1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од ЖЕНСКА страна за сите машки

Дискусија во 'Сингл' започната од kuchka, 30 ноември 2010.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не ми звучиш контрадикторно,само за некој како тебе, жените имаат мислење дека не е во сериозна врска затоа што секој вечер постелнината му ја валка некоја нова.И искрено бегаат и се плашат од такви мачо типови.Посебно на 30 годишна возраст, секој сака стабилна врска, без мувања, зезанции и статуси: не знам на што сум.
    А комплетно те сфаќам зашто јас имам две другарки,интелигентни, вработени, супер изглед, духовити и двете имаат по 30 години,излегуваат, им се пуштаат машки,но пак се сами.И секогаш кога правиме муабет, се се сведува на истото, дека после 25 година веќе не се оди во потрага по сродна душа со срцето, туку со разумот, подобро сами,отколку со било кого.
     
  2. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    хмм, јас мачо тип и менување на девојки секоја вечер, не би рекол, иако многу веројатно е дека таква кариера подобро ќе ми одеше и немаше да заглавам убеден во некои стрејтерски идеали. А имаш право, околината која не ја знае вистината всушност така ме доживува, ги имам сите услови да ме гледаат според стереотипот за „идеален живот на секој младиЧ“
    После половина ден веќе се чувствувам разголен и непријатно е да се признаат факти за кои нема објаснување и покажувам очај за нешто кое не е за верување, немам можност да излезам и да имам нормална социјализација, зборувам за културна социјализација, тоа со кафаните не го заслужува никој.
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Добро, дали тоа значи дека последниве неколку години единствено прибежиште е само твојот дом?На одмор немаш отидено толку време?Животот ти се сведува само на одење на работа и дома? Што друго те исполнува? Што би сакал ти да добиеш од животот? Кои беа причините за растурање на претходните врски?
    Извини што те бомбардирам со прашања како на „Милионер“,ама ако сакаш совет, мора малку подетален увид да имаме на целата ситуација.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    М11 не сакаш кафани, не сакаш да одиш сам на кафе или во диско, океј сфаќам. Немој. Не можам да сфатам друго. Ете велиш дека си физички активен. Да речиме трчаш во парк. Трчаат и девојки. Насмевни и се на некоја, започни разговот за било што. И што е најважно притоа немој на себе да ја имаш фацата на очај и безнадежност и на самобендисано, недостижно суштество. Сепак приоѓај со самодоверба. Оди во теретана. Сигурно ќе запознаеш некој на твои години со кој ќе можиш да испиеш едно пиво или кафе. Не мора да излегуваш навечер во дискотеки или кафани. Можиш и дење на кафе. Се е подобро од тоа да стоиш во една точка. Секако треба да сакаш. И да се ослободиш од предрасуди !!
     
  5. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Немој да ме сфатиш погрешно,ама и јас мислам дека проблемот е до тебе.Мислам дека добро те сфатив,зошто доста исцрпно се објасни самиот себеси. Ќе те прашам искрено и отворено,ти планираш да имаш семејство?Сопруга? Ако планираш самиот треба да направиш нешто да најдеш девојка,зошто верувај дека животот ке ти се смени. А колку повеќе чекаш,се повеќе старееш и повеќе си приберлив во изборот на девојка.Јас мислам дека до тоа е проблемот.Треба самиот да поработиш на себе.немој така негативно се да прифаќаш.
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас мислам дека ти сакаш да се дружиш, ама проблемот е дека сите мислат дека имаш совршен живот и дека се ти е супер и ако признаеш дека немаш другари, ќе паднеш во очите на другите.
    Погодив :wasntme: ?

    Ако одговорот е да, тогаш не се плаши- не мора ништо да објаснуваш, ни со кого се дружиш ни ништо- едноставно кога ќе се договорат некаде а тебе веќе не те викаат затоа што порано си ги одбивал, онака насмеан кажи демек друштво и јас ќе дојдам, доста слушам како убаво си минувате, да видам дали стварно е така и готово.
    Од едно излегување испаѓа друго, еден муабет води кон друг- ќе си најдеш со некој заеднички теми и веќе имаш со кого пак да излезеш.
    Нема тука никаква филозофија како што мислиш ти ;)

    А мене не ми е јасно каде ти се поранешите пријатели, зарем немаш некои соседи, колеги од факултет, братучеди :wasntme: ?
    Како го прекина контактот со сите?
     
  7. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Нучив да цитирам :clap: нема проблем, можам слободно да зборам за се. Да се присетам и да признаам вака јавно ми се чини е еднакво болно на доживувањето но полошо скоро и да не може да биде.
    Па да повеќе или помалку, мојот дом е мојот прибежиште колку и да звучи нереално, имам материјал да напишам книга за преживување и како да се зачува здравиот разум и чистиот ум. Чудна комбинација на затворен круг, да го доживуваш животот како измачување а истовремено да билдаш самодоверба и си горд на тоа што си пребродил и не си го изгубил разумот. Одам на одмор, си уплаќаш, се мразиш себеси но сепак идеш за инат на се, бидејќи не се издржува сам колку и да е убаво морето уплаќаш најкраток аранжман ... во зима скијање и така компензираш и се лажеш дека правиш нешто. Ако наредно се интересираш за познаници од идење на одмор, не е ништо како на филм, среќаваш познаници , среќаваш луѓе но тоа е само одмор. По лично убедување читам книги но во последно време мразам да читам и се ослбодив од книги, ме потсетува на тоа што го правам само да заборавам што седам дома наместо да бидам надвор.
    Се останато е посветено на работа и бидејќи не сум мрзлив тип така ја отапуваш болката и се лажеш дека правиш нешто корисно иако е лично убедување и став кон работата. Како кажав претходно, спортот и музиката ми го спасиле животот повеќе пати и сето тоа во континуитет, страста кон нив ме враќа и не ме остава да се предадам.
    Ете и на Neytiri да да и одговорам, да, трчам на кеј и имало и девојки кои ми се допаднале, не сум имал проблем и сум ги застанал да се запознаеме , едната беше во врска , другата одговори неодредено но не успеа работата, не сакам да се наметнувам, сакам да кажам апсолутно не треба да помислите дека сум смотко или срамежлив, не сум некој е надвор од токовите , напротив, апсолутно сум компетитивен на секое поле.
    Што сакам да добијам во животот, не верувам дека нешто немам или не сум имал, осаменоста е неиздржлива, годините секако веќе ме загрижуваат а од обврзување никогаш не сум бегал, мислам одговорот е логичен, девојка покрај себе која ќе ја почитувам и сакам.
    Претходни врски, мислам дека е јасно но ќе потенцирам дека дури и во тинејџерските години на врските сум гледал како сериозни, така сум воспитан и во тоа верувам. Од оние позначајните таа имаше чувства за некој бивши и после неколку години заврши она што што беше убаво, наредна врска пропадна поради моја преселба во странство, кога се вратив почна пеколот кој трае до ден денешен, повеќето пријатели и колеги од факултет туркаа колички и станаа папучари со свои обврски. После тоа налетав на спонзоруша и за среќа тоа заврши на време , последно нешто кое почна и кратко траеше беше лош компромис од моја страна , се лажев дека можам да ги намалам критериумите само да не ја чувствувам осаменоста, за среќа заврши пред да почне. Ете тоа би биле одоговорите доколку не промашив нешто.

    Фемина11, не бегам од сопруга и семејство, никогаш не сум бегал, но да стигнеш до тоа треба да налеташ на некоја која ќе ти се допадне и ќе ја почитуваш и ќе ја сакаш, тоа што можеби имам високи критериуми ... не можам против тоа, не би било фер кон било која, тоа е дури и премногу чесно од моја страна и треба да се почитува.
    Ухх, сум напишал цел ферман.
    Одговорот е не, сакам да се дружам но сум разочаран што помеѓу толку многу колеги, женски/машки ,постари и помлади нема неколку ај да кажам „градски луѓе“ , верувај ми не претерувам , можеби звучам непопустливо и нефлексибилно но се прашувам што им е на луѓето. Све е на турбо и на смрдени кафани и натпревар кој повеќе ќе излока, не сакам да навредам никого но така ги доживувам тие нешта.
    Околу пријатели, колеги од факс ... тоа погоре го објаснив , барем се обидов.
     
  8. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Очигледно си разочаран од љубовта,но треба самиот да си вратиш довербата.Почни да размислуваш позитивно.Се некако гледам дека негативно размислуваш.Мислам дека секој заслужува убав ,среден и среќен живот,па и ти.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Па каква е таа фирма жити се?
    Или за промена ако не ти се допаѓа што сакаат да одат во кафана, договори ти некое излегување некаде каде што сакаш ти- организирај нешто и покани ги, па види како ќе си поминете ;)

    И не гледам зошто толкава аверзија спрема кафаните, си бил ти некогаш во кафана :wasntme: ?
    Верувај не е толку страшно, освен ако не си налетал на некоја ептен никаква, да не речам крчма па ти создала такви трауми да не сакаш повеќе да влезеш таму :lol: .

    Јас еве се обидувам да те сфатам, ама се некако не ми иде- ти што мислиш сите ние што излегуваме, што се дружиме дека секогаш ни е топ? Дека некогаш не не нервираат пријателите и дека 100% си одговараме карактерно?
    Верувај не е така.

    Ама МОРАШ, слушај МОРАШ да си дадеш шанса и да излезеш некаде!
    Немој толку да идеализираш, да бараш совршенство, немој да бараш сите да се прилагодат спрема тебе.
    Дај те молам биди пофлексибилен, сега кога те читам како одбиваш дружење, а се жалиш колку си осамен ми се иде да дојдам и да те извлечкам од дома :devil:

    И секако дека одговорот е да.
    Се плашиш, се плашиш и да признаеш дека е така.

    Утре да земеш да ручаш барем со некого од колегите во ресторан, направи некаков прв чекор, нема да биде толку лошо како што мислиш, биди сигурен.
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    еве ти и од мене неколку добро намезни совети
    -часови по танц
    -теретана
    незнам како стоиш со јазиците ама постојат Француски културен центар, Американско катче
    запознаваш луге, се друзиш(или пак запиши се на некој јазик)
    и да излезеш сам, не е срамно воопшто.
    се надевам дека ти помогнав :)
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Имаше напишано дека не сакаш надеж да ти даваме, не сакаш филозофирање, многу предлози дадени овде, да не речам сите, одлучно ги отфрлаш...Останува уште: Single ladies овде на форумов, земете ја работата во свои раце, ете ви добар опис за каков ерген станува збор, имате претстава што сака и што не сака, па не е лошо да почнете со лп... ;)
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Добро, сакаш да се завртиш назад по некоја година, и да кажеш немам жена, немам деца, оти не сакав да се дружам по кафани?
    Испадни со колегите во кафана, може вечета ќе отидете и до некој кафич. Може и тој колега повеќе ќе сака кафичи. Залепи се на некој и излегувај почесто. Секоја кафана е подобра од дома со Трансформерс.
    И секоја девојка е подобра од заспивање во 11. Може тебе ти изгледа безизлезно, гледам дека знаеш што сакаш, ама решението е тоа, почни да скиташ со некој досаден колега.
    И јас раскинав долга врска, сите другарки се мажени со деца, па не легнав дома на каучот. Најдов пријателка, постара од мене, ама барем секоја вечер сум надвор. И не очајувам, демек се ми е ок, за светот совршена, а уствари осамена. Батали се и скитај!!! ФБ ти е добар начин да видиш дали ти игледа ок физчки, договори кафе со некоја, нема да те изеде. АКо не ти се свиѓа, на пат до тоалет, можеш да шмекнеш друга:) По некое време ќе станеш вирдоу, те газат годините, нема да бидеш толку убав(како што викаш дека можеш да бидеш конкурентен со секоја).
     
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    М11, не знам колку забележа, ама повеќето од нас се потрудија да ти помогнат во решавањето на твојот проблем, ама за да можеме ние да ти помогнеме треба и ти да дадеш некаков напор, барем минимален. На повеќето прашања даде одговор и не гледам никаква причина да бидеш до толку песимистички настроен, затоа што ситуацијата во која моментално се наоѓаш, секој скоро ја има доживеано на своја кожа, пропаднати врски, потрага по вистинската личност, здодевна самотија, чувство на презаситеност од светот...Излези од оклопот и наместо да го мразиш денот во кој се будиш-насмевни му се, пркоси му и докажи му дека денешнава битка нема да ја добие. Впрочем, мора да почнеш од некаде. Слободата што ја имаш не те ограничува, отфрли ги стегите на повеќето сфаќања што длабоко се вкорениле во тебе и дозволи си да го живееш животот, а не животот да те живее тебе.
    Како за почеток излези од дома, па макар и сам, движи се низ улиците и барај го она лице што би сакал да го гледаш почесто. Пристапи, запознај се и веднаш понуди кафенце со разгвор каде ќе оставиш впечаток дека си заинтересиран, не ставајќи се себе си и твоите квалитети во преден план.Ако ти се допадне девојката, договори се за излегување пак,ако не никому ништа и идемо даље.
    Спортски тип си, оди во теретана, „помогни“ и на некоја „правилно“ да ја направи вежбата и ете ти фин почеток на ново познанство, низ муабет ќе дознаеш дали е сингл,а ако е, тогаш пошегувај се во стилот:„Е ако сега ја направиш вежбата како што треба, те носам на кафе“ итн,итн,итн.
    Сите сакаат луѓе со насмевка и ведар лик, луѓе со позитивна енергија, а ти тоа го можеш, само треба да сакаш да го направиш.
    И јас се мрштев пред чинијата со гулаш и велев дека не јадам, се додека не пробав - мислам дека ти е јасно што сакам да кажам.
     
    На MissSpark, srcekrsacka, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Абе М11 чуден си ми ама се нешто ми изгледа дека не ти е по кеиф,те пратам цело време и наместо да ги применуваш советите ти мораш да се вадиш со нешто |( сакаш да останеш сам?епа супер остани си.

    Алооооооооооооооооо 21 век сме,почни да излегуваш,шетај со колеги пријателки,барај да ет запознаат со нивни познанички.Почни да живееш еј.Краток е животот.Утре кога ке наполниш 50 години ке се каеш зошто го немаш живеено животот и ке сакаш да ги повратиш годините ама нема.Наместо тоа ке останеш сам.Сакаш?Повели,што друго да ти кажам.Наместо да киснеш сега излези надвор да те дувне ветерче и почни да одеш во поход.Барем примени еден од советите.Не мора сите.
    Ако си најдобар,ако имаш толку многу пари што си квакнал тука да бараш совети?Еј човече другите можеби те титрат ама мене не си ме погодил.
    Цела недела тормозиш овде и никако ама баш никако да се согласиш барем со еден пост.А сите се мачаат да ти помогнат.Ако барем еден совет примениш ако дојде до свадба има да не викаш сите на прослава ама без поклон во плик букети-мукети.
    Свести се.Наместѕо да имаш што да им раскажуваш на внуците како си освојувал нивната баба ти ке мораш да кажуваш на комшии:Ех времиња беа тоа кога јас седев на пц,а сега сум стар и изнемоштен,не ме бива ни да подигнам вилушка.Сакаш да те жалиме овде:Видете го сиротиот разочаран е не можел да најде девојка ајде ке му помогниме сите.

    Ке мора да отворам фејсбук група и да направам тема,да се собереме сите форумџии од фемина да му помогниме на типчево да најде девојка. |(

    Незнам и јас зошто се трудам да напишам.Можеби сакаш да ти нацртам?Не,жалам,не ме бива за цртање,ке мора да го разбудиме Да Винчи од мртвите да ми помогне околу цртежоот за да сфатиш тоа што се обидуваат феминкиве да ти го кажат.Ке му речам да биде поедноставен па може ке тргне работата на арно.
    И вицови раскажуваш?аииии браво бе,колку си бил вицкаст.Машкии читајте еве на кој треба да се угледате,што знаете вие,ништо |(
    Ама немој утре да почнат да раскажуват и вицови за тебе.Разочаран си бил?кој не е денес?Кутриот тој колку му било тешко. ;( ме погоди во срце да ти кажам.Епа разбуди се,светот е суров,ке биде уште по суров.Нема да ти тече мед и млеко.


    Ама памти ми зборот уште едно жалење партал ке те направам па дали ек ме банират или не ми е гајле.

    Ајт
     
    На roberta-rubi, La.Reina.Del.Sur, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. M11

    M11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Добронамерност од ваша страна, апсолутно. Имам некои дополнителни забелешки и се надевам дека нема да бидам погрешно разбран, веќе свативте дека сакам да ја зборувам вистината и немам проблем со тоа.

    Тоа со теретаната како и повеќето ваши предлози е клише совет и пропуштив до сега да кажам ама идам и во теретана ама по лично убедување и во теретаните не се случуваат такви филмски сцени на пријателство и запознавање, верувајте не е така. Нема потреба од заобиколување јасно е дека сум „мрачна“ личност , не сум навикнат од поодамна да на ништо друго освен болка и не би имало ефект тоа што ми го советувате, пристапот на Пеликуна можеби е најдобар и неа најискрено и се извинувам што не моrам да реагирам поинаку, таа некако ја збори целата вистина и знам дека заслужувам само презир, ова го кажувам бидејќи сум самокритичен и реален.

    Геа, како би ти укажал почит ќе те удостојам со уште еден „запис од подземјето“ , постои девојка која дефинитвно знам дека би ја запознал и би и пришол без размислување, случајно и на фејсбук налетав и на неа и таа имаше позитивна реакција, но она по што ја почитувам беше со услов дека е логично да се запознаеме во живо. Ајде сега обидете се да ја разберете мојата фрустрација и што да очекувам од себе и животот. Порано кога бев во врска ја гледав често и секаде, сега кога сум со врзани раце неа не сум ја видел доволно долго а направив и поужасна грешка во очај да и признаам дека немам најсјаен социјален живот (очигледно лага, немам никаков) и сепак побарав од неа виртуалено запознавање што очигледно беше игнорирано до денешен ден. Дали се движам денски по улици, после работа , сабота пладне .... секако , не мора да читате се буквално. И не се лутете ако ви звучам неблагодарно, само сум вистина неправедно казнет , Пеликуна, оној виц со кравата и фармерот е сурово реален и тоа најубаво го чувствувам на своја кожа.

    Зашто се лигавам и ве гњавам ако не прифаќам ништо од вашите совети ?! Без лутење но ми понудивте клише предлози од кои некои веќе ги практикувам и добро го правам тоа и повторно по сопствено убедување а дел од нив се вистина лоши, како на пример танцување и јога и слично, сепак на целата безнадежност и очај имам и достоинство. Без неблагодарност во ова што ќе ви го кажам, очекував поголема поинвентивност, нешто што сум пропуштил и не секој го знае, бидејќи од она што ви го кажав за себе кога би ме познавале лично и би ми предложиле такви нешта би ме навредиле, се надевам разбирате што сакав да кажам.

    И не ми е најтешко мене на овој свет !!! Само не се издржува и јас големото машко имам моменти кога плачам како мало дете, во последно време нема ни солзи и не чувствувам ништо, празно е и не знам до кога ќе можам да клоцам и гребам ( повеќе од што мислите дека сум се помирил), толку можам да споделам со вас и не барам сожалување. Повторно благодарам на вниманието, вие сте секако добри личности.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Клише совети?Побогу а ти што сакаш да ти кажеме?сите можни опции ти ги дадовме а тебе не ти се допагаат.Епа ајт гитла,што напнуваш овде ако не ти се допагаат.

    А со фрустрации и кењање овде на форумот никаде нема да стигнеш.
     
  17. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    Бидејќи на сите други совети даде твој контра оправдувачки одговор. :D Мој совет: Биди поактивен на форумов. Има супер теми, на кои и машки може да пишуваат :) пишувај, контактирај... Осаменоста барем малку ке се намали (од искуство зборувам). А, и никогаш не се знае дали „девојката„ е веќе тука ;)

    п.с. Немој да кажеш дека и ова е патетично и испод твоите стандарди (те разбирам, во многу работи се пронајдов себе си) но, едноставно не размислувај на тоа колку си тажен, осамен... Just do it! Сигурна сум дека ќе запознаеш прекрасни луѓе тука.
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    M11 значи не да го тупиш, ама го претера ептен....Девојкиве 5 страни шо се вика се трудат да ти дадат совет, како да постапиш и искрено незнам од кај го најдоа тоа трпение, особено ГЕА - секоја чест за трпението, ама ти стварно ги поминуваш сите граници....Ако си толку мрачна личност како што викаш, што тогаш бараш совет, кога нели си напомена ти дека ти си најдобар од сите, можеш да конкурираш кај секоја и имаш пари на претек.....Епа ако си толку добар зашто си сам? И добро како немаш пријатели, роднини? Искрено те читам цело време, ама не е крива околината, туку ти си крив затоа што си крајно песимистична и темна личност како што сам се опиша.....Незнам што би ти го разведрило расположението...Можеби секс? Иди кај македонска телевизија, гарант ќе најдеш нешо, зашто според пишувањево изгледа одамна не си искусил такво задоволство за да си истуриш дел од фрустрациите кои што очигледно се многубројни....А верувај дека тука никој нема да те сожалува и да те теши дека се ќе е ок....Девојкиве направија дури и повеќе од што треба, ама за тебе ништо не е доволно, тогаш еве јас се извинувам од име на сите девојќи бидејќи неможеа нивните совети да го достигнат твојот стандард на прифатливо и не клише...

    поздрав and i wish you all the best ...
     
    На XMaN и Pelikuna им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    М11 сакаш инвентивност? Утре во 18.30 биди во парк кај третата клупа од лево, ќе имаш 10 девојки спремни за избор облечени во бикини, па бирај.

    Или напрај си еци пеци пец, и со една замини си. Имаш 10 минути. Ако не избереш, магијата ќе заврши и девојкиве ќе ги снема како никогаш да не постоеле.

    Тик так тик так тик так.... :o:

    Мислам дека Мистери е сосема во право. Доаѓаш. Бараш совет. И отвараш дискусија, онака непотребно, се препираш на моменти и докажуваш. Па чекај - не треба да се препираш, можеби добро ќе ти дојде и малку саморефлексивно да се замислиш што правиш лошо а?
    Јас кога сум несреќна ради некоја ситуација или моментална состојба прво што правам - размислувам што можам ЈАС да направам за да го сменам тоа. А не да дигнам раменици и ајт луѓе, пробав се, и ништо не ми чини.

    Ова ти се вика, нит се тера, нит се води. Ај со среќа ;)

    И да, живти се у која кафана те однеле тебе? Па има и убави кафани бе, со убава староградска македонска музика.
    Нема сигурно џез во кафана да ти пуштат, не е тоа тоа :) Ова онака ми падна у лево окце, малку ирелевантно ама ете :)
     
    На srcekrsacka и Mistery им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    М11, прочитав се' внимателно, и твоите проблеми и советите од девојките, и низ глава ми се свртеа неколку работи -
    1) премногу си СНОБ. Ама доброто е што си свесен дека си, и сам си кажа. Мене ми е јасно дека човек треба да се цени, и да си ги вреднува своите квалитети, ама МОРА да биде флексибилен.
    Знаеш ли мене колку пати ми дошло преку глава од секакви луѓе и муабети, ми се идело да станам од маса и да си отидам дома. Си седам така излезена, слушам секакви глупаштилоци и си викам - дај бе еднаш веќе да стигнам дома, да си пуштам некоја серија или добар филм и да не се замарам со вакви идиоти... ама сум останала зашто - треба да пробаш да го извлечеш максимумот од секоја ситуација.
    Знам, ти сега ќе речеш - ама јас не сум таков, не можам да се самозалажувам, да одам против себе, зашто останувањето во такво друштво е против твоите верувања и принципи, просто наликува на предавство кон самиот себе...
    НО, не е така. Животот е тој, не е топла вода да се измислува нешто ново, никаде не е идеално и одлично, ама ќе го креираш ТЕБЕ да ти е убаво и пријатно.
    И на работа сигурно имаш некои лоши моменти и ситуации, па веројатно не се затвораш во канцеларија, сосем сам подалеку од светот?
    Сфати го животот како игра, ги земаш работите премногу здраво за готово и МНОГУ сериозно, што ме доведува до бр.
    2) самосвесност. Too much love will kill you, пееше Фреди, тебе ќе те убие премногу самосвесност, во комбинација со твоето ептен напумпано его. Сфати ги овие совети најдобронамерно, макар ти звучеле како ние евтини самопомагачки книшки (кои се патем чисто срање).
    Не ти се оди во кафана, многу јасно, не сум ни јас некој фан на певаљаки и мишкодигачи, одбери си друго место, ако не чини, одбери трето, десето... опушти се, не очекувај чудо, може нема да е провод на деценијата, ама нешто убаво ќе излезе од сето тоа.
    Мислам дека и очекувањата ти се превисоки. Никаде нема ИДЕАЛНО. Никаде.

    3) По некое чудо те сфаќам и нема да коментирам саркастично, иронично и да ти долевам масло на болката.
    Бидејќи одамна, на момент сум се почувствувала слично, но не ги имав ниту годините, ниту твоите услови, мојот совет е - да се отселиш оттука.
    Имаш желба / можност за тоа?
    Тоа е мојот последен совет.
    Македонија знае да биде чудна, затворена, монотона, балканизирана, а по тоа што се опиша, не си типично момче македонче и овој простор не е за тебе.
     
    На Magnolija, Buttterfly, Mistery и 6 други им се допаѓа ова.