Ce postavam prasanje ko da sum padnat od mars, ama aj, ako niato drugo ce procitam i necie mislenje, posebno zensko. Se zalisuvas so devojka se normalno si teci razgovort ti idi filing ej cekaj da ne pisuvam sekoj den jas prv, neka pisi taa. Ne pisuva! A gi lajknuba site story i sliki. Zosto?
Наречи ме проста, ама мене секогаш ми било срам да пишам прва. Долго пишевме со дм пред да излезиме и никогаш не му пишав. Знам дека можи да се сфати како да сум незаинтересирана или пак како принцеза ама ете, на интровертноста да препишиме. Лајкот ми е побезболен. Иако и за лајк сум се потресвала, посебно ако сум немала комуникација никогаш и бил да речам, прв чекор. Едит: ако ти враќа (не по 3 дена), ако ви оди муабетот (да не е како анкета со кратки одговори), тогаш мислам ништо не менва ако ти прв пишиш.
Ова на чат иди муабето? Немој молим те, фатете излезете ко луѓе. Договори средба. Па ќе видиш, што како. Зошто не пишува прва? Можеби сте претерале со пишување, премногу пишувате и и се има здосадено. Срамежлива е прва да ти пиши. Не сака да ти пиши, можи си и досаден, ако пример мн зборуваш, и сега ќе речи ако му пишам прва да не почни со муабети. Сума сумарум викни ја на кафе
Може е срамежлива, зафатена, не сака да пишува прва, дури не ја запознаеш подобро не можеш да знаеш. Зошто не ја викнеш да се видите во живо? Полесно се проценува така дали е заинтересирана.
Ги прочитав набрзинка последниве постови и можно е да сум ја згрешил проценката. Сега пред месец-дена бевме на кафе ова она, на крај ми рече ај да се видиме нареден пат некаде да јадеме нешто и се тоа океј али потоа на пораки само јас бев тој кој пишуваше прв па ептен ми беше глупо, сам себе си бев нападен и досаден па кренав раце. Сега си викам можеби била срамежлива, интроверт па можеби сум ја утнал работата, но од друга страна па и јас сум срамежлив и интровертен... C'est la vie :/
Апла ако е заинтересирана само, значи апла затрескана тогаш би ти пишала прва. Иначе грешен ти е советов.
Јас навистина не сфаќам зошто ги поставуваш прашањава. Зошто некому би му сметала нечија невиност? Никој не се родил со сексуално искуство. Сè се учи. Зошто да ми смета некој ако е невин? Зарем ти тие што се невини ги сметаш како нешто да им фали? Мене па баш напротив би ми сметало ако партнерот има многу големо сексуално искуство, ако не гледал со кого сè легнал. Да ти смета нечија невиност, навистина треба да се запрашаш каков човек си и со какви вредности.
Прашањето е просто и нема потреба да си толку judgemental и за тој што го поставува прашањето и за некој кој има различно гледиште од твоето. Доволно е да си кажеш само твоја перспектива како гледаш на нештото, а не лекција за кој какви вредности има. Не си земај се при срце
Нема зошто јас да си земам при срце, ниту пак кажав нешто осудувачки. Баш напротив ти со твоите прашање делуваш осудувачки, демек невините се нешто поразлични, дека нешто им фали, па дали невиноста кај партнерот смета... Јас не гледам никаков проблем, ниту red flag ако некој е невин без разлика на полот.
Пошо ти си го избришала, сега ти додај го. Можеш да пробаш, нема шо да изгубиш. А тоа он како ќе реагира на тоа останува да дознаеме.
Пробај си ја шансата Ама ја мислам директно да пишеш шо имаш Така ќе прочита бар Вака ако го аднеш/фоловнеш, да не нема реакција назад Боље директ пиши му вака и вака.
Зависи од човекот, смешно е што бришење од социјален медиум се смета сериозно али јбг. И мене да ми се деси истото после некоја расправија, нема назад. Ама пробај нема друго чаре и стискај палци
Па и треба некад да се смета сериозно Ако ме тргне некој, значи неќе веќе контакт да имаме И ја некои така ги тргам, и да ме следат и да ги следам. Или блок директива на Инста. Ако е големата и на сѐ друго блок Така се става крај Ваќа ќе го/ја гледаш, па ќе се нервираш Не зборам за ако прекинеш у добри односи. Тогаш нема зошо.
I da e introvert ako barem saka da razgovara ke pise prva nekogas. i jas sum introvert ama koga mi trgne razgovorot so nekoj vrakam brzo na poraki i sum nogu excited pa i ako imame zaednicki raboti. A ako si nekoj so koj nemas pa things in common ke nema pa i za so da razgovaras i ke stane dosadno. Jas imam drugarki koi so vikat deka nema sansi prvi da pisale na maski, ne ja znam pricinata zosto. Pa i nekogas vikat e ja me ostavi na seen, golemo cudo, pa moze da e ukluceno samo wifito na telefono a da ne go koristis i da pise deka si active. Jas nemam nisto protiv toa zensko da zapocne razgovor, nema pravila tuka, ti treba da pises prv, ti treba ova ti treba ona. Mislam deka e ocigledno nekoj koa saka stvarno da razgovara, site imame vreme od 24 saati moze da odvoeme 2-3 sekundi da vrneme i da kazeme deka sega sme zafateni deka posle ke moze da piseme.
Или сум остарен или веќе отрпнав и се додека не покажи некоја стварно афекција, а не ко бисеро да и се рони, i give up.. Буквално секој пат прв пишувам, излеговме на дејт, последниот пат рече че одиме деновиве да излезиме, сама иницираше уште ја нема да пиши, и решив веќе да не и пишувам. Симпатична девојка, слични интереси имаме околу планинарење, пешачење, вежбање, книги, емпатична, слични погледи имаме и романтични ама нешто што ми смета стварно ми смета и се откажувам. Сметам дека ако сум и толку битен би пишала еднаш еве веќе втор ден си немаме пишано, а сите стори и слики ми ги лајкнува...