Најверојатно поради самиот mindset. Како сакаш сфати ме, најотворено ќе ти кажам. Самодовербата е клучот за се, со муабети “кола како превозно средство” , као демек девојките колата само ти ја гледаат. И што е тука скромно? Не сте ми јасни бе.. Работи на самодоверба, не е се во фит изгледот и висината. И најубав на Свет да си, тие комплекси што ги имаш девојките ги осеќаат и ги одбиваат. Исто така и ако си премногу нападен поради самиот притисок што го осеќаш да фатиш женска. И тоа се осеќа. Значи, не се оптоварувај со тоа да фатиш некоја, искачај, дружи се, работи на себе, и само спонтано ќе си дојде.
Не беше злонамерно воопшто. Ако ме сфатиш како што треба што сум ти кажала, најдобар совет ќе ти биде. Поинаку не знам да го формулирам.
Бараш совет, а не сакаш да добиеш одговор. Можеби не е проблем што немаш самодоверба, туку преголема самодоверба
Бидејќи зрачиш со nice guy енергија. Најискрено ти кажувам, пишуваш пост кај што бараш совет а уствари се фалиш колку си скромен за сожалувачки ефект, мислам, одговорот ти е во мислењето. Тргни од тоа да се однесуваш искрено, без преправања и без "колку сум јас најсѐштопостои ама никоја не ме сака ((" однесување. Кога ќе го напуштиш тоа пореално ќе си ги увидиш и негативните карактеристики кои веројатно ти се пречката.
Доволно е да бидеш искрено тоа што си и да немаш големи очекувања на почеток. Нека си оди се спонтано.
Ете, се ти е јасно веќе. Си знаеш што сакаш да правиш. Шо бараш совет тогаш, кога ништо не прифаќаш? Терај си како шо мислиш. Очигледно имаш успех со твое...oh wait....
Жал ми е, ама ова значи nice guy: However, the term is also often used sarcastically, particularly in the context of dating,[1] to describe someone who believes himself to possess genuine "nice guy" characteristics, even though he actually does not, and who uses acts of friendship and basic social etiquette with the ulterior aim of progressing to a romantic or sexual relationship.[5][6] This is sometimes referred to as "Nice Guy Syndrome", which is used to describe a sense of entitlement to sexual or romantic attention from women simply for being "nice", and irrational anger when that attention is not forthcoming. Филмот за тоа дека сакаме лоши дечковци е само филм.
Добро бе па ваљда не се (или не сме) сите добрите момци или лошите момци. За терминов и таква категорија луѓе читав нешто на форумот за да доловам што сакаат да кажат членовите и не е тоа. Да беше тоа ќе знаев. Ете едноставно некогаш немаме среќа, некогаш имаме, некои ретко некои често. Одма веќе најс гај бед гај, аман
Мој совет (кој што си го дадов и на себе) ти е да баталиш со потрагата. Се гледа дека тоа те фрустрира и те изјадува одвнатре. Не е само размена на нежности со жена уживање у животот. Фокусирај и ангажирај се да заработуваш пари за да си го исполниш животот - шетај го светот, има милион интересни дестинации. Уживај во храна, пиење, некоја адреналинска активност, хенгинг аут уит д гајс. Кога ќе си прифатиш дека НЕМА да го најдеш тоа што го посакуваш ќе ти олесни. Се додека се вртиш во кругот надеж-разочарување-надеж ќе се мачиш. Кога тој терет ќе си го симнеш од грбот ќе можеш да уживаш во останатите задоволства од животот.
Глупости се тоа добри и лоши дечки...поедноставување за луѓе кои им е тешко да ги сватат сложеноста на вистинскиот свет. Плус и те ставаат во шема дури и луѓе глумат едно или друго за да тераат шема. Без поента е. Остај повеќе свати го како глуп виц со стереотипи.
@Dimi_ ево дечко, пола саат те читам на форумот и веќе си ми ливче на кое не би му одговорила никогаш. Прво, зошто женските воглавно не одговараат на пораки? Затоа што ги добиваат милиони, ама милиони. И пораки на рандом девојки по социјалните мрежи изгледа очајно и на сите ни е доста од тоа. Друго, никоја девојка не сака да слуша само за тебе, тебе, и тебе... Ко оној вицот "туку, доста зборевме за мене, ајде малку за мојата кола" Трето, тоа што мислиш дека ги интересира жените и тоа што навистина ги интересира се две различни работи, ама заради твојот менталитет и идејата која си си ја набил на глава (дека си многу добар и затоа не те сакаат девојките) секогаш некој друг ќе биде крив за тоа што не можеш да најдеш девојка, никогаш ти, таман работа.
Не знам колку му помогна...ама да му поедноставам. Тоа што вика дека е супер и друг му е крив звучи нарцисоидно и не функционира, така?