Еден генерален совет for my homies. Fake it till you make it Никогаш не барајте совет од женско за тоа што треба да направите и какви да сте за да стигнете до женска.
Грешен ти е советот. Правилно би било: Биди она што си. За да најдеш адекватен партнер. Ако глумиш, ќе се заебите двата.
Има широк спектар на елементи во fake it till you make it, не апла лажење за се. Ако сме реални во мала доза сите подлажуваат т.е. го преувеличуваат секој аспект од тоа што го имаат за да се издвојат од конкуренцијата и да стигнат до целта. Биди она што си е најглупавиот совет што постои, тоа е исто како на некој да му кажеш абе биди среќен. Во последните 2 страни што ги прочивав беа момци што имаат проблем да најдат женска ( не мора да значи за врска) туку дека се одбивани и слично. Тоа значи дека до сега "биле какви што се" и тоа не носи резултати. Значи треба да се направи промена. Советот биди тоа што си, е празен и повеќе одмага отколку што помага. Кога ќе make-неш, значи дека си make-нал. Чувството кога ќе make-неш e подобро отколку никогаш да не make-неш. Ова протолкувај го како сакаш
Едно нешто ми е останато во глава. Човек може да глуми една недела, може да глуми месец, може да глуми година, ама тоа што го има во себе, кога тогаш ќе исплива на површина.
Сите сме биле одбивани. Ако си она што си, нормално дека нема на секој да му се допаднеш. А и баш тоа е поентата, да најдеш некој со кого си одговараш, а не да најдеш некој for the sake of finding them. Го повторувам муабетов на две теми, во 5 минути.
Како го кажа ова како човек никогаш да не може да го промени тоа што го има во себе. А што подразбираш ти под "тоа во себе" ? Што мислиш дека ти треба у моментот. Како пример: Зошто сите женски фејкаат изглед на социјални медиуми ? (го знам одговор ) - Ми се дешавало да идам на дејт и само што ќе ја видам ми идело да се свртам и да се вратам назад. Па нормално дека не можеш на секој да му се допаднеш, па каков сакаш биди. Не збориме за идеал. Туку факт е дека постојат работи што ќе ти донесат поголем успех од други. Пример: срамежлив и повлечен vs комуникативен, физички убав или не, богат vs не толку, каков статус имаш во општеството. Сите овие работи може да се подобрат. Не можеш да кажеш само, биди свој
Не мора да ми реплицирате сите, темата ќе отиде у спротивна насока. Али само ќе се повторам себе уштре еднаш, homies Прашајте другар што му иде добро, за 5 минути сите работи ќе ви станат јасни. bb
Не би знаела да ти одговорам, не си го фејкам животот на социјални мрежи. Ниту пак сум непрепознатлива. Епа сега за лажење збориш или за работа на себе?
За секого - Има некого. И да, можеш да кажеш: Биди свој. Знаеме дека нема да ме послушаш, ама то е... Разбирање и емпатија.
Иде во тема Совети од женска страна за сите машки и кажува: Не барајте совети од женско. Де банирајте го од темава. Пациенти.
Па сигурно тука доаѓаат момци што се во некоја тешка ситуација и бараат помош.А тие што знаат како, знаат дека совет не се бара тука. Грев е да се остават да бараат помош на место каде што нема да го добијат, а кога си очаен на некој начин ќе се фатиш и за сламка. И немој да реагираш толку емотивно за тоа што сум коментирал. Исто и жени коментираат во темата за совети од машка страна. fair exchange Проблем е што нема адекватна тема - Совети од машка страна за сите мажи.
Кајгана. Мислам на форумот, не на јајцата шо ќе си ги чешкате од то како зборате за клетите жени шо дават лоши совети.