Не беше за тоа ,он бараше авантура а јас му викам ќе биде ,ќе биде но кога сфатив каков е овој беше ниско морален па го откачив.Не ,не сум таква првпат некој да ме моли така беше ситуацијата.Имаш право да се оддалечиш може таа женска нејќе да е со тебе па но не оправдувам некој да си игра топло ладно .Биди човек и кажи вака така ,сакам не сакам .
Никој никого не треба да моли како прво. Ако ме викнеш на кафе и те одбијам значи или не можам тогаш или не сум заинтересирана. Ако најдам време подоцна и сакам да излеземе, ќе ти речам јас сама затоа што првиот пат сум те одбила. Ако не, јасно ти е дека не сум заинтересирана. Не сакаме ние женските да бидеме молени, грешка ги толкувате работите. Не значи не, а не пробај повторно. Малку самопочит не е на одмет.
Процени спрема тоа како разговара со тебе. Некоја што не е заинтересирана ќе биде ладна и ќе знаеш дека и по вторпат да ја поканиш нема да прифати. Таа што е заинтересирана со текот на времето ќе се опушти. Го следиш муабетот или иде или не. Трета ситуација ако игра топло ладно, батали ја скроз.
Ништо, апсолутно ништо не ти должи девојката на која си и' пишал. "Која си да го одбиеш" си пишал... Која сум? Таа што не сака да излезе, што не е заинтересирана, таа сум. И не треба да се моли за кафе, за излегување, ако сакаме да излеземе со некој, ќе прифатиме, ако не сакаме, нема да излеземе ни еднаш кога ќе не' покани, ни втор пат, ни петти пат. Ако ти смета тоа неприфаќањето, не навалувај. Не ти е девојката крива, кога не сака значи не сака. Значи, на прашањето што го постави, колку пати се вика на кафе, еднаш до два пати. Ако премине повеќе од три, мене лично веќе ми е нападно.
Причина: Не е заинтетесирана. Тебе да те прашам, би искочил на кафе со женска која ти е антипатична, само затоа што те моли? Или уште повеќе ќе бегаш од нејзе?
@stjepan Ги има секакви, некои си острат его дека се "посакувани", друга може чува опции за понатака, некоја може е у период и не е расположена .. who knows. Како и да е времето ги гази, кога ќе напунат 30 ќе ги удри шок па после секоја шанса што ќе дојде ќе сакаат да ја фатат
Леле срамота како смеела да те одбие?? Која е таа да каже дека не сака да излезе со тебе? Можеби, можеби треба да го научиш зборот не и неговото значење? И да немаш тантрум кога ќе доживееш одбивање? Вистината е дека ни една жена не ти должи ништо само зашто ти сакаш било што со нејзе. И тоа важи за секој....возрасен човек. Пораснете.
Болдираното е најточно.Најинтересни се оние со 23, 24.Глумат недопирливи, дигнати и после трчаат на секој во 30тите. Пораснат сум, не се секирај.Немам тантруми, само нема ништо лошо едно кафе да се испие.Толку време сме се допишувале и можела да прифати покана на кафе.Како во стилот презафатени се и не можат 2 часа да одвојат за кафе. Не дека и моево е ок, и јас сум погрешил, ама можела да одвои мал дел од времето.Членот горе убаво пиша, на 30 години ве фаќаат кризи и одма трчате.
Не сакала да излезе со тебе. Од било која причина, без разлика дали причината е нејзина или поврзана со тебе. Прилично е едноставно и нема што да се лутиш.
Ако некој не ми се допаѓа, не го гледам како можност за потенцијален партнер и стопати да ми рече за кафе нема да излезам со него. Не за билдање на его, едноставно не ми се допаѓа и тоа е тоа.
Женска не е крива пошо не те сака. Сам си крив што карактерот не ти е рамномерен со нејзиниот а си упорен.
Аха теши се со тоа. Ако не ми се свиѓа според тоа како зборува онлајн, не вреди за моето време. Симпл е.
Баталена уште од втора покана. Жално е што си фин и што ако еднаш ти ја одбијат поканата мора да бараш друга.