Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.022
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се бира после 30?
    Еве, мислењево освен што е глупо некако повеќе личи дека се мисли на физички изглед бар така го викале мислам порано. Ама не е тоа на 30ќе бираат подобро, финансиски стабилен си, образован, зрел, осамостоен, исполнет, прошетан, да кажеме народски застанат си на свои нозе, си искусил си видел што сакаш, што не сакаш. Што демек на 20години си згодна, секси тоа ли е уствари бирањето?
    Знаеш ли колку подобро изгледаш во 30? И физички и психички
     
    На IvvaNeo, Duxovit, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mart1na

    Mart1na Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2022
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Не знае :D....Она не изгледа, она се понаша :)
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.149
    Пол:
    Женски
    Читав некои стари македонски песни, ме потсети :angel:
    20221125_010514.jpg
     
    На Milobebence, Anabelle.Amorette, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.672
    Пол:
    Женски
    Нема расправање, ние им кажуваме каде грешат и зошто не се во право овие "мажјациве" ама тие нешто не се задоволни од нашиве совети и плачат
     
    На cresa-jagoda, Zumbula и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Не им одговара, затоа... да беа прави мажи баш ќе беа горди на својата партнерка, ама они сакаат некоја потчинета за да можат да праат што сакаат и на крај да ја изманипулираат дека она е крива и дека заслужила што он "мажот" ја удрил за да и дојде памет.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Цело време го верглате истото како ние мажите сме контрол фрикови и бараме некоја да ја потчиниме и да и правиме што сакаме во бракот или врската. Значи што и да се случи во една врска или брак мажот е крив така?! Каде е вашата одговорност и превземање на вина кога вие сте потфрлиле во врската. Последниов месец познавам само 2 случаеви каде девојката му работи зад грб на партнерот. И двете ми се другарки едната е во подолга врска другата во брак. Таа што е во врска почна да му се мести и упикува на другар мој ничим изазвана да му се жали и кука како не била среќна во врската дечко и станал пасивен таа сакала да замине во Германија дечко и не сакал бла бла ...btw другар ми работи во Германија па одма ми е јасна причината зошто му се упикува. А другата е во брак веќе 2 години па почна да мрчи наоколу како не била среќна во бракот згрешила што се омажила избзрала и т.н. И во двата случаеви нивните партнери немаат абер што се случува во позадина а сопругот на оваа што се во брак го познавам лично прекрасен дечко не ја ни малтретира, ниту изневерува дечкото е баш поштен а дотичнава нож во грб му забива со ова што мрчи наоколу стварно го жалам денот кога ќе дознае што му прави зад грб. И пак и пак ќе се вадите со toxic masculinity бидејки само тоа го знаете кога немате аргументи а кога заради вас пострадуваат добри момци глумите жртви а мнозинството од вас му работите зад грб на партнерот па после обвинувате како само машките се неверници и гадови и го прават тоа а вие цвеќиња за мирисање абе ајде гитла таму
     
    На Alex.T, Hoss Delgado и Water555 им се допаѓа ова.
  7. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Пред да се решиш да споредиш физичко насилство со варање, легни си и поспиј малку, за да олабавиш, во спротивно многу патетично звучиш.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Дали е физичко или емотивно/психичко само формата е различна а болката си е болка и кога ќе те натепа некој боли а боли и кога ќе те изневери не ми прави замена на тези. И да баш имав желба да ви ја плеснам вистината после сите коментари што ги прочитав овде колку сте лицемерни и дволични не планирам да навлегувам понатаму во безпотребни полемики да трошам енергија ајде здраво
     
  9. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Каква вистина плесна? Не прочитав ништо што има аргумент, само кажа ти како се чувствуваш.
     
    На BlackCat му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Јас се чувствувам одлично во споредба со овие дечки кога ќе одријат дека девојките и сопругите му коваат план во позадина со други мажи баш ми е жал и сочувствувам со нив.
     
    На Hoss Delgado, Water555 и Mart1na им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Прв болд - Зарем не е така? Зарем не е мажот глава на масата кога ќе лупне со раката, зарем не се повеќето семејни насилства предизвикани од машка рака. Сакате во кревет да е к*рва,а во кујна домаќинка. Факт е.

    Втор болд - Не познавам женско што потфрлило во врска, женско ќе направи сѐ да го задржи мажот додека мажот секогаш ќе бара подобра од таа што ја има.

    Трет болд - Од каде знаеш ти што се случува зад затворени врати и меѓу нив двајца? Можеби тоа е вистина, а ти не го знаеш тоа. И да работи тој другиот во Германија ако е толку поштен можел да и каже едноставно дека му пречи нејзиното присуство.

    Така да, тоа toxic masculinity пак е на ваш грб, врти како сакаш.
     
    На Beautiful Dreams и Zumbula им се допаѓа ова.
  12. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Се завркаваш? Мислам дали си сериозна со муабетов што го напиша немало жени што потфрлиле во врската... шта речи... Па познавам еден куп случки бе не само овие две што ги опишав, туку сто и две каде што жените ги оставаат мажите и за најбанални работи а камоли за посериозна работа како физичко и семејно насилство. Само малце удолница да фати врската, финансиски проблеми, некое недоразбирање, монотонија што и да е одма се бара друг мажјак за замена.
    Ако на наша совест оди Тoxic Masulinity тогаш на ваша совест одат преку 70% од разводите низ светот што доволно говори колку се трудите врската да опстои. А 70% богами, толкава бројка не ќе да е причината само семејно насилство или превара во прашање.
     
    На Hoss Delgado, Water555 и stjepan им се допаѓа ова.
  13. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Извини, ама не си ја сфатил поентата. Не викам дека нема жени расипани, и дека сите мажи се контрол фрикови. Секоја чест на исклучоците. Жал ми е што во твојата околина имаш баш од тој лошиот пример, па врз основа на тоа судиш. Генерално, жените мн повеќе се трудат за да опстане нештото, а мажите во подолги врски ја зимаат партнерката здраво за готово. Јас лично ако нешто ми пречи, ќе укажам и ќе пробам да го решам проблемот, ама ако не бива со сила убавина не бива. Не можеш на некој да му дадеш памет и да го превоспиташ, кога тој израснал со убедување дека мажот ги носи панталоните, и освен тоа што иде на работа нема никакви обрски по дома, ниту во воспитување на децата. И никогаш, ама баш никогаш не можеш да знаеш што му се случува на некој позади затворени врати. На тебе може дечкото да ти изгледа као супер лик, и можеби и стварно е ок за кафе дружба на 2 саати, ама таа што живее со него го видела во секое светло и најубаво си знае како е. Да не ме сфатиш погрешно, сум против неверство и седење на 2столици,ако нешто не бива, расчисти па терај како што ти одговара. Што се однесува за примерот со другар ти у Имачка, не сите жени трчаат по пари, има жени што се способни и супер заработуваат па не чекаат прилика богато да се удадат, само сакаат почит и зрел и стабилен однос. Имам јас и примери во околина кајшто мажот е тој што се оженил за документи. Значи и од едните и другите има и вакви и такви. Поентата моја беше дека на 30 год веќе човек би требало да е зрел и оформен и тогаш мн повеќе согледува, за разлика кога е помлад и уште му лета паметот и мисли све што лета се јаде. Во твојот пост се гледа голема огорченост и разочараност кон женскиот пол, извини што можеби се пронајде во оној тип на мажи што не знаат да си ја ценат партнерката и да се гордеат доколку е успешна и се труди и вложува во врската, ама нели ОН големиот муж е БОГ и ќе праи што сака, и нема да се прибира дома, ама таа мора да биде домаќинка и да го дочека дома насмеана мора и не смее да приговара. Ма да, и по твојот речник, јасно ми е каков си, тоа гитла не го користат фини и воспитани момци, и не се вознемируваат лесно со степен на агресија. Да беше ти реален и објективен ќе кажеше дека и мажите вараат и дека проблемите у врска/брак сакаат да ги решат меѓу туѓи нозе, ама НЕ. Ти ни кажа само како твоите другарки се неверни и сакаат да се мажат за Имачка. Уште нешто ќе ти кажам и ваљда ќе сфатиш. Пријателите се тие што ги бираме, и обично се луѓе слични на нас. Така да ако генерално околината ти е таква, има голема веројатност да си ист. Не за џабе рекле, с'ким си такав си :) што бара така фин момак да се дружи со неоформени особи што касно им текнало дека не требало да се мажат, па роварат позади грб на парнерот?
     
    На Bezimenka90 и AAKG им се допаѓа ова.
  14. Hoss Delgado

    Hoss Delgado Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2021
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Зошто бан? Дали негде ги прекршив правилата на форумот? Не.
    Или ако не е мислењето во склад со твоето одма cancel/ban хаха
    Убо Илон Маск шо го зеде твитер и овозможи пак да има free speech за сите, не само за тие со слични размислувања.
    Никој не рече дека сте никакви не си измислувај нереални сценарија и чим постои опција кога се зачленуваш да избериш машко или женско за пол не е само ваш форумот туку е за сите.
    Биди малце по толерантна.
     
  15. Hoss Delgado

    Hoss Delgado Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2021
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Па сум горд, и не сакаме потчинети туку рамноправност во врската, ниту да манипулирам ниту да манипулира се да си биди ко што треба, и имам кажано повеќе пати маж што удира жена не е маж во било која ситуација.
     
    На Zumbula му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Јакото е што цело време сакаат да подметнат кукавичко јајце дека мажите сакаат да ги подчинат сопругите во брак и ги изневеруваат а во пракса јас ја гледам баш обратната ситуација каде што мажот е подчинет од жената мора да се труди 24/7 да и удоволи, да не се расправа со неа, да биде совршен сопруг, љубовник да не биде запуштен, пасивен, како што кажа членката погоре да не ја зема здраво за готово а тоа во превод значи да си на штрек 24/7 за нејзините потреби и желби постојано да ја анимираш со нешто за да не и стане монотоно па да бара друг мажјак за авантура или да напушти терен за стално, ако киксниш некаде не е нејзина вина туку твоја што не си и ги исполнал стандардите и очекувањата. Токму ваква е ситуацијата на многу мажи што се во брак денес.
    И да се надополнам никогаш нема да има еднаквост и рамноправност одкако излегоа социјалните мрежи пошто потенцијалните кандидати за замена на партнерот се наоѓаат токму таму. Од секаде слушам примери за жени над 30, 40 години во брак на профилот слики со маж, деца на чат се чепкаат и допишуваат со други момци страшни работи се дешаваат во позадина ама пак за госпоживе по дефолт "мажот е крив" јбг шта ЧЕШ. А тоа што ги обвинуваат само мажите за се им е само параван и перење од одговорност за сопствените грешки.
     
    Последна измена: 27 ноември 2022
    На Water555, Brucewayne и Hoss Delgado им се допаѓа ова.
  17. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Хаххахах... пак ти си запнал како жените се увек незадоволни, а кутриот маж премногу се труди да ја задоволи на сите можни начини, ама она расипана, си бара фраери по социјални мрежи. Види, стварно не сакам да те навредам. Нагласив дека и од едните и од другите има некоректни играчи, ама твоево ја надмина секоја мера. Или сакаш да испровоцираш или некоја од калапот што ни го опиша така јако те има удрено, па уште исфрлаш бес и фрустрации, трето нема. Нема да реплицирам повеќе, се додека така зрачиш, такви и ќе привлекуваш. Поздрав и секое добро
     
    На Bezimenka90 и Dumbledore им се допаѓа ова.
  18. MediaRes

    MediaRes Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2022
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Што и да се случува често ретко или никогаш зависи од индивидувата и односите во врската. Се е ОК додека двајцата се среќни.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Ако е насилен, тогаш да - само тој е крив.

    А ти звучиш ко еден што го познавам одамна...
    Тој цело време ко тебе верглаше дека сите жени трчаат по пари, сите жени се курви...
    50 ќе полни уште малку, сеуште е сам.

    Продолжи вака, па чуди се зошто 5 години немаш ни една девојка.
    Не оти претходната те изневерила (иначе и неговата траума беше девојка што го изневери), туку оти ти не си соочен со траумата и не си го имаш разрешено то со себе.

    Повеќето сме биле изневерени, многу од жените сме биле во насилни врски, сме биле силувани, стокувани, вербално напаѓани од мажи... секојдневно! па не сме изгубиле верба во цел машки род.

    Работи на себе.
    Мораш.
    Нема друго чаре.
     
    На eliesaab, Bezimenka90, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Ако е насилен, ако ја малтретира физички или психички жената, ако ја изневерува да тоа е исклучиво негова вина и секоја жена има потполно право да остави таков тип.
    Конечно да се согласиме со тебе околу нешто. Но јас немам проблем за разлика од вас да признам кога некој маж се понаша недолично и заслужува да биде оставен не за ситница туку за вакви реални проблеми. Немам двојни стандарди и посебни симпатии кога се работи за нечии лоши дела и постапки без разлика дали се работи за машко или женско секогаш сум реален. Тоа е разликата помеѓу мене и вас. Ваљда ќе се свестите еден ден и ќе престанете да ги теретите мажите за се и сешто.