ме заебаваа цела нок)

    и така беше мојата нокна авантура


    Закључок : Се вракаме на новите начини на пуштање , преку фацебук :lol: :lol:
     
    На x.Daisy.x, divi, Bubble17 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    ееееее јас кога ти викам ти не ме слушаш, така и ти треба :D
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Види ја пецкало така му требало :D.

    Јипман колега имаш голем плус од мене за храброста, те корпирала ама сеа си побогат за едно искуство (макар и неуспешно) следен пат ќе биде подобро а техниките се учат ;).

    Пс. Сепак друг пат слушај ја Симонче, знае што збори иако пецка :D.
     
    На zhap4e и simoncelicius им се допаѓа ова.
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Мене да ми пееше немаше така да заврши :D :D Симона злобна види ја :lol: Се шалам симона :)
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    е мене вака некој во сред дискотека и тоа не корпа комунално ке му викнам :D , не искрено не ми се допаѓање идејава од почеток ама секој различно инаку јипман продолжи ти и следниот викенд со форава па дај ни пак извештај ;) ако ништо друго собирај искуства бар нели х-ман?
     
    На XMaN и Dushica-sk им се допаѓа ова.
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Да не ти пее случајно маж ти после ? :D Можда девојката не се погодила да сака такви работи од кај знаеш . Признавам и мене би ми паднало чудно да ми пее некој што не го знам ама последно на памет би ми било да избегам :?: Во најмала рака би се запознала и би прашала зошто баш јас ја имам таа среќа :$ :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    секој различно :) а во иднина маж ми да ми пее? искрено прва помисла за вакво нешто ми е шо ти е? пијан си? или си земал од погрешните таблети сабајлево? ај отспи ке ти биде подобро
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Леле, за тоа ли беше целата фрка со пуштањето со песна? Јас мислев бре на некое девојче што го знаеш и што ти се допаѓа. :D
    Вака на улица секоја непозната би се истрескала од земја на такво нешто.
    Во секој случај е оригинално и браво за храброста! :up:
     
    На srcekrsacka, WildCherry, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    е ај замисли типов прв пат го гледаш и ти вика може малку твое внимание? и почнува да пее. и ситуацијава e wtf :?: ??
    абе јипмен штета што не сум била таму да те гледам во акција пошо јас на постов се превртев од стол дур го читав а замисли да те гледав од страна, жими се најненормален си излеа :D
     
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ма не. Јас само на храброста му честитам.
    A за реагирање којзнае како би изреагирала така некој singing man да ми се појави пред очи. Ама знам дека здраво има да му се изнасмеам.
    Посебно пак да е некој што ке зацепи некоја срцепарајуча турбо фолк строфа. Мх мх. :D