Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Butterfly....

    Butterfly.... Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Неодговорно е и да исклучиш телефон кога треба да се видиш со некого. Јас таква непочит не толерирам.
    Недај боже нешто се случи, те бараат, како може да исклучува човек телефон без да каже на партнерката?
    И ако е кратка врска ќе раскинам со време за вакво однесување. Преку вакви ситници се гледа карактерот на човекот.
     
    На cresa-jagoda и Indiegurl им се допаѓа ова.
  2. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    А ако е долга врската?
     
  3. Butterfly....

    Butterfly.... Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило никогаш, но нема да помине туку така. Ќе почнам да сметам дека не е толку заинтересиран и ќе се прави долг разговор на темава, па и кавга ќе настане. Ако се повтори нема да пројдам преку тоа никако. Некој да спие и да не ми дојде да го чекам, па уште и долго време да сме заедно. Ужас.
    Се чудам како вакви неодговорни луѓе има.
     
    На Just.do.it, cresa-jagoda и Indiegurl им се допаѓа ова.
  4. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Аха значи за кратка врска не толерираш, а за долга толерираш. Чудно.
    Јас разбирам да му се налутиш и да го опомениш да не му се повтори ама одма да ставиш крај е малку избрзано според мене и за кратка и за долга врска.

    Е сега, ако ова му стане навика, тогаш да и јас би прекинала.
     
    На Directioner005 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  5. Butterfly....

    Butterfly.... Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Па во долга врска ако никогаш до сега не се случувало со години и одеднаш се случи ќе се запрашаш зошто почнал со таква неодговорност. Друго е, го знаеш човекот со години, не правел така и одеднаш таква неодговорност.

    Во кратка врска одма гледаш дека имаш работа со неодговорен човек и бегаш со време. Тогаш го запознаваш и му гледаш навики. Мене вакви навики не ми се допаѓаат. Не сакам вакви мажи, нестабилни, го чекаш за дејт, а тој да спие.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.242
    Пол:
    Женски
    Ама се случува ненамерно, колку пати и ти си заборавила да купиш нешто од маркет, а баш ти било потребно.

    Стварно некогаш без да сакаш ќе заборавиш, ќе се успиеш. Луѓево на полагање на испит се успиваат, не па за ова.

    Ама океј ете некој толерира, некој не.
    Сите сме различни.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly....

    Butterfly.... Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2022
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Ни за испити, ни за работа сум се успала. За мене се тоа е неодговорност. Да спиеш до толку, за да заборавиш што си испланирал.
    Што нудам, тоа и барам. Ваква неодговорност од мене никој нема да види, затоа исто и јас не сакам.

    Да секако, секој со својот праг на толеранција.
     
    На Just.do.it, Bezimenka90, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. 6th sense

    6th sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2020
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Не толерирам ни јас неодговорно незрело однесување во ниеден однос. Работодавец да сум не би толерирала. Едно е успивање кога немаш обврски спрема никого, на секого тоа му се случува, друго е успивање пред состанок, интервју за работа, испит, средба од било каков тип. Мизерно ми е не почитувањето на нечие време, бидејќи времето не се враќа. Меѓутоа, луѓе сме грешиме, не сме сите исти и ако сме на почеток на запознавање би требало да си дадеме шанса. Една таква постапка не значи дека човекот е таков по природа секогаш.
     
    На Spro, Beemo и Butterfly.... им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Претерувате…
     
    На Youknow, Waverly Raven, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.640
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Ќе му раскинела и ќе се карала ако се успал, леле Боже, па што ќе правиш ти при поголем конфликт? Ќе смениш континент?Да, се дешава успивање и не е никаков знак за неодговорна личност туку нормален човек на кој некогаш може да му се деси да се успие.
     
    На krrrra, MeowMeow, Munchmallow20 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    394
    Пол:
    Машки
    Кога гледаме од себе и таа слика ја проектираме на други, можеме да направиме грешка. Тоа што твоето тело ти овозможува умствено и физички да не се успиеш за договорен дејт, не мора да значи за други. Дали некој е метеопат, има хипотензија или едноставно е под лекарства (пример проблем со синуси) може да влијае на нивната способност да останат будни за некој настан. Вакви здравствени муабети секако не се прават на почеток на врска и затоа е важно да не се избрзува со тоа кој колку е одговорен.

    Со други зборови, треба да се побара појаснување за постапката пред да се избрза со одлука за врската. Секако, дури и здравстен проблем да е причина за успивањето, не значи дека тоа треба да се прифати по секоја цена, се согласувам дека секој си има свој праг на толеранција и никој под сила не треба да биде во врска.
     
    На Waverly Raven, prashinka, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Боже...малку претеравте. Можеби бил уморен, можеби многу му се спиело и случајно заспал. Па на сите ни се случува да дремнеме ненадејно без да се освестиме. Но, ако веќе си бил уморен и си бил свесен дека не можеш да издржиш буден, си требал пред тоа да ја известиш дека не можеш тогаш, за ако има други планови да си го организира времето.
     
    На edna_malecka, prashinka, KittyAgnes и 4 други им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Успивање за унапред договорена работа е неодговорно и покажува колку ти е битно договореното, без разлика дали е љубовен или деловен состанок, работа, испит или термин на лекар. Уште дополнето со исклучен телефон демек кој те шиша ако ме бараш, чекај да дремнам прво.
    Се работи за возрасни луѓе не деца.
    Ако си уморен откажи. А ако си спанко не договарај во твоето време за спиење.
    И какво е тоа случајно заспивање? Облекуваш фармерки и задремуваш со патентот в раце? Седнуваш во вц и задремуваш на шолја? Како?
     
    На Belgin1, Bezimenka90, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако е еднаш, ќе ми е смешно и нема да замерам.
    Јас имам заспано на работа (од дома работам) ама бев преизморена, буквално седнав на кревет и заспав стоејќи. Станата бев од 4 сабајле и не бев седната се до тој момент.
    Луѓе на волан заспиваат од умор, не значи дека не им значи животот :)
    Ако не се повторува и си генерално одговорен човек, нема да реагирам никако посебно. Се случува.
     
    На MeowMeow, Kasiopaja221, Beemo и 2 други им се допаѓа ова.
  15. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Не исклучив телефон намерно, се ажурирал софтверот, а пред тоа не ми стигна порака дека ќе се ажурира.
     
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Брзате со заклучоци.
    Никој не се успива од нигде никаде. Сигурно бил многу уморен, имал напорен период, бил под стрес, му фалел сон.
    Ете у овој случај телефонот.
    Не се раскинува одма.
    Прво се седнува се разговара, и после тоа се носат заклучоци.

    @_Naumche_ сигурно до сега си разговарал со девојчето и те разбрала, и нема потреба да се лути пошто утре-задутре може нејзе да и се деси да се успие или нешто слично.
    Компромис.
     
    На _beautyy_, MeowMeow, Kasiopaja221 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    И мене ми се случило истото со мобилниот. Обично ако треба апдејт, а претходно сум го игнорирала знае да се исклучи сам. Патем, може да се случи и да се успие било кој. Мене ми се има случено (дури имам добиено чудна реакција), иако не во ваква ситуација како @_Naumche_ . Некогаш од премногу обврски, недоволно спиење, одложување на паузи само зашто на некој начин ќе се губење време и сл.може да доведе до ова.

    Е сега во вакво нешто колку и да си ја кажува реалната причина, може пак погрешно да се протолкува. А не сме ние видовити па да знаеме како ќе биде прифатено. И нормализирајте веќе еднаш успивање.
     
    На Beemo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ептен сте ќут:P
     
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    1.386
    Чудо големо ако подзаспал. Е сеа да не е стално но можи да се деси од преумора чекајќи да дојди времето за излегување и можи несвесно да се заспие. Да заспиеш од умор то не е неодговорност ама да изгасниш телефон и да си легниш е то богами не е фер. На сите ни се десило да заспиеме макар за било шо. Ми се има десено да заспијам за во трета смена на работа ама уморот си го напрај своето.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.369
    Пол:
    Женски
    Не е знак на неодговорност , се случува на сите и толку . Телото бара одмор , ако не му го дадеме потребниот одмор навреме , доаѓа до вакво нешто .
     
    На prashinka му/ѝ се допаѓа ова.