Па ете ти ја грешката си кажал дека ја сакаш преку телефон а не те ни знае до толку 1. треба да се упознаете и да станете пријатели 2. треба да види дека од тебе ке биде маж со добар карактер 3. треба да види дека не си мањак 4-10 треба да се чуствува сигурно со тебе и сл. ти си избрзал многу , ама ке биде работа сеа прво треба преку другари да и зборат како си добро детенце па да се дружиш со нејзините другари , па кога они ке искочат со нејзе и ти стави се сеа тука ке биде тешко срамот и останато ама ке биде работа ....
Pa dobro sto mozam da storam za pobrzo da ja pridobijam zs jas taa sto ja sakam se plasam da ne ja navredam
не можеш повеќе да брзаш веќе си избрзал се согласувам со мислењето на јапнам2 запознај се со нејзиното друштво дружи се со нив така ке бидеш на чекор поблизу до неа а некоја вечер кога таа ќе е таму придружи им се но прво зборувај со нејзините пријатели и подоцна со неа за да не бидеш многу нападен сепак таа е мала и сеуште се плаши од љубовта или е под влијание на семејството кое сеуште смета дека на малото девојче му треба кукла а не момче со среќа кракор
Inace Blagodaram na site sto mi pomognavte i uste mi pomogate, No bi me interesira sto obozava edno devojce, koi raboti kako na primer smeenje..... karakteristiki kaj maskite ili na primer obleka itn.Vi Blagodaram
Тоа е индивидуално за секоја девојка, не може сите да сакаме едни исти работи нели. Општоприфатено е дека е многу пожелно машкото да има добра смисла за хумор, да знае да ја расположи девојката. Да има убави манири исто така. А за облеката неможе да се каже точно, сепак се работи за стилови. Уредноста и хигиената се најважни.
Се согласувам со crazyinlove19 дека тоа е индивидуално кај секоја девојка.Една што сака една работа,другата не мора да значи дека сака и таа така.Зависно од карактерот на девојката.На пример мене не ми се важни облеката и изгледот колку акрактерот,начинот на кој тој се понаша со мене и такви некои работи
Кракорче ,биди си тоа што си ,никако немој да се фолираш ,макар и да е во прашање Анџелина Џоли Не се шегувам ! Ако веќе поседуваш некои негативни навики или карактерни црти гледај прво да ги елиминираш поради себе ,ако си коректен батка онда нема причина да бидеш несигурен. Велиш да не ја навредам ..Зошто се плашиш дека би ја навредил? Ваљда знаеш да се однесуваш со девојче ,нема потреба од толку тешки и главоболни мисли . Главата горе ,самодовербата фул и во напад! И со среќа ,секако
Со други зборови пријателе, биди тоа што си, немој во никој случај да с епреправаш и да глумиш нешто што не си затоа што тоа с еоткрива и ке биде голем минус за тебе. Да биди забавен ама се во граница зашо ако премногу си забавен ке помисли дека си неозбилен... Затоа се во нормала и најбитното биди тоа што си, па ако не успее тоа значи не е за тебе, не е ни единствена имаш други И памет за друг пат работи што се однесуваат на тебе сам решавај си ги и прави си ги, никако некој др за тебе најдобро намерен совет.
молба за помош, помогнете на идиотот Машки форуми не успеав да најдам а од мое искуство ми се чини поголема шанса имам да прочитам нормален совет од женско. Ќе бидам искрен, покрај мојот очај и безнадежност не ми остана ништо освен да барам помош на овој начин. Тоа со надежта ве молам не ми го спомнувајте и фаќање сеир и филозофирање исто не ми нудете бидејќи го мразам секој ден во кој се будам, секој ден во кој не решавам да си ги скратам маките е чудо, секој нареден ден тие што ме гледаат жив не знаат дека е чудо, храбрење и тешење исто не ми треба. 35 години,машко, образован, работам. немам еден единствен пријател (другар), немам еден единствен близок на кого можам да се потпрам и побарам совет (роднина), живеам потполно сам. Не сум асоцијална личност, не мразам луѓе, нормален хетеросексуалец, живеам во сопствен стан, финансиски стабилен со висока плата, моите години никој не може да ги погоди бидејќи живеам здрав живот и сум спортски активен. музиката и спортот ми го спасуваат животот веќе подолго време , бидејќи сам не се иде никаде не сум излегол во град веќе неколку години, после работа со наведната глава се враќам дома и се прашувам што ќе има на телевизија. Како е ова можно ? ајде на кратко, после преселби и лоши врски немам веќе контрола над животот, не пијам , не пушам, модерен, восипитан, изгледам премногу добро за да бидам со било која девојка, мразам кафани, певаљки, турбо , музика од клубови и дискотеки ми е блиска и на тие места сум излегувал пред да заглавам, на работа младо старо сите колеги се кафански народ , доволно добри за работа не и за приватно дружење, сум имал трагикомични обиди со познати да им се доверам да ме прифатат за излегување, ништо не помага, од друг свет се . Без претерување, точно е дека сум самобендисан , можеби сноб но ова што ми се случува е преголема казна за било кого, не сум згрешил никому, зло не сум направил, ова што ме снајде е неиздржливо. не можам да излезам од дома, не добивам шанса да се најдам меѓу луѓе, верувам само во директно и нормално запознавање но во очај и на фејсбук се залажував извесен период и после тоа се каев, доволно кажав за да покажам колку лошо живеам. Знам, заслужувам презир па и ова што го правам е очајно и патетично. Молам за совет и помош но немам од што да се срамам, немам ништо да кријам. Кажете што треба да направам, има ли човек да ги има сите одговори ? од полудите идеи, постои ли ескорт сервис во градов (не за секс) ? Сам не се иде никаде, ни во кино, има ли нешто што треба или можам да направам ?
Слушај, ај не си прави пекол сам за себе. Кај што ти е зезната ситуцајата не мораш сам себеси да се дотепуваш. Пробај со колегите на работа да се спријателиш. И попушти малце. Прилагоди се. Ако не оди тоа, пробај со некого од теретана да се спријателиш. Иди на пиво со некого, гледај утакмица....
Јас мислам дека до некаде и сам си крив...Не сакаш да излезеш со колегите од работа, не сакаш со други, значи не е до нив што немаш друштво туку до тебе е....Ако идат они у кафана иди и ти у кафана, шо има тука лошо у тоа? друг пат ќе идете у дискотека и така си иде тоа....неможе се да е по твое и да ти одговара во секоја ситуација на тебе а на друг не....Затоа мора да има компромис....Сабота е денес, јави се на некој од работа и излезете...
М11 купи си куче, прошетај низ парк во недела накај 12 саат има многу луѓе што се собираат и си прават дружби, ќе запознаеш некого. Социјалните мрежи сите ги потценуваат и на сите им е испод ниво да признаат дека навистина може да помогнат за да се запознаат нови личност, пријатели, девојки, момци... Затоа активирај се и на социјални мрежи почни муабет, запиши се во теретана или на нешто друго, аикидо, карате... ќе запознаеш и таму друштво. И кафана... па што ако не ти се иде во кафана, подобро и тоа одколку да седиш дома сам и да се самосожалуваш. За тоа што кажа дека си сноб можеби го манифестираш тоа во околината и верувај дека тоа многу се одразува и се приметува па можеби делуваш одбивно кај луѓето, затоа мораш и тоа да си го средиш и да престанеш да веруваш дека си подобар од останатите луѓе затоа што верувај дека не е така. Луѓе може да се запознаат насекаде, во маркет, во бутик, на улица, во кафич.. што ако седнеш сам да се напиеш кафе? Ништо, баш можеби ќе начекаш некоја девојка која исто така сама го пие кафете па ќе се запознаете. На крај па можеш и во диско д аотидеш сам, се стационираш на шанк и си ја бараш потенцијалната девојка се надевам дека немаш проблеми и со пристапувањето кон девојките. Секое добро.
фала ви на советите, нема да помогнат. Прочитав предлог за карате, аикидо, купување на куче, само ќе кажам само уште астронаут не успеав да станам ама само по сопствено убедување. Самосожалување, не би рекол но очигледно никој нема да поверува. Излегување во кафана, пијанчење и слушање на турбо ... не благодарам, подобар сум од тоа. Да излезам сам, ова е предлог за средношколец и не верувам дека лошо ќе си помине, тој што излегол сам знае тоа е едно од најголемите понижувања, цела вечер треба да се лажеш себеси и сите околу тебе, за жал во очај и низ тоа сум го пробал тек кога ќе налеташ на познат и треба да кажеш нешто. А потенцијалната девојка, која ли е таа јадница која ќе прифати запознавање со некој кој седи сам и нема да каже со кого дошол, такви има но сите знаеме со која намера, подобар сум од тоа . Без навреда мимс-89 но не ти верувам дека го мислиш тоа и си го посакуваш себеси. Еден виц со фармерот и кравата, ја молзел кравата но таа мрдала со опашката, се завртел каде да и ја врзе опашката и единствено згодно видел на некоја греда над него, зема столица се качува нема со што да ја врзе , единствено при рака каиш од панталоните , го вади каишот , му паѓаат панталоните и влегува комшијата , го прачува што правиш а овој одговара „секс со кравата, многу сме заљубени, што и да ти кажам друго нема да поверуваш„ Без драматика, секако не постојам веќе одамна и ова не се ни случило.
Мене овие работи ми паднаа на памет во моментот па ти ги напишав. Тогаш твојот проблем е друг, несакаш да ризикуваш па макар и испаднал фрик и будала или било што како би запознал други луѓе, ти се чувствуваш дека си многу подобар од останатите луѓе, а тоа според мене е оној клучен фактор зашто се наоѓаш во ваква состојба. Извини несакам да те навредам, добро е да имаш самодоверба и се тоа, но зошто мислиш дека си подобар од луѓето кои што одат по кафани? Прост пример ти давам, кога ќе си го одговориш тоа прашање можеби многу работи ќе ти станат по јасни и ќе сфатиш дека не си ништо подобар или повеќе од просечен човек што урла на турбо фолк
ok M11, ако си подобар ОД ТОА, што бараш совет? Подобар си од другите кои што одат у кафани и се забавуваат, подобар си од оние што одат во дискотека да запознаат некој, епа незнам што тогаш бараш совет? Со која цел, кога си подобар од сите? Се додека си настроен СУПЕР ПЕСИМИСТИЧКИ и сите ти сметаат и НЕМОЖЕШ НИШТО И НИКОЈ ДА ПОДНЕСЕШ - ќе ти е вака....Извини што сум вака искрен, ама не е проблемот кај другите, кај тебе е, затоа што мислиш дека си подобар од сите...
Ова твоето е да ми извиниш на израз-сакам да се е**м, но нејќам да ми влезе... Да не кажеше дека си 35 год. ќе помислев дека си тинејџерка длабоко влезена во свој филм, знаеш оние што излегуваат во град со кренати глави до небо чиниш селебрити се, а да ги претресеш нема да најдеш 50 ден. во нив...важно коментираат дали некој ефтино се облекол или сл. Или некој кој нема буквално леб да јаде а одбива работа затоа што таа за него е долност, па радо би седел дома би живеел како-така, би го стопирал животот дур од небо не падне тоа што го сака...Гледам доволно си паметен да процениш кој ти е проблемот, знам дека знаеш и кое е решението, само не сакаш да се потрудиш т.е. да го промениш малку распоредот на коцките во твојата глава...а тоа е единствено решение... Поздрав
М11, после сите оние квалитети што ги наброја,мене ми е искрено чудно како си успеал да останеш сам.Сон на секоја девојка над 25 години е да најде момче како тебе, спортски тип,модерен,кој изгледа добро,образован, со сопствен стан и висока плата (како самиот што се опиша), значи,сума сумарум со премногу епитети.Ние таквите ги нарекуваме - принц на бел коњ - и се жива реткост. Само не ми е јасно од каде потекнува тој твој песимизам и како си дозволил да станеш толку осамен.Знам дека е многу тешко да се прават работи кои не те интересираат, но некогаш мора да ризикуваш.Сакам да кажам, не суди и не донесувај заклучоци пред време.Некогаш човек може да се изненади и самиот себе си. Кога форумџиите ти предложија забава со колегите во кафана, никој не кажа дека треба да се качиш на маса да мешаш таму или на келнерката да и ставаш пари во деколте.Намерата беше да излезеш на дружење,па можеби таму ќе најдеш некоја личност која ќе го привлече твоето внимание, некоја со која делите исто мислење и интереси, но поради иста причина како твојата, излегла против своја воља да не дреме осамена пред телевизор.Луѓе се запознаваат секаде, па дури и во автобус. Не треба да креваш раце и да викаш: не бе ја не го можам ова.Барем обиди се, никогаш не знаеш кај се наоѓа твојата среќа. И забележав дека премногу анализираш.Првиот впечаток е важен, но скоро никогаш не ја дава целосната слика за личноста.Не велам дека треба да бидеш со било која, но мора да си пружиш шанса и на себе си и на другите.
Некако не ми е логично ова да го пишува некој со потпис "... but I am better than anyone else !!!!!!!!!!"
Звучам контрадикторно, знам Геа дека е така. Како во вицот што ви го раскажав. Но ако човек има квалитети како јас тврдам за себе а и околината не се сомнева во тоа ... на работа не знаат како живеам,мислат дека сум со перфектен живот и има на што да ми се завидува. Добро ги кријам фрустрациите, коректен сум кон околината иако се потешко ја кријам тагата. А да се наиде на личност за која мислам дека е јасно што очекувам, на „такви места“ , тоа е мислам нерелано очекување, искрено играм лото , 100000 евра , со тие пари имам план да ги платам као-менаџери-шемаџии , секому по 10000 евра и тоа е инвестиција да ми го спасат животот. Кога ќе се најдеш во ваква безилзезност мора да се фантазира, сам си знам како е. Ок, ништо умно од мене , не ми забележувајте и никому не се лутам, секако сте добронамерни во советите но тоа што ми го сугерирате не сум јас и само себеси се имам за да се продадам на таков начин ... вечерва на канал 5 е Трансформери додоека траат вестите решив да проверам дали има некој совет за мене кој може да биде нешто ново и применливо. Сепак фала на внимание.