Дали обраќање на внимание е turn off? Не зборам за секојдневно досаѓање со пораки и повици, туку повремено, преку 3-4 дена. Прашувам зашто девојчево скоро никогаш не ми пишува, освен кога ќе треба да излегуваме. А и разговорите преку допишување сега се многу кратки, пред да почнеме да излегуваме траеа со саати. Глупо ми е цело време ја да пишувам прв, се осеќам како да досаѓам. А кога ќе се видиме многу е комуникативна, цело време збориме за се и сешто.
Не и давај внимание.Ако сака,таа нека ти пише.Може и ти малце да се оладиш.Гледај си свои обврски,живот,пријателства.
даа, плус ја ич нејќам да зборам по телефон, се губам . гушка за одговорот инаку И ја тоа викам, нека ми пише она еднаш. Ама мислам нормално е да сакам да ја слушнам барем еднаш или два пати неделно.
Лично ќе тргнам од себе, јас сум тип што не сакам да седам на тел и да си пишувам нон стоп, тип што не сака 100 саати да збори на тел. Не дека не сум комуникативна но тел ми е за по потреба, а не да убивам време пишувајки си. Преферирам муабет во живо. Да од време на време нормално сакам комуникација како си шо си, мегутоа овде зависи и во која фаза сте. Дали уште се запознавате, дали се гледате итн. Остави ја една недела, нека ја заголицка малку кај си, шо те нема ... па ќе видиш како ќе изреагира
Дали доколку другарка и кажам дека имам искочено со девојка и почне да се распрашува кога се случило тоа дејтање, во стил кога било ова(иако другаркава ја немаше некој период,беше во странство) е знак дека има симпатии кон мене?Дали е тоа заинтересираност од нејзина страна кон мене?Гледање во иднина со мене?
Не, мислам дека штом ја снемало и не била тука сега сака да види што има ново во животот на своите пријатели.
Девојки имам еден проблем ако може така да се нарече. Пишувам со девојка веќе 2 недела, ама секогаш јас започнувам разговор и потоа таа одговара, ама никогаш таа ми нема пишано прва, макар и два збора. Девојката не е баш по социјалните мрежи, и самата ми има кажано дека не користи телефон баш многу. А во муабетите си имаме баш фин разговор. Таа поставува прашање, како сум, што ке правам денес итн. Ајде хелп
Па добро мислам дека не е толку битно кој ќе пише прв се додека имате добра комуникација,ама ако мислиш дека таа се однесува незаинтересирано пробај на пример следниот пат да ја оставиш да видиш дали таа сама ќе ти се обрати на тебе.Обично на нас женските ни одговара кога пишувате први и покажувате дека ви е интересно со нас,такви некои ситници на нас ни значат многу.
Еве и јас како женско да одговорам дека да сакам кога тој го започнува разговорот и во 99% од разговорите не пишам прва По самиот разговор ќе си приметиш дали е заинтересирана или не....
Mala pomos, se raboti za simpatija i toa apla simpatija, no nikogas nemavme pisuvano, se do vcera prva mi reagirase i pisa na story. Prevozbuden sum ko nekoe 17gofisno dete haha, pisuvavme so pisuvavme ja prasav nesh, mi rece cekaj moment da proveram i ja snemaaa. Dali da i pisam povtorno okolu toa ili onaka random nesh drugo?