Па ти кажувам од страна како се приметува. Друго, горе си ги пишал како први квалитети тоа што си висок и фит...штом мислиш дека тоа е најбитно појма немаш што сакаат жените. Анализирај си ги малку постапките и карактерот, така ќе увидиш зошто доживуваш константно одбивање.
Ако лажеш тоа е лошо на долг рок зошто ќе бидат кога тогаш откриени лагите и се ќе се заврши лошо. Но не мора ни се да кажуваш на почеток. Има начин на суптилно избегнување и криење што во пракса не е лажење само некажување. Не мора се да се сподели веднаш но не треба и да се измислуваат ептен лаги. Ова најдобро функционира.
Јас не разбирам што има лошо да си истакнеш карактеристика Јас сум скромен/скромна?? Дали е тоа лошо и сожалувачки според тебе сериозно? Ти за себе што си викаш како би се преставила јас сум параспурџика и материјалистка ? И тоа е океј бидејќи повторно се опишува карактеристика. Апсолутно не се согласувам со твојата констатација дека ако кажам за себе дека сум скромна, се фалам себеси. Тоа е констатација на свесен човек за себеси. Кој се знае каков си е самиот себеси ќе си се опише најубаво брутално искрено, а кој незнае другите ќе го опишуваат а тој ќе ги слуша. @Dimi_ Женскиов пол те нападна другар да неможе човек во денешно време да каже дека е добар и искрен човек ќе го натепаат и сакал нејќел мора да станеш лош Те нападнаа исто шо кажа дека имаш кола и тоа обична еј ,а замисли ферари да пишеше ... нејсе ти ја разбирам поентата на моабетот мој совет е да бидеш свој нема потреба да глумиш нешто што не си како шо ти налагаат единствено да поразговараш со блиска другар/другарка шо те знае па да ти истакне некоја особина за која ти не си свесен. Нема ништо во тоа да бидеш скромен апсолутно, остани таков скромноста е доблест. И убаво е да се фалиш бе зашто да не па мора ли да се критикуваме само. Но, ако сакаш да согледаш каде грешиш можеш само со себе набљудување и да бидеш искрен спрема себеси и за своите мани што ги имаш не само за своите предности . И не губи надеж таа што е за тебе верувам дека ќе ве спои патот дали преку здраво или чао ,ќе кликне
Не земам во предвид ни на една секунда тип што вели - Жените веќе не сакаат добри мажи, треба да си лош и да им го скршиш срцето. Дечково ако добро памтам еднаш пиша дека паријархатот е истребен нема веќе патријархални проблеми. Тоа ако го мислиш уште, треба подобро да поднаучиш со што се соочуваат жените па може ќе имаш и повеќе успех со нив.
Не одамна, туку, за прв пат во животов читам олку прекрасен совет, толку јако енергетски делува што самодовербата од 100% ми ја направи 1000000000% од сѐ срце те гушкам А да, најдов нешто на инста предмалце па мислам дека и ова има некоја логика https://www.instagram.com/reel/CfNVawjpYSd/
Бар да не го пишеше ова едно по друго. Има. Следи го и дојди да ни кажеш што успех постигна. За научни цели е.
Здраво Ве молам за помош Ми се допаѓа еден дечко, имам приметено дека ме гледа веќе месец дена и повеќе но неми ни лајкува ни ми пишува а ме има на сите социјални мрежи. Јас се мислам да пишам меѓутоа пречка ми е тоа што имам излезено два пати со негов другар ( пред 5 месеци ) се имаме мувано само немавме секс. Што да правам дали да пишам или да го баталам поради другарот или некој има некоја друга идеја. Молам за одговор Благодарам однапред
Јас сакам да пишам а другарките ми викаат лајкни и чекај да ти пише за да не бидам несериозно разбрана мене ми е глупаво такви играчки јас 28 тој 30. Што мислите околу тоа ?
Ако се ептен блиски другари може и да знае за тоа што било меѓу вас, па затоа да не ти пишува. Сепак сте возрасни луѓе, без многу заобиколување и чекање со лајкови, ми виде стори или не и слични глупости, не е лошо да си пробаш шанса. Пиши му ако сакаш и ќе знаеш што и како, вака да му читаш мисли не можеш. И јас не би била со другар на некој бивш ама само ако сме имале врска и нешто стварно посериозно меѓу нас да било. А, вака неколку дејта и ништо сериозно, не би се устручавала толку ако се само познаници и онака другари. Ептен ако се најдругари, би избегнала само незгодна ситуација.
Nz dqli znae izleguvaat zaedno ama ne sekogas da se zaedno bidekji se golemo drustvo. Izl sqmo 2 pqti so drugarot negov i tolku. Vo sekoj slucaj ako pisam i izl so covekov ke mora dq mu kazam bez razlika dali znae ili ne bidekji drugarmu ako ne vidi da se poz negde kaj sto ke se sretnime moze toj da mu kaze otposle i porqdi toa mislqm deka e poubavo jas
Големи сте. Не верувам дека ќе испаднат тинејџерски драми. Со другар му не сте имале нешто сериозно... Тој сигурно тебе не те чека...
Нема врска што си била со негов другар, не си имала ништо сериозно. Па незнаеш ни тој дали и со кои бил пред тебе. Пробај ако може да се запознаете и запознавате. Ако се појави грижа и љубов меѓу вас ќе се почувствуваат вашите вистинските побуди. Не мора да му кажуваш за другар му, ако вистински се засакате тоа ќе биде само заборавено минато, нема да има значење. Ќе си градите ваша заедничка доверба.