Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. DrMTR

    DrMTR Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Машки
    Читај меѓу редови девојко. И да, точно е. Ако за тебе не е, тогаш си во во тие 1% што не ги интересира такви мажи.
     
  2. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Чоек, сфатив што сакаш да кажеш, ама дај изразувај се подобро. Бог да чува.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Сите скоро играат топло ладно, предигра ништо друго. Ретко се случува и врска од истото. Обично е маткање (губење време) дури испадни нешто и после чудисе на шо си. Како и да е ми беше зборот, без оглед колку некој ти искажува чувства на тацна да ти ги дава, ако ти не си по него( не го чувствуваш истото) ништо нема да се случи, и си продолжуваш кон тој шо го бендисуваш.
     
    На Beemo, sino.o.oka и Dashing:) им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.676
    Пол:
    Женски
    А бе не е така лесно тоа, со два збора да се каже. :D Девојките не размислувале, затоа бирале полоши, ох. :D
    Го бирам тој што ми е ќеф, едноставно. Не сум од тие што бираат некои кои се поладни, сакам да сум убаво третирана, ама не можам "да паднам" на било кој кој така ме третира. Ми треба енергија некаква, став, карактер, компатибилност. Па и надворешен изглед има улога, да не се лажеме.
     
    На sino.o.oka, Indiegurl, Beemo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Stariot

    Stariot Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Машки
    Хмм, мислам дека дека имаше тема "Зошто да биде едноставно ако може да биде комплицирано". Едноставно кажано нема прост одговор. Секоја девојка е поинаква и се зависи од ситуација, а понекогаш и од лична мотивација. Нема параметар кој ќе покаже што бара една девојка и како да и се пријде. Понекогаш и совршениот план како да и се пријде на некоја девојка одеднаш станува импровизација....
     
    На mira.mira и DrMTR им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.369
    Пол:
    Женски
    Види сеа , од лично искуство . Дадов шанса на човек што ми посветуваше внимание , два пати ( две различни особи се во прашање ) и тоа заврши многу лошо .

    Првиот ме изневеруваше последните неколку месеци и покрај тоа што ми посветуваше внимание речиси цело време ( можеби последниот месец она баш се приметуваше дека нешто смрди ) . Подволичен човек не сум сретнала у животов .

    Вториот , ми беше другар прво . Во меѓувреме " се заљубил " во мене , но јас бев во врска со овој погоре што го опишав . Кога раскинав , овој ми пријде на поинаков начин , почна да ми се додворува , а секогаш сме биле блиски но како другари . Ај му дадов шанса . Таа шанса траеше 2 недели , тој знаеше дека не можам да го гледам како дечко , од старт му појаснив дека ми треба време за тоа . На крајот , кога спогодбено ставивме точка на " врската " после само неколку месеци почна да ми вади муабети дека се " мувам " со него и сегашниов ми сопруг во исто време . Зборувал дека сум ку**а , дека излегувам со двајцата , дека јас и он не сме раскинале ( а немаше врска тоа , поминаа 2 месеци откако спогодбено се разделивме јас и тој ) . Работата дојде до таму , што физички ќе се пресметав со него , за влакно .

    Од тој момент , решив да бидам со момци што играат на карта " топло-ладно " . Мојот сопруг беше таков цело време , да имаше нервози , имаше препукувања , момент кога се откажав и решив да продолжам понатаму без него . Можеби тоа беше моментот кога тој сфати дека ако така продолжи , ќе ме изгуби засекогаш , и наеднаш се промени . Веќе 8 години сме во брак , тераме 9та .

    По ова испаѓа дека постабилни се некои типови кои си играат топло-ладно , отколку овие што цело време те опсипуваат со убави зборови и внимание ( да не бидам погрешно сфатена , не сите се такви , но во мојов случај така испадна ) .
     
    На Love Elixir, Bananki023, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Моето мислење на некој начин се поклопува со твоето.

    Сакам внимание, ама сакам и простор. Не сакам да бидам со човек што е камен во срцето и не му текнува на мене со денови. Ама не сакам ни таков да ме бара 55 пати на ден и да сака додека сем во врска секој ама баш секој ден да сме заедно. Сакам од се ама по малку. Кога ќе кажам дека ми се оде на кафе не значи дека сакам цело време со него, мижеби сакам сама, со роднина или со другарка. Па да не ми вика после "не ме викаш а?". "Се бањаш без мене а маче". :D Се, ама во мера. Јас кога имам лош период, денови или недели не ми е до тоа да му посветувам мнооогу внимание на партнерот. Ама знам да изненадам со романтика, а со љубов секогаш бил опсипан.
     
    На CrazyGirl15, Pinkdust и mira.mira им се допаѓа ова.
  8. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    "Играње топло ладно" само покажува дека партнерот е човек, а не машина, има добри и лоши расположенија и моменти. Зависи каква е врската целокупно, секоја врска си има свои навики за честота на пишување, излегување и сл. Што сами си ги поставувате, нормално.

    Ако некој е цело време достапен и бара да излегувате и пишувате, значи сте во co-dependent врска што не е добра за никој.

    Треба да можете без партнерот да живеете најнормално, исто и тој без вас, но ептен да уживате во меѓусебното присуство, за да биде една врска здрава.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Машки
    Wait what???
     
    На theowndemon, buba4e89, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DrMTR

    DrMTR Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Машки
    +1. Добро кажано.
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.640
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Играње топло ладно значи намерно да му правиш нагли промени, да го опсипуваш со љубов и претерано па да бидеш ладна и недостапна , и обратно од негова страна, значи манипулација е и секако дека не е здраво, тоа не дава никаква стабилност.
     
    На ilenaki, theowndemon, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LavBog2

    LavBog2 Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ми треба мислење и совет од девојките. Ќе дадам пример. На забава сум со пријатели исто и непозната девојка до другарки излегла. Како да и пријдам незнам каква тема за разговор да отворам и како и кога да можам да и кажам ај да излеземе надвор малку насамо, за да можам да ја придобијам. Благодарам однапред!
     
  13. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Не би излегла надвор со некого што го знам 2 минути, не би излегла ни општи со него таа вечер. Мене ми е turn off и чистење да и дојде келнер и дс ме тече од оној ти е пијачката. Можиш културно дс ја прашаш "Здраво може ли да се запознаеме јас се викам Х" потоа прашај ја на пример како си поминуваш, бевте некаде претходно, збори нешто демек сега летно време подобар е ноќниот живот подобро е за излегување. Потоа прашај ја дали сака да размените фб/инстаграм или број. Доколку не сака не настојувај, доколку разменети можеш да ја побараш утре дента дали би сакала некогаш да пиете кафе да се запознаете подобро.

    п.с. Прашај ја уште одма "Дали си слободна за да не си имам проблеми со некого?" Пошто знаеме какви се има може да ти дојде и дома на врата дека си ја чепкал женска му.
     
    На Bananki023, LavBog2 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    168.634
    Пол:
    Женски
    Знам дека месец каснам ама ... ОВА! На момент бев фрапирана како се гледа позитивно на "топло- ладно". Едино добро е како десерт.

    Ако осетам дека некој се оддалечва од мене ме повредва. Некоја можи поќе ќе се инвестира за да е топол ама јас бегам. Ко сакаш така - на ти така. И ко ќе дојди на "топло" ме повредва пак, оти сум збунета. Поентата ми е "топло- ладно" е пред се манипулативно пошто контролираш емоции, намерно, на партнерот и ги насочваш во своја корист и е карактеристика шо влегва во геслајтинг. Човечки е да имаме флуктуација во чувства, до таму се согласувам. Ама "топло ладно" не е флуктуација. Само чиста манипулација. :l:
     
    На Mantub, cresa-jagoda, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Константност и јасни цели и дирекност е битна работа. Ако не е кажано low context или го игнорирам или одбегнувам такви луѓе.
     
    На DrMTR и Dita_girl им се допаѓа ова.
  16. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Машки
    Се изначитав на темава и слободно можам да понудам совети, мислења во дм за мажите. Дап, лајнари сме ако сме решиле да ве ебеме, тоа е што е. Фуј
     
  17. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Кратко: добивам seen на пораки, корпи, незаинтересираност од девојките... Не сум тип што се фали а и реално, немам со што да се пофалам освен со скромна кола која ми е превоз а не статус, со книги и желба за едукација.. Значи скромно. Над 1.88 висина, фит изглед... Е стварно не знам зошто олку неуспеси :/
    Совет?
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Машки
    Види знам дека не е лесно, али не си ставај на срце. Гледај да запознаеш девојка преку другари, пријатели, роднини, итн. Батали филмовите кај што идеш на шанк или маса и и ги стресуваш колената со пикап лајн. Батали преку фб/инста кај што ќе пишеш и пак исто, ќе те гледаат само како манјак. Не велам дека е не возможно преку фб/инста ама е многу ретко. Така да излевај, дружи се, не се замарај многу и што е твое ќе си дојде. Со среќа.
     
    На Love Elixir, Kumanovkaa, Dimi_ и 3 други им се допаѓа ова.
  19. DrMTR

    DrMTR Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Машки
    Најди си хоби и посвети се на себе!!! Не се фокусирај на бркање девојки. Ке видиш дека после некое време, ке се најде некоја која што ке те цени таков каков што си. Мада во последно време девојките се прилично живчани и прибирливи и самите не знаат што бараат од мажите.
     
    На Kumanovkaa, Dimi_ и Dekoo им се допаѓа ова.
  20. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    Женско треба да пише но можам јас нешто да кажам колку што сум приметил. Треба да си неарогантен, емпатичен, да слушаш добро и да разговараш искрено, да имаш смисла за хумор, да си ок на изглед, хигиена, култура, да имаш нешто интересно или паметно да кажеш, да знаеш што сакаш, да си информиран и да размислуваш ок, да не си затупен, нормално агресија, алкохол, дроги и други зависности не. Кола е далеку од единствено нешто не дека е лошо но далеку од клучно. Треба и упорност и трпение да не изневеруваш и обично е битно стабилна, долготрајна врска и деца да сакаш...Нема откажување.
     
    На DrMTR, cresa-jagoda и Dimi_ им се допаѓа ова.